Оцрнување на бившите

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сум ја забележала оваа појава, па затоа сакав да продискутираме околу тоа.

Има луѓе кои додека се во врска, постојано зборат добро за партнерот, го величаат дури, а кога врската ќе заврши, зборат се најлошо за партнерот кој до вчера го величеа. Разбирам со блиските во момент на бес да кажеш нешто, ама има луѓе кои се трудат со сета сила на сите луѓе што ги знаат да зборат се најлошо