Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да бидам искрен...со доаѓањето на Трифун како спонзор (или што и да е, веќе никој незнае како е со сопственичката структура во Вардар), очекував Вардар да стане тоа што заслужува да биде во нашиот фудбал.
Јас сум навивач на Беласица, неможам да бидам навивач на кој и да било друг клуб, но го почитувам Вардар, заради тоа што е. И секој искрен љубител на фудбалот и спортот воопшто би требало да мисли така.
Но, да се вратам на темата:
Очигледно е дека нешто не штима.
Со таква постава Вардар требаше да гази се пред себе, но не е така.
Зошто?
Дали заради Трифун? Треба да бидеме начисто, зошто влезе Трифун во Вардар? Вардар не заслужил да биде нечие место за докажување или курчење. Таму треба да влезе човек со искрени спортски намери, и никакви други.
Тренерот?
Требаше да биде некој проверен стручњак.
Играчите?
Ако се само за парите...ништо...ако евентуално искажуваат некој бојкот...можеби... Не е се во парите, треба и малце почит. Секогаш има фудбалери, но не смее да се дозволи таква игра...
Па, на крајот, нека се најдат нови!
Знам како им е на Комитите, и иако не поддржувам насилство, ги поддржувам во напорите за конечно враќање на Вардар на вистинскиот пат, изразен макар и на овој начин.
- Извор"Комитите" се оградуваат од инцидентот и го убедуваат Трифун да остане
И покрај тоа што сопственикот на Вардар, Трифун Костовски вчера бесен поради нападот на фудбалерите на Вардар, од страна на "Комитите" на превојот „Стража“, најави дека ќе си замине од најтрофејниот тим, сепак денеска имаше средба со навивачката група која го убедувала Костовски и натаму да остане главен финансиер на "црвено-црните".
"Комитите" се оградија од немилиот настан, и на средбата со фамилијата Костовски го убедувале Трифун да биде и натаму со Вардар.
"Комитите преку Одборот за спас на Вардар се оградуваат од изолираните поединечни инциденти што се случија по натпреварот Вардар -Напредок.
Воедно сакаме да ја искажеме нашата целосна поддршка на актуелното раководство на клубот,со надеж за брзо надминување на играчката и резултатска криза на клубот.
Истовремено го осудуваме и дивеењето и физичкиот напад на поединци врз вардаровата легенда Александар Баевски" - изјави во името на Управниот одбор на Вардар и Одборот за спас Ванчо Шехтански.
Костовски за утре најави одлука околу неговата иднина во македонската фудбалска гордост, со оглед на последните случувања.
Сепак, нема крај на дивеењето на фановите на Вардар. Се уште се свежи сеќавањата од неделниот напад на Стража од страна на вардаровите навивачи врз фудбалерите, денеска во центарот на Скопје се случи нов атак.
Разбеснет навивач го нападнал и посакал физички да се пресмета со играчот на Вардар, Александар Бајевски.
За голема среќа тука на местото на немилиот настан се нашле уште неколку фанови на "црвено-црниот" тим кои успеале некако да ја смират ситуацијата. Чудно е тоа што Бајевски е нападнат, ако се знае дека по ланскиот бојкот од страна на сите фудбалери, само тој ја бранеше честа на "јуниорскиот" Вардар кој прими девет голови во Куманово од Милано.
Токму Бајевски со тие негови настапи покажа како се сака клубот, и со ништо не заслужи да биде нападнат.
"Го осудуваме и дивеењето и физичкиот напад на поединци врз вардаровата легенда Александар Баевски" - изјави во името на Управниот одбор на Вардар и Одборот за спас Ванчо Шехтански
На ваков начин не се искажува љубовта кон клубот, јас незнам од наредниот меч па нагоре со каква помисла ке излегуваат фудбалерите на теренот после овие инциденти, добро е што дел од '' Комитите '' се оградуваат од овој инцидент и се надевам дека истите ке влијаат вакви инциденти во иднина да не се повторуваат .
Трифун ваков онаков али ги направи Работнички шампиони на Македонија, ги направи и Кометал во Ракомет шампиони во Европа, што значи дека сепак позитивно придонесувал во сите оние клубови каде бил инволвиран иако знаеме дека типот каде и да оди сака да има личен финансиски профит од истото ( a koj би нејќел ), но останува фактот дека и со Работнички и со Кометал во ракометот имаше успех .![]()
Не е ова Интер или Манчестер па спонзори да се лепат ко муви на гомно, доколку Трифун си отиде од Вардар можно е враќање на претходниот сопственик или Вардар да доживее финансиски крах .
Економска Криза владее, во случај Трифун да си оди, поучени од неговото лошо искуство тука тешко дека ке дојде некој друг кој ке сака да ризикува со вложување на пари во Вардар во еден ваков лош период, сакале нејкеле, моментално Трифун им е најдоброто решение .
п.с. Немојте да бидете толку површни, размислете малку пред да постирате, мој став е дека доколку Трифун си оди од Вардар, овој клуб за година - две ке игра во Втората Македонска Лига, а и ке доживее тежок финансиски удар, тешко дека некој друг ке се осмели да вложува во овој клуб, поучени од искуството на Трифун ( во случај да замине ) и пред Се погодени од Економската Состојба денес .
Не може фудбалски клуб, не може Вардар да биде заложник. И какво ти е тоа кукавичко размислување, зар Вардар го поиствоетуваш со Трифун, со Брацо, или со Бајо. Вардар е име, и покрај сите срања и дебакли, Вардар сеуште е и ќе биде име, и не се секирај, во секое време ќе дојдат луѓе да го финансираат, затоа што знаат дека од него многу добро се профитира. Ни Тришо не е тука за да помогне, туку за профит е.
Уште еднаш ќе речам, иако јас не сум бил таму да ги заплашам играчите на Стража, отворено го поддржувам потегот на момците кои го сториле тоа. Ако Милко не знае да ги мотивира, можеби ова ќе ги мотивира. Стоење и тапкање во место за ништо во животот не е добро, промените (или што би рекле на една друга тема, конфликтот) ги движи работите напред, па да видиме што ќе се случи сега, и онака 8 натпревари без победа, дали ќе бидат 9 не ни менува многу.