Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
O

Omer el Faruk

Гостин
Дали Александар Македонски бил Божји пратеник ... ???
Оваа тема веќе еднаш ја имавме разработено,ама ајде повторно во кратки црти. :)

Во Кур'анот се спомнува еден Божји Пратеник по име Зул Карнејн ( власник на два рога) поради шлемот што го носел (значи станува збор за псевдоним), па многумина се обиделе него да го поврзат со Александар Македонски со оглед на описите кои се дадени во Кур'анот и историските белешки за Александар Македонски. Иако постојат одредени исламски учени кои се на мислење дека станува збор за Александар Македонски, сепак поголемиот број од учените ( во кој е вклучена поголема палета на експерти од различни области) едногласни се во ставот дека не станува збор за Александар Македонски. Едноставно Зул Карнејн е сосема друга личност.
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Дали Бог може да му прости на ѓаволот доколку на судниот ден се покае ??...
 
M

marsovka

Гостин
Тоа зависи од проектантите и желбата на нарачателите на верскиот објект. Нема стриктно правило за бојата (фасадата) на Џамијата.

Разбрано! :)
Пошто си еден од поразбраните ми се мота прашањево во главата : Дали е точно дека муслиманите смрдат:vozbud: и зошто ракети се градат:vozbud:
(мала шега)
Не шала на страна не знам како да го формулирам прашањево е па вака: Значи ситуација девојка на пример од муслиманска фамилија, како возрасна одлучува да живее како будист... итн. Нејзините и се закануваат со смрт, убиство . Дали е ова муслимански како да го кажам и е според исламот дозволено ?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Дали Бог може да му прости на ѓаволот доколку на судниот ден се покае ??...
Бог во основа е Љубов и Простувач Сомилосен. Тој уште во моментот кога ѓаволот (шејтанот) одбил (според Кур'анот) да му оддаде почит на Адама ( да му се поклони) се спротиставил на Божјата наредба. Кога Бог го прашал зошто кај него има таков пркос и охолост, одговорил: "Јас сум подобар од него! Него го создаде од земја а мене од огин."

Потоа ги наговорил Адам и Ева (Адем и Хава) да каснат од забранетиот плод итн.итн.

Едноставно кога Бог го натерал да се покае и да ја изврши неговата наредба, тој посакал рок до определениот (Судниот) ден за да ги заведува синовите Адамови, и на тој начин самиот си ја потпишал пресудата.

П.С. На Судниот Ден, секој ( не само ѓаволот) ќе се покае за сторените гревови и ќе бара прошка од Бога, ама тогаш ќе биде доцна. Нема да има милост и прошка додека не се порамнат сметките. А Луцифер засекогаш ќе остане во Пеколот ( Џехеннемот).
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Од кога постои светот Бог на земјата испраќал пратеници да повикуваат во верување во ЕДЕН БОГ... Луѓето се поделиле на религии кој како му одговарало...Не создал Бог повеќе религии како што си мислев некогаш... Религија е само една и таа е верување во ЕДЕН БОГ... И бидејќи по секоја заблуда испраќал нов пратеник, така после Иса го испратил Мухаммед... И таа вера ја отргнува секоја заблуда и сите пагански верувања затоа е последна... Омер Ел Фарук дали сум во право ... ???
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Пошто си еден од поразбраните ми се мота прашањево во главата : Дали е точно дека муслиманите смрдат:vozbud: и зошто ракети се градат:vozbud:
(мала шега)
Не шала на страна не знам како да го формулирам прашањево е па вака: Значи ситуација девојка на пример од муслиманска фамилија, како возрасна одлучува да живее како будист... итн. Нејзините и се закануваат со смрт, убиство . Дали е ова муслимански како да го кажам и е според исламот дозволено ?
Основно Кур'aнско начело е : " Во верата нема присилба!"
Ако дојде до таков случај, девојката треба да се советува и да и се укажат предностите на Исламот над религијата која таа мисли да ја прифати а со тоа и дека е подобра од исламот, и да и се даде одреден период таа да подразмисли со надеж дека ќе се покае и вистински ќе ја осознае вистината. Во случај ако не дојде до тоа, тогаш обврската на советувачите (родителите и останатите) отпаднала од нив и девојката треба да се пушти самата во она што го избрала и мисли дека е исправно.

