Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.

Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Кои се најголемите гревови во Исламот...???
Истот би додал како грев кој ги гледам кај некои членови со исламска вероисповест ,поред гревовите кои веке се наброени , во исламот постои и ахлак (добар нарав или етика) како ке наименувате не знам ,но едно знам
дека обврска имате да се понашувате како што доликува,и никако не е дозволено и сигурно е грев да се одговори со страснот.
Можеби другите можат да користат вулгарни зборови ,но вие сигурно не смеете да вратите со исти зборови

-зар не можете да се соземете и воопшто да не одговарате на провокациите?
-зар не можевте да одговорите дека и мажите се депилираат?
-зар мора ова да го кажувате а притоа да користите вулгарни,страствени ,и зборови кои ве водат гревови? а притоа можат да пораснат во големи?
-зар можно е во една ваква тема да се користат вулгарни зборови?
-ова тема одамна го има изгубено својството за што е замислено само погледнете ги личните препукавања ,ова личи на чатување.
-зар мора на некоја да и лепите и да ја прашате да ли видела некој што е депилиран ,а при тоа нит ја познавате нит ја знаете .
-зар не свакате дека ве провоцираат?
-зар.....

едноставно игнор
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466

Малкумина на форумов ја имаат твојата доблест. Но ги има (и кај Христијаните и кај сите други).
Ако е таа доблест муслиманска, по нешто, тогаш нека има повеќе такви Муслимани на светот.

Ниту јас за жал, не сум на тоа ниво.
Секоја чест на таквите ко тебе.
 
Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Малкумина на форумов ја имаат твојата доблест. Но ги има (и кај Христијаните и кај сите други).
Ако е таа доблест муслиманска, по нешто, тогаш нека има повеќе такви Муслимани на светот.

Ниту јас за жал, не сум на тоа ниво.
Секоја чест на таквите ко тебе.
фала на убавите зборови ,секако на човекот му идет убаво кога слуша вакви зборови ,но верувај ми нај искрено и јас не сум некој за многу фалење ,сите ние грешиме ,и стварно добро е и кога некој ме опоменува и мене , исто така може и јас и тебе да те фалам како и нептус како добри соговорници ,стварно ретко има луге како вас ,овде сме да се дружиме и да се запознаваме а не да се навредуваме.Сигурно дека нема да се слагаме во многу работи но сигурно никако не ни дава право да се навредуваме.
поздрав
 
P

Princ

Гостин
Да но зошто ако е така само жените се депилираат тасма? Нели можеби во тој пропис се крие пратениковата желба за што по...овај...подетски изглед на женскиот полов орган?:kesa:
Кога реков дека важи кај двата пола, мислев на тоа дека важи кај двата пола. Дека не ги депилираат само жените срамните влакна не знам како да ти докажам. Навистина.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Истот би додал како грев кој ги гледам кај некои членови со исламска вероисповест ,поред гревовите кои веке се наброени , во исламот постои и ахлак (добар нарав или етика) како ке наименувате не знам ,но едно знам
дека обврска имате да се понашувате како што доликува,и никако не е дозволено и сигурно е грев да се одговори со страснот.

...
-зар не можевте да одговорите дека и мажите се депилираат?
И би додал дека муслиманот не смее да седи во сенка и да го посматра злото и со прст да не мрднува!

-Муслиманот не смее кога се напаѓаат вредностите на исламот, едноставно да ѕирка со едно око и да се прави на удрен дека ништо не се случува.

-Муслиманот кога војува (и овде понекогаш виртуелно се војува и тоа како) не смее да го заврти грбот и за водич да го земе Абдуллах ибн Селул ибн Убејј, туку гордо, како цврста стена треба сите удари да ги прими и издржи во предната страна како Хамза, ти текнува?

- Муслиманот кога советува, треба тоа да го направи тајно. Ако братот му погрешил да го укори тајно, а не јавно. Јас за себе признавам дека сум грешел многу пати и сум ги прекршил правилата на исламскиот бонтон и едеб, ама и забележувам дека ти тие ситуации ги користиш, што знам,како за градење на личен имиџ....(иншАллах да грешам).

- И мене просто ме чуди, зошто секогаш се појавуваш на крајот а не на почетокот? Зошто едноставно уживаш да ги броиш жртвите и да го собираш воениот плен?

Ако е таа доблест муслиманска, по нешто, тогаш нека има повеќе такви Муслимани на светот.
Брате Мусаб, читај малце и меѓу редови што сака авторот да каже. Не опуштај се веднаш,бидејќи не знаеш во секој грм што се крие нели? :wink:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Брате Мусаб, читај малце и меѓу редови што сака авторот да каже. Не опуштај се веднаш,бидејќи не знаеш во секој грм што се крие нели? :wink:
За жaл (твoja), параноичен и воинствен брате*, нема во мојот пост, ништо, ниту скриено, ниту меѓу редови.
Тоа "по нешто" беше уфрлено, затоа што тие доблести не мoрa да се задoлжително религијски етикетирани (со соодветна припадност) туку и општочовечки.

*-не брат по христијанска логика, туку брат по монотеистичка линија

И би додал дека муслиманот не смее да седи во сенка и да го посматра злото и со прст да не мрднува!

-Муслиманот не смее кога се напаѓаат вредностите на исламот, едноставно да ѕирка со едно око и да се прави на удрен дека ништо не се случува.

-Муслиманот кога војува (и овде понекогаш виртуелно се војува и тоа како) не смее да го заврти грбот и за водич да го земе Абдуллах ибн Селул ибн Убејј, туку гордо, како цврста стена треба сите удари да ги прими и издржи во предната страна како Хамза, ти текнува?

- Муслиманот кога советува, треба тоа да го направи тајно. Ако братот му погрешил да го укори тајно, а не јавно. Јас за себе признавам дека сум грешел многу пати и сум ги прекршил правилата на исламскиот бонтон и едеб, ама и забележувам дека ти тие ситуации ги користиш, што знам,како за градење на личен имиџ....(иншАллах да грешам).

- И мене просто ме чуди, зошто секогаш се појавуваш на крајот а не на почетокот? Зошто едноставно уживаш да ги броиш жртвите и да го собираш воениот плен?
Каменувајте го Musab!
Нема крв на неговиот меч!
Нормално комуницира со Каури!
Нешто тука не е во ред!

Иди бре лечи се, брате виртуелен муџахедину.
Се исплаши некој да не ти ја затемни ѕвездата?
Нема гајле бе, тебе ќе те рачунаме за главен коа се работи за прашања за Исламот. Не се плаши ти си сеуште нашиот шеик.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Како вие муслиманите го сметате и оценувате тоа што вашиот бог ,,дошол,, 600 или 700 години после Исус?
Што значи Исус за вас?
Како Мухамед станал Бог, истата ли приказна ко со Исус е или?
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Како вие муслиманите го сметате и оценувате тоа што вашиот бог ,,дошол,, 600 или 700 години после Исус?
Што значи Исус за вас?
Како Мухамед станал Бог, истата ли приказна ко со Исус е или?

Мухаммед а.с не е Бог тој е пратеник, а исто и Иса а.с (Исус).
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Muhamed ne e Bog, Alah e bog, Muhamed e negov prorok, posledniot, najtocniot.
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Зошто Бог не ссоздал да му бидеме слуги и да го почитуваме, а ако тоа не го првиме ќе не казни... Ние не сме барале да не создаде... Тоа испаѓа како не создал и мора да го почитуваме... Ова ми доаѓа како закана... Или ќе правите како ќе речам или вечно ќе горите во пеколот... Значи ние не сме барале да не создаде...
Ако некој не сака да живее или да не го почитува Бога нека не го казнува, нека направи воопшто да го нема на другиот свет...
 
Никој нема избор во однос на прашањето за создавањето, затоа што само Аллах џ.ш. е тој што создава што сака и бира што посакува.

Господ џ.ш. нема да те повика на одговорност заради твојата висина,или зошто си се родила лична или грда, ниту ќе те казни заради тоа што не си го сопрела Сонцето во својата орбита.

Но подрачјето на прашањето е прашање на наредбата.

Ти на тој план си слободна и тоа се границите за кои зборуваме. Ти си слободна да ги скротиш своите страсти, да го скротиш својот гнев, да се спротивставиш на себе, да ги отфрлиш злите намери, а да ги продолжиш своите доблести. Ти можеш да бидеш дарежлива по себе и со имотот. Можеш да ја кажуваш вистината или да лажеш. Можеш да ја воздржиш раката од забранетото. Можеш да го воздржиш погледот од туѓата срамота. Можеш да го воздржиш својот јазик од напаѓање, оговарање и сплеткарење. Можеш, на пример, доколку имаш два ника, едниот да го баталиш :) На овој план ние сме слободни, и само за тоа што е во него ќе бидеме прашани и одговорни.

Станува збор за релативна, а не за апсолутна слобода, слобода на човекот на план на обврските. Оваа слобода е вистинита, а неа ја докажува вроденото чувство за неа. Ние чувствуваме одговорност, каење заради грешката, а задоволство и мир кога ќе сториме добро дело. Ние во секој миг бираме и ги споредуваме сопствените можности. Дури и првата задача на нашиот разум е определувањето помеѓу повеќе можности.

Ние сосема јасно го разликуваме движењето на раката која трепери од треска и раката која пишува писмо, па велиме дека првото е одредено, насилно, а второто одбрано, слободно. Да немавме слободна воља, не ќе можевме да правиме разлики.

И тука немаме право да му противречиме на Бога. За се што сме направиле, правиме и ќе направиме врз база на својата сопствена волја и без ничија присила има и те како да сносиме одговорност и да бидеме наградени сходно на тоа.

Убаво рекол шејх Газали:

„Човекот има слободна воља за она што го знае, а ја нема во она што не го знае”.

А јас би додал:

"Човекот ќе сноси последици за сите оние работи кои со свој личен избор ги направил а нема да сноси за оние кои што се надвор од неговиот домен на дејствување."

П.С. Evil Betty, верувам дека ти е јасна разликата помеѓу ронењето на нормални и крокодилски солзи? :)

Не мачи се попустина.:wink:
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Како го замислуваш Бог...???
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Како го замислуваш Бог...???
Како Единствен, Трансцедентен, Создател на видливиот и невидливиот свет.Уникатен (вахид) и инхерентно Еден (ехад), Сомилосен и Семоќен, Несличен на никој и ништо. Врховен Апсолут.

Оној, Кој ни се открива преку Неговите атрибути.
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Мене првото прашање ми беше зошто ли воопшто не создал Бог, можеби некој не сака да постои, а според верниците ќе живее вечно...
Ова не ми е некако јасно...
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Мене првото прашање ми беше зошто ли воопшто не создал Бог, можеби некој не сака да постои, а според верниците ќе живее вечно...
Ова не ми е некако јасно...
Не ни треба да ти биде јасно. Затоа и се пишуваат глупости, бесмислени реченици со Големи и мали букви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom