Комитите ги истепаа Вардарци

а и играчите ке играат под притисок да не бидат нападнати на улица од некој фан, неможеш да ми кажеш дека играч би играл подобро под таков притисок .
Па сигурно нема да играат полошо. Не знам дали си ги гледал во последно време, ама човече тоа не личи на фудбал еј. Токму тоа што спомна, истите играчи во Работнички душа оставаа на терен, што е сега проблемот? Значи не е дека не знаат да играат, само некој треба да ги натера. Е тука тепањето доаѓа како мотивација. Ако парите не можат да ги мотивираат, тогаш ајде да пробаме со поинаква стратегија. Плус, осум ебани утакмициииииии.... :nesvest: Не сме бре Фљамуртари.

И немој со тој муабет “да не се заебам као Трифо“. Во денешно време освен оние клубови кои се спортски друштва и финансирани од општина, држава, што и да е, сите други клубови работат на основа на профит, или пропаѓаат. Се` е одлично пресметано, не бери гајле, еден играч во сезоната да се продаде добро искача супер ќар. А потоа економистите знаат, излез во Европа, пари од пренос, пари од реклами, од све се вадат пари :wink:
 
Уште еднаш ќе речам, иако јас не сум бил таму да ги заплашам играчите на Стража, отворено го поддржувам потегот на момците кои го сториле тоа. Ако Милко не знае да ги мотивира, можеби ова ќе ги мотивира. Стоење и тапкање во место за ништо во животот не е добро, промените (или што би рекле на една друга тема, конфликтот) ги движи работите напред, па да видиме што ќе се случи сега, и онака 8 натпревари без победа, дали ќе бидат 9 не ни менува многу.


Е бравос каков пост напиша! Ги подржа момците што го нападнале автобусот а јавно КОМИТИТЕ ги осудија..И мислиш дека нападот ќе ги мотивира играчите?! ДА ќе ги мотивира,ама да си одат! И сеа демек ако тепа Вардар на следната значи тоа било дека биле нападнати од поедни група КОМИТИ а? леле какво лошо размислување..Вакви настани можат само да го урнат имиџот на КОМИТИТЕ..Трифун ќе си оди и кој ќе финансира?! ТИ?! Дека нели,како што викаш ти ќе се најдело некој финансиер.Како што се најде претходниот пат?! Комитите правеа одбор за спас на Вардар! Да имаше спонзор одма ќе улеташе ... :uvo:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Е бравос каков пост напиша! Ги подржа момците што го нападнале автобусот а јавно КОМИТИТЕ ги осудија..И мислиш дека нападот ќе ги мотивира играчите?! ДА ќе ги мотивира,ама да си одат! И сеа демек ако тепа Вардар на следната значи тоа било дека биле нападнати од поедни група КОМИТИ а? леле какво лошо размислување..Вакви настани можат само да го урнат имиџот на КОМИТИТЕ..Трифун ќе си оди и кој ќе финансира?! ТИ?! Дека нели,како што викаш ти ќе се најдело некој финансиер.Како што се најде претходниот пат?! Комитите правеа одбор за спас на Вардар! Да имаше спонзор одма ќе улеташе ... :uvo:
Малечок, зошто темелиш пост врз основа на други теми? И зошто по ѓаволите пишуваш работи кои не ги знаеш како се.
За да не се резилиш пред други да ти кажам, Комити организираа одбор за спас на Вардар, за да можат да го отстранат Брацо Вујчич и неговата хегемонистичка политика во клубот која го носеше Вардар надолу.

Откако Брацо си отиде, и дојде новиот газда, работите евидентно мрднаа, но по заминувањето на српскиот тренер, нешто се смени, и од авион се гледа дека новиот тренер, не знае да ги поттикне играчите. Јас прв кажав дека ми се допаѓа новиот систем 3-4-3, но очигледно дека не штима. Играчите стојат, не играат... Вардар без гол на 4 натпревари не е Вардар.

