Од кога постои светот Бог на земјата испраќал пратеници да повикуваат во верување во ЕДЕН БОГ... Луѓето се поделиле на религии кој како му одговарало...Не создал Бог повеќе религии како што си мислев некогаш... Религија е само една и таа е верување во ЕДЕН БОГ... И бидејќи по секоја заблуда испраќал нов пратеник, така после Иса го испратил Мухаммед... И таа вера ја отргнува секоја заблуда и сите пагански верувања затоа е последна... Омер Ел Фарук дали сум во право ... ???
Потполно! Често пати на луѓето ги буни кога велиме дека Исламот не треба по автоматизам да се сврзува за појавата на Мухаммед а.с.,туку дека тоа било религијата на сите поранешни Божји Пратеници. Овде треба да се има во предвид значењето на зборот Ислам кое пред се значи покорност кон Бога.
Зарем сите Божји Пратеници не заговараа покорност кон Бога? Чиста, неискривена покорност, без пратња од придружници и богови со поделени функции.
Секој добар познавач на религиите, слободно може да ти каже дека Мојсеј не заговарал еврејство, тој всушност и не знаел за тој збор. Ниту Исус го заговарал христијанството,ниту го спомнал во Библијата како вера која што треба да се следи.
Називите на овие религии се дадени подоцна од луѓето а не од Бога. Додека со Исламот е нешто друго. Тој не носи име по Пратеникот Мухаммед а.с., туку со тоа име е наречен директно од Бога.
Да резимираме:
-Сите Божји Пратеници проповедале една те иста вера. И во сите оние моменти кога доаѓало до искривување на таа вера, Бог интервенирал со испраќање на нов Пратеник кој укажувал и ги корегирал грешките во верата кои настанале како резултат на луѓето. Во тој синџир од Божји Пратеници, Мухаммед а.с. доаѓа како Последен Божји Пратеник со јасна и гласна порака упатена до луѓето:
-Верување во Едниот и Единствениот Бог, Кој не родил, ниту Е роден, И Кому никој и ништо не му е слично.
Уште едно прашање сакам да поставам...Можеби треба во темата за Христијанство, но таму никој не одговара, сакам ти да ми одговориш...
Христијаните веруваат дека пред судниот ден ќе се појави АнтиХрист, за да ги наведе на лош пат... Тие веруваат дека Исус е Бог... Муслиманите веруваат дека пред судниот ден ќе се појави Деџал, кој ќе ги наведе на лош пат и тн.
А пред него ќе се појави Иса... Дали со ова Бог ќе им даде уште една шанса на Христијаните... Иса ќе каже дека не е Бог ниту син Божји, туку пратеник...
И дали е можно тие самиот Иса да го мислат АнтиХрист кој ќе ги води на лош пат со тоа што ќе каже дека не е Бог... ???
АнтиХристот за христијаните е личноста која што ќе го заведува човештвото од Христовиот наук и вера. Постојат многу теории и мислења за тоа кој е антихристот од страна на христијанските апологети.
Од исламска гледна точка, ставот е јасен: тој е Месих Деџал,еврејскиот месија кој ќе се обиде да го поведе човештвото спротивно од она што Аллах му го препорачал. Значи Деџалот е следбеник на Шејтанот/Сотоната и ќе ја игра улогата според неговата директива, а таа ни е јасна на сите каква е.
Според Исламот повторното доаѓање на Иса ( Исус) има за цел да го уништи тоа лажно учење (проповедање) на Деџалот кој ќе има огромни моќи и чуда при себе, да го уништи (убие) и на самиот Деџал, и да им укаже на христијаните дека биле во заблуда што него го сметале за Бог (или дел од Тројството), дека тој не е ништо друго сем Аллахов/Божји Пратеник, кому бесправно и неосновано му е припишана божественост. Дека Бог е Еден, отсекогаш и засекогаш и дека Тој нема потреба да се отелотворува во човечка личност,Славен нека е Тој. Секако ќе ја потврди веродостојноста на Мухаммедовото Пратеништво и вистинитоста на исламот, и со тоас ќе им се даде можност на многу христијани да се покајат ( а ќе се покајат) и да и се вратат на чистата и непатворена монотеистичка вера Ислам и на тој начин да се обединат против народот расипнички, следбениците Деџалови и заедно да ја издејствуваат победата против злото.
На тој ден, нема да биде можно вистинските верници да го испомешаат Исуса со Деџалот, иако Деџалот ќе има натприродни моќи и ќе успее да заведе многу народ да застане под неговото знаме. Негови следбеници ќе има од сите религии а најповеќе од евреите. И токму таквите можеби ќе им ја заменат улогата на Исус и Деџалот за одредено време, но тоа нема да трае вечно, туку до моментот кога Исус ќе го убие него и јасно на луѓето ќе им ја предочи вистината за него.