Во Македонија нема демократија, има всоко рзвиено овчарство, во кое овците се издигнати на високо ниво, да можат да бираат меѓу два расположливи овчари- ВМРО и СДСМ.
Од како се осамостои Македонија, народот е поделен на комуњари и комити, и демократијата кај нас се подразбира колку повеќе ќе полтронираш во едната или другата страна.
И да се распаѓа земјата, нема да се крене против власта, оти нормално за тоа е крива опозицијата.
Понекогаш дури мислам дека сме една голема група мазохисти, кои живеат во една тешка перверзија, и што е најтрагично-убаво ни е.
А демократија? Да бе, уствари за тоа пишував.
Иако генетски ги мразам максимално Ахајците (затоа што сум потомок на протерани Македонци од нив), за едно морам да признам-стварно е демократија.
Не им се допаѓа живеачката, оп штрајк.Цела држава парализирана, власта ги слуша.Не дека се големи работници, далеку од тоа, ама се креваат сите кога им е тесно.
А ако не дај боже власта крене рака, како со она момче што го убија-гледате масовна деструкција и епилогот од Марс се гледа- збогум Караманлис, добре дојде Папандреу.
Е, овој вториов добро ќе се препоти ако седне у фотеља, оти една ваква заебанција, отиде курбан-го има стравот уште од сега.
Така се управува со држава.
А Македонија? Ех, Македонијо, кој ли све се тркала по оваа света земја.
Кубурите со векови ги чуваме за не дај боже, а од колено на колено ја пренесуваме животната филозофија- ведната глава сабја не ја сече.
Затоа сме на ова дереџе, акоко ќе биде понатаму.....
Демократија?
Знам, ми текна, читав негде за тој збор....