Инаку, мене ич не ме заболе десниот ташак дали некој ги поддржал или нападнал комити, Трифун или Милко, ја го изразувам својот став, не сум ја полтрон па да зборам како ќе ми кажат. Оние кои го каменувале автобусот, јас ги поздравувам, и ги оправдувам. И ич па левиот ташак не ме заболе дали има позадина акцијата или било чист револт, играчите заслужија и повеќе а добија малку.
 
И мене ми доаѓа да ги истепам манекените во Вардар. До лани душа оставаа на терен, а сега !?
Сепак не сум сигурен дека вака требаше да реагираат дел од навивачите. Ова не е случај само кај нас, имало и пострашни напади во Хрватска, Србија, Турција .... ќе помине. Ништо страшно.

Мора некако да им се даде до знаење на вардаровите фудбалери дека некој ги прати нивните резултати и дека на некого не му е сеедно дали Вардар победува или губи. Без разлика што имаме катастрофа првенство, Вардар е бренд и не смее да се игра за Вардар без мотив.
Не се навивачи на Вардар само 100-200 млади кои одат на стадион. Има Вардар многу симпатизери.

п.с. Сите сме од деца за Вардар. Сега има повеќе маалски прволигаши, јас си имам свој - Металург, ама Вардар секогаш ќе остане за сите.
 
Не можам да сфатам како некој овде може да го поддржи насилството на група навивачи со два вторници школо.
- Имало револт...па нека има, ама со тепање или со убивање ништо не се решава
Дали Комитите мислат дека сега ја решија ситуацијата? дали мислат дека сега ќе оди на подобро? нека се запрашаат...
а додека размислат, а знам дека тоа долго ќе трае, предлог до Гордана Јанкуловска да постапи исто како што постави МАргарет Тачер со навивачите на Ливерпул во 1985 година. Па после ќе видиме.
 
Трифун Костовски и официјално го напушта Вардар по завршувањето на есенскиот дел од првенството, значи во недела, според утрешен ВЕСТ ..

- донесовме конечна одлука да се повлечеме од Вардар. Ќе се обидеме да ги средиме состојбите и да го предадеме клубот со чиста ситуација. Сите долгови што сме ги направиле ќе бидат намирени. Нема да има борба за превласт, им го оставаме клубот на навивачите. Исто така се повлекуваме и од македонскиот спорт воопшто. Наша оцена е дека во моментов нема клима за спонзорирање - изјави Коста Костовски, потпретседателот на Вардар
 
Сега србсконо бркле слави...:tapp:

Трифун вика дека ке ги плати долговите кој тој ги направил, а Вардар има долгови позади пуна капа...затоа нема човек во Македонија моментално кој би застанал на чело на Вардар.

Ке биде интересно да се види што ке се случи со Пачовски, Вајс, Милисавлевиќ, Масев, Глигоров, Јанчевски и Бардо т.н влечките на Трифун.
 
Понекад не можеш да бидеш воден од разумот...... Се оставаш од навивање секоја утакмица, а твојот тим ако губи бар нека губи достоинствено,чесно и храбро....
Истото и ја би го направил, можеби радикален потег, ама Вардар заслужува титула... Трифун, се покажа и како градоначалник и како сопственик на Вардар,..... Вардар е свето име за некој и нема играње со него
 
Во цел свет клубовите (особено фудбалските) прават профит. Од продажба на играчи, од пласман во Европски куп, па можда и од кладилници. Само кај нас едвај преживуваат. Таман се надевав дека со добар спонзор и Вардар ќе стане силен клуб, кога ете нешто не оди.
Трифун се докажа во ракометот и во Работнички. Многу ме интересира зошто не можеше истото и со Вардар? Што го натера да се откаже?? (Ако навистина се откажува). Зарем навивачите ќе го водат клубот???
Овде коментираме од спортски аспект и не навлегувам во тоа каков градоначалник е Трифун или каков бизнисмен или каков е во приватен живот.
Како спонзор во спортот е најдобар во Македонија.
Јас на секој што ќе биде спонзор во Вардар му посакувам да заработи 10 пати повеќе од она што ќе го вложи, само Вардар да има успех.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom