И би додал дека муслиманот не смее да седи во сенка и да го посматра злото и со прст да не мрднува!
-Муслиманот не смее кога се напаѓаат вредностите на исламот, едноставно да ѕирка со едно око и да се прави на удрен дека ништо не се случува.
-Муслиманот кога војува (и овде понекогаш виртуелно се војува и тоа како) не смее да го заврти грбот и за водич да го земе Абдуллах ибн Селул ибн Убејј, туку гордо, како цврста стена треба сите удари да ги прими и издржи во предната страна како Хамза, ти текнува?
- Муслиманот кога советува, треба тоа да го направи тајно. Ако братот му погрешил да го укори тајно, а не јавно. Јас за себе признавам дека сум грешел многу пати и сум ги прекршил правилата на исламскиот бонтон и едеб, ама и забележувам дека ти тие ситуации ги користиш, што знам,како за градење на личен имиџ....(иншАллах да грешам).
- И мене просто ме чуди, зошто секогаш се појавуваш на крајот а не на почетокот? Зошто едноставно уживаш да ги броиш жртвите и да го собираш воениот плен?
Брате Мусаб, читај малце и меѓу редови што сака авторот да каже. Не опуштај се веднаш,бидејќи не знаеш во секој грм што се крие нели? :wink:
-Мене пак ме чуди тоа што во овој форум до пред две години никој не ги напагаше вредностите на исламот,како што ми држи помнењето имаше такви појави но многу помал обем него денеска,можеш да ми кажуваш зошто е ваква ситуацијата?
-Основното размислување и верување кога е погрешен тогаш доагаме во ситуација кога едноставно не можеме да ја решиме.Првенствено ,овде сме да дискутираме ,и тоа на најкултурен начин што можеме .Посебно кога се работи за нас од животно прашање ,а тоа е религијата, а посебно за исламот ,треба да знаеме дека секој наш одговор може скапо да не чини во судниот ден,и никако не смееме религијата да ја користиме за наши лични страсти.Поради ова никако не војуваме па и виртуално како што велиш , но и ако мислиш и пак тврдиш дека војуваме виртуално одма да ти кажувам дека ја губиш битката во оваа твоја војна, оваа војна нема правила ,зар не гледаш дека те удираат на најболното место? Да ли си размислил некогаш дека ти,јас,другиот биле разлог што другата страна употребува нај вулгарни зборови за се што е свето за нас? Да ли сме дале повод на другата страна да читаме најлоши можни зборови за Аллаховите пратеници? ,и нај тврдите мушрици во тоа време можат вода да им носат на овие. Зошто кога некој атеист ве провоцира ја напагате христијанството? Зар не знаете дека дека со ним треба да се зборува на најможен добар начин, зар не сте читале дека тие се најблиски на нас, зар не знаеш дека сме со нив брака по книга , сигурно некои од нив тоа нема да го сака ни да слушне ,но битно е ти,сите ние тоа го знаеме.
-не сум имал намера никогаш да се појавувам на крајот ни на почетокот ,земи ја темата или другите ,прочешлај убаво ке видиш кога имало потреба и кога сум бил логиран сум одговорил на соодветните прашања колку што знам и умеам ,а исто така сум пазел да не одговорам на истото прашање кое веке е одговорено, а чак не сум ни реагирал ни кога некогаш одговорот е сомнителен од мои лични разлози.
Исто така не се работи за никако воен плен,а ако има такво нешто (ако ти мислиш дека за тоа се работи)не ми давај шанса друг пат,ке те замолам еден ден само оваа тема прочешлај и ке видиш какви само зборови се употребени.
Вероватно си многу млад ,и верувам дека ми веруваш дека ова мое пишување е добронамерно ,и не барај никаков плен и личен имиџ,а никако да те повредам.Сигурен и убеден сум дека кога некој член би те запознал лично би се уверил во твојот чесност и праведност и добронамерност, но овде ете има по мене една неубава слика .Како што реков би те замолил ,во иднина никако да не паднеш на провокации и никако немој да провоцираш се ке биде ок верувај ми.А јас не би ти халалил ако некогаш грешам а ти не ме опоменуваш.,затоа провокациите немој да ги земеш во обзир и чути, знаеш со чутењето (неодговарањето) му даваш најголем одговор и го понижуваш за тој што разбира.Ете тоа е моето мислење прифакаш,не прифакаш останува на тебе.И ако не биде некоја голема провокација воопшто немам намера да ти одговорам ,не сакам лични препукавања нит за тоа имам време ,а и сум против на таква врста на комуникација.