- Член од
- 23 јули 2009
- Мислења
- 35
- Поени од реакции
- 3
Јас многу добро знам дека не сум ни камен, ни дијамант, ама требаше да ја сватиш поената на текстот, дека жената муслимaнка е премногу скапоцена за да во животот и се случи макар најмала непријатност, доколку би се облекувала така како што вие сметате дека треба да биде облечена. И на крајот на краиштата, зошто ви пречи начинот на нејзиното облекување? Од која причина е тоа? Не ви е доволен останатиот разголен женски свет, или кога твојот поглед ќе почне да се насладува со разголеноста околу себе, поминува покриена муслманка, и ти го расипува задоволството. И кој е тој што во овој свет ги дава критериумите како треба да се биде облечен. Ако до вчера баба ми носеше шамија и долга облека, мајка ми ја симна шамијата и ја скрати сукњата, јас сега треба по бикини да шетам., така ли?Liljan, не знам дали си забележала, но ти не си камен. Не си дијамант, ти имаш чувства, желби и потреби како и сите други.
Ме интересира, што кога жената ќе биде еден ден сосема разголена, гола ќе шета , или тогаш и кожата ќе и смета па ќе ја дере? До кој степен ќе оди разголувањето на жената? До кој степен ќе оди нејзиното понижување?
А бидејќи не сум камен, не сум предмет со кој може секој да си игра и да ми неметнува како на некој му одговара, јас моите чуства, желби и потреби ќе си ги насочувам кон вистинските работи на овој свет, а тоа е моралот, доблеста, искреноста, храброста, верата, надежта, добрината, науката, не се замарам за колекцијата лето-зима 2010.
Нејзе и одговара тоа што нејзиниот Создател и го пропишал, и муслиманката знае дека тоа е најдобро за неа, и тоа се покажало и во пракса дека за да не биде вознемирувана, за да биде мирна од страна на останатиот машки свет за неа е најдобро да стави шамија, да ја спушти поделе облеката, и да биде пример на моралноста!Ја прашува ли воопшто некој жената што и одговара на нејзе?
Абе ако некоја а не се бањала и не се испрала една недела во лето и во Македонија да е, и полугола да е, ќе смрди. Тоа ти е индивидуална работа. А сега да ми прилепуваш „покриените смрдат на пот“, не ми фаќа место, од проста причина што хигиената, бањањето во исламот е задолжително. Рачунај 5 пати дневно се зема абдест(миење пред секој намаз), и на двата дена гусл(бањање после секој однос) е па незнам дали ќе смрди. Е сега ако иста облека ја носи и не ја пере, пак ќе ти речам се е индивидуално.Навистина ми се гади кога ќе ги видам во Турција, на буквални 50 степени со црни чаршафи преку глава. Да не правам муабет за Саудиска Арабија и Индонезија. Се качуваш у комбе во Истанбул, тоа смрди, труе на пот од жените со фереџе. (сум имал често можност во Турција да патувам, па знам).
Кој спомнал дека жената муслиманка е покриена поради љубомора на мажот, ни под разно не е тоа. Покриена е за поради тоа што таа сама сака, поради тоа Аллах така сака, за нејзино добро и добро на останатиот машки свет, сите да си бидат мирни.Љубомората на мажот е лош изговор за ова прашање, а верувајте, не сакате да почнам тема за статусот на жената во Исламот.
А верувај, почни ја таа тема, само да не се мешаат баби и жаби, значи ЖЕНАТА ВО ИСЛАМОТ, не жената и традициите.
На ова незнам што да ти кажам, мислам можам реферати да ти пишам, ама не гледам никава поврзаност со исламот, муслиманите, а најмалаку па покривањето на жената со овие работи. Ако муслиманите не излегуваат на ТВ и по весници за да раскажуваат за својот сексуален живот, не значи дека не се едуцирани. А за сексуално преносливите болести тоа обрати се на тема „ Колку партнери сте смениле“ во Ислам тоа, тешка работа!Токму сексуалната конзервативност и не-едукација води кон најголемите актуелни светски проблеми - хиперпродукцијата и сексуално преносливите болести.