- Член од
- 9 април 2008
- Мислења
- 790
- Поени од реакции
- 357
Цигарите во Македонија во март идната година ќе поскапат за 35 отсто, објави денеска весникот „Дневник“ повикувајќи се на извори во тутунските комбинати.
Владата веќе испратила барање за поскапување до производителите со образложение дека е неопходно заради усогласување со стандардите и насоките на Европската Унија.
Високи владини извори за весникот потврдиле дека се подготвува нова цена, но одбиле да дадат повеќе информации, додека портпаролот Шефик Дураки ниту го потврди ниту го демантира поскапувањето..
Со евентуалното поскапување од 35 отсто, цигарите „јорк“ од сегашните 40 денари би се покачиле на 54 денари. Цената на една кутија „бренд“ од 45 денари би се зголеми на 63, а новата цена на „бос лајт“ би изнесувала 88 денари.
Цигарите „вест“ доколку се оствари најавуваното, од сегашните 75 денари ќе поскапат на 101 денар, а „марлборо“ ќе се продаваат за 162 денари.
Во комбинатите стравуваат дека најавеното поскапување ќе се одрази негативно врз тутунската индустрија во земјава, но засега не сакаат јавно да зборуваат се' додека не се донесе официјална одлука.
Поскапувањето на цигарите ќе биде уште еден удар врз пушачите и тутунската индустрија откако почна да важи забраната за пушење на јавни места, како и целосната забрана за рекламирање тутунски производи, пишува „Дневник“.