Шетав со мојот маж низ едно мало туристичко гратче во Австрија.... стигнавме до една симпатична златара... мажот ме зема за рака и влегуваме внатре... ме остава насамо со продавачката и оди на другата страна од продавницата... жената од другата страна на пултот ми изнесува накит и ми покажува, но непрекинато ме мерка..
„Би сакала да ве запрашам нешто?“ рече.. го кревам погледот од накитот и ѝ климам со главата во знак на одобрување..... „Зошто сте така завиткани во одора и покриени со марама“
Се насмеав и ѝ реков: „Ќе ви одговорам на прашањето, ако и вие мене нешто ми одговорите....“
Жената, љубопитно се потпре врз пултот... „А имате ли вие дијаманти во оваа продавница?“ - ја прашувам..
„Имаме“ – рече жената..
„А каде ви стојат?“ - ја прашувам повторно... Жената се сврти, отвара со клуч една од витрините зад себе и изнесува прекрасна дрвена кутија обложена со свила, па почна да ги одвиткува дијаманитите од свилата...
„Е сега, вие мене одговорете ми, зошто сте ги завиткале своите дијаманти во свилени марами?“
„Па, затоа што се скапоцени“ .... рече жената и ме гледа запрашувачки..
„Е, гледате, баш затоа и јас сум завиткана во одори и марама...“
Остана така замислена уште долго да стои на пултот... не знам дали сфати што сакав да ѝ кажам... но искрено се надевам дека ја поттикнав на размислување...
Liljan, не знам дали си забележала, но ти не си камен. Не си дијамант, ти имаш чувства, желби и потреби како и сите други.
За другите постови во врска со шамиите - цело време зборувате дека на мажот му смеало ова, на мажот му сметало она, мажот ќе фантазирал ова, мажот ке си помислил она...
Ја прашува ли воопшто некој жената што и одговара на нејзе?
Навистина ми се гади кога ќе ги видам во Турција, на буквални 50 степени со
црни чаршафи преку глава. Да не правам муабет за Саудиска Арабија и Индонезија. Се качуваш у комбе во Истанбул, тоа смрди, труе на пот од жените со фереџе. (сум имал често можност во Турција да патувам, па знам).
Љубомората на мажот е лош изговор за ова прашање, а верувајте, не сакате да почнам тема за статусот на жената во Исламот.
Токму сексуалната конзервативност и не-едукација води кон најголемите актуелни светски проблеми - хиперпродукцијата и сексуално преносливите болести.