Во тој случај се смета за отпадник од верата. Иако постои посебно пошироко поглавје за апостазијата од Исламот кое ги разработува сите сегменти од напуштањето на исламот како и шеријатскиот третман во шеријатски исламски земји, сметам дека на поставеното прашање одговорот би бил дека родителите немаат право да и го одземат животот (да и се закануваат со смрт )на девојката ( без оглед на срамот и понижувањето кое им го нанела со тој чин) и дека правото на верување му е дадено секому подеднакво и никој не треба и не смее некого да присилува во верата. Тоа Кур'анот убаво го посочил во погорниот ајет кој го цитирав.
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Уште едно прашање сакам да поставам...Можеби треба во темата за Христијанство, но таму никој не одговара, сакам ти да ми одговориш...
Христијаните веруваат дека пред судниот ден ќе се појави АнтиХрист, за да ги наведе на лош пат... Тие веруваат дека Исус е Бог... Муслиманите веруваат дека пред судниот ден ќе се појави Деџал, кој ќе ги наведе на лош пат и тн.
А пред него ќе се појави Иса... Дали со ова Бог ќе им даде уште една шанса на Христијаните... Иса ќе каже дека не е Бог ниту син Божји, туку пратеник...
И дали е можно тие самиот Иса да го мислат АнтиХрист кој ќе ги води на лош пат со тоа што ќе каже дека не е Бог... ???
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Од кога постои светот Бог на земјата испраќал пратеници да повикуваат во верување во ЕДЕН БОГ... Луѓето се поделиле на религии кој како му одговарало...Не создал Бог повеќе религии како што си мислев некогаш... Религија е само една и таа е верување во ЕДЕН БОГ... И бидејќи по секоја заблуда испраќал нов пратеник, така после Иса го испратил Мухаммед... И таа вера ја отргнува секоја заблуда и сите пагански верувања затоа е последна... Омер Ел Фарук дали сум во право ... ???

Потполно! Често пати на луѓето ги буни кога велиме дека Исламот не треба по автоматизам да се сврзува за појавата на Мухаммед а.с.,туку дека тоа било религијата на сите поранешни Божји Пратеници. Овде треба да се има во предвид значењето на зборот Ислам кое пред се значи покорност кон Бога.

Зарем сите Божји Пратеници не заговараа покорност кон Бога? Чиста, неискривена покорност, без пратња од придружници и богови со поделени функции.

Секој добар познавач на религиите, слободно може да ти каже дека Мојсеј не заговарал еврејство, тој всушност и не знаел за тој збор. Ниту Исус го заговарал христијанството,ниту го спомнал во Библијата како вера која што треба да се следи.

Називите на овие религии се дадени подоцна од луѓето а не од Бога. Додека со Исламот е нешто друго. Тој не носи име по Пратеникот Мухаммед а.с., туку со тоа име е наречен директно од Бога.

Да резимираме:

-Сите Божји Пратеници проповедале една те иста вера. И во сите оние моменти кога доаѓало до искривување на таа вера, Бог интервенирал со испраќање на нов Пратеник кој укажувал и ги корегирал грешките во верата кои настанале како резултат на луѓето. Во тој синџир од Божји Пратеници, Мухаммед а.с. доаѓа како Последен Божји Пратеник со јасна и гласна порака упатена до луѓето: -Верување во Едниот и Единствениот Бог, Кој не родил, ниту Е роден, И Кому никој и ништо не му е слично.

Уште едно прашање сакам да поставам...Можеби треба во темата за Христијанство, но таму никој не одговара, сакам ти да ми одговориш...
Христијаните веруваат дека пред судниот ден ќе се појави АнтиХрист, за да ги наведе на лош пат... Тие веруваат дека Исус е Бог... Муслиманите веруваат дека пред судниот ден ќе се појави Деџал, кој ќе ги наведе на лош пат и тн.
А пред него ќе се појави Иса... Дали со ова Бог ќе им даде уште една шанса на Христијаните... Иса ќе каже дека не е Бог ниту син Божји, туку пратеник...
И дали е можно тие самиот Иса да го мислат АнтиХрист кој ќе ги води на лош пат со тоа што ќе каже дека не е Бог... ???
АнтиХристот за христијаните е личноста која што ќе го заведува човештвото од Христовиот наук и вера. Постојат многу теории и мислења за тоа кој е антихристот од страна на христијанските апологети.

Од исламска гледна точка, ставот е јасен: тој е Месих Деџал,еврејскиот месија кој ќе се обиде да го поведе човештвото спротивно од она што Аллах му го препорачал. Значи Деџалот е следбеник на Шејтанот/Сотоната и ќе ја игра улогата според неговата директива, а таа ни е јасна на сите каква е.

Според Исламот повторното доаѓање на Иса ( Исус) има за цел да го уништи тоа лажно учење (проповедање) на Деџалот кој ќе има огромни моќи и чуда при себе, да го уништи (убие) и на самиот Деџал, и да им укаже на христијаните дека биле во заблуда што него го сметале за Бог (или дел од Тројството), дека тој не е ништо друго сем Аллахов/Божји Пратеник, кому бесправно и неосновано му е припишана божественост. Дека Бог е Еден, отсекогаш и засекогаш и дека Тој нема потреба да се отелотворува во човечка личност,Славен нека е Тој. Секако ќе ја потврди веродостојноста на Мухаммедовото Пратеништво и вистинитоста на исламот, и со тоас ќе им се даде можност на многу христијани да се покајат ( а ќе се покајат) и да и се вратат на чистата и непатворена монотеистичка вера Ислам и на тој начин да се обединат против народот расипнички, следбениците Деџалови и заедно да ја издејствуваат победата против злото.

На тој ден, нема да биде можно вистинските верници да го испомешаат Исуса со Деџалот, иако Деџалот ќе има натприродни моќи и ќе успее да заведе многу народ да застане под неговото знаме. Негови следбеници ќе има од сите религии а најповеќе од евреите. И токму таквите можеби ќе им ја заменат улогата на Исус и Деџалот за одредено време, но тоа нема да трае вечно, туку до моментот кога Исус ќе го убие него и јасно на луѓето ќе им ја предочи вистината за него.
 
PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Потполно! Често пати на луѓето ги буни кога велиме дека Исламот не треба по автоматизам да се сврзува за појавата на Мухаммед а.с.,туку дека тоа било религијата на сите поранешни Божји Пратеници. Овде треба да се има во предвид значењето на зборот Ислам кое пред се значи покорност кон Бога.

Зарем сите Божји Пратеници не заговараа покорност кон Бога? Чиста, неискривена покорност, без пратња од придружници и богови со поделени функции.

Секој добар познавач на религиите, слободно може да ти каже дека Мојсеј не заговарал еврејство, тој всушност и не знаел за тој збор. Ниту Исус го заговарал христијанството,ниту го спомнал во Библијата како вера која што треба да се следи.

Називите на овие религии се дадени подоцна од луѓето а не од Бога. Додека со Исламот е нешто друго. Тој не носи име по Пратеникот Мухаммед а.с., туку со тоа име е наречен директно од Бога.

Да резимираме:

-Сите Божји Пратеници проповедале една те иста вера. И во сите оние моменти кога доаѓало до искривување на таа вера, Бог интервенирал со испраќање на нов Пратеник кој укажувал и ги корегирал грешките во верата кои настанале како резултат на луѓето. Во тој синџир од Божји Пратеници, Мухаммед а.с. доаѓа како Последен Божји Пратеник со јасна и гласна порака упатена до луѓето: -Верување во Едниот и Единствениот Бог, Кој не родил, ниту Е роден, И Кому никој и ништо не му е слично.

АнтиХристот за христијаните е личноста која што ќе го заведува човештвото од Христовиот наук и вера. Постојат многу теории и мислења за тоа кој е антихристот од страна на христијанските апологети.

Од исламска гледна точка, ставот е јасен: тој е Месих Деџал,еврејскиот месија кој ќе се обиде да го поведе човештвото спротивно од она што Аллах му го препорачал. Значи Деџалот е следбеник на Шејтанот/Сотоната и ќе ја игра улогата според неговата директива, а таа ни е јасна на сите каква е.

Според Исламот повторното доаѓање на Иса ( Исус) има за цел да го уништи тоа лажно учење (проповедање) на Деџалот кој ќе има огромни моќи и чуда при себе, да го уништи (убие) и на самиот Деџал, и да им укаже на христијаните дека биле во заблуда што него го сметале за Бог (или дел од Тројството), дека тој не е ништо друго сем Аллахов/Божји Пратеник, кому бесправно и неосновано му е припишана божественост. Дека Бог е Еден, отсекогаш и засекогаш и дека Тој нема потреба да се отелотворува во човечка личност,Славен нека е Тој. Секако ќе ја потврди веродостојноста на Мухаммедовото Пратеништво и вистинитоста на исламот, и со тоас ќе им се даде можност на многу христијани да се покајат ( а ќе се покајат) и да и се вратат на чистата и непатворена монотеистичка вера Ислам и на тој начин да се обединат против народот расипнички, следбениците Деџалови и заедно да ја издејствуваат победата против злото.

На тој ден, нема да биде можно вистинските верници да го испомешаат Исуса со Деџалот, иако Деџалот ќе има натприродни моќи и ќе успее да заведе многу народ да застане под неговото знаме. Негови следбеници ќе има од сите религии а најповеќе од евреите. И токму таквите можеби ќе им ја заменат улогата на Исус и Деџалот за одредено време, но тоа нема да трае вечно, туку до моментот кога Исус ќе го убие него и јасно на луѓето ќе им ја предочи вистината за него.

Значи Деџалот ќе биде тој пратеник што го чекаат Евреите цел живот... Така ќе си мислат тие дека е тој... Ако сум грешка исправи ме... И фала на одговорите... И секоја чест за твоето знаење... За секое прашање имаш одговор...:smir::smir::smir::smir::smir:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Не си воопшто во грешка. Деџалот е еврејскиот долго очекуван месија.Никој не е совршен сем Единиот Бог. Се трудам колку што знам, поготово кога за соговорник имам честита и пријатна личност. И мене ми беше мило. Имај убава ноќ. :smir:
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Јас не би имал да додадам ништо повеќе од преубавиот одговор кој веќе ти го даде ценетата членка Нефтис, освен мало дообјаснување помеѓу термините воскресение и вознесение пошто сметам дека тоа тебе те буни. Воскресение за христијаните означува чин кој се случил откако Исус бил распнат на крстот, па потоа умрел и бил погребан и останал три дена и три ноќи во гробот па потоа воскреснал. Додека вознесение или успение ( Мираџот на Мухаммед а.с.) е сосема нешто друго. Личноста не треба да е мртва за да биде вознесена или воздигната. Тоа всушност го вика и Кур'анот во ајетот кој го посочи Нефтис, и според тоа на муслиманите забрането им е да го одбележуваат овој ден.
Fala na odgovorot ova malku me bunese ama sepak fala od dvajcata

Nema potreba od vozbuda ako barem malku go poznavas Islamot i razmisluvas so svoja glava i ti bi si go postavila istoto prasanje sam na sebe
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400

Ок се извинувам, ама јас никогаш не би се прашувала тоа. Зошто знам дека на денешен ден според Христијаните Исус воскреснал, а бил вознесен според нас Муслиманите три дена пред тоа. И нема потреба од никакво славење. Мислам дека можиш да сфатиш ? Нели ?
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
248
Поени од реакции
54
ja sum videl musliman eden drugar kaj so ide so tegla u vece e sea on kazuase deka ne se brishel so gas papir nego so voda ali zaso od tegla a ne u kada umivalnik so znam e sea ova site muslimani vaka praat ili samo nekoi i zaso ne jadat svinsko poso e najako meso be a oni ne go jadat u kebapi ne stavaat svinsko a glupo e ako ne go izmeshas toa melenoto so svinkso i teleshko ne e toa toa be nema ukus nekoj trebe da fukas mnogu vegeta u mesoto
 
Tegla nosel valjda posto nemalo voda u wc. A za svinskoto ako ti e slatko jadisigo za Muslimanite e aram posto svinjata ne preziva i jade se duri i svoite gomna ti pak produzji da jades:uvo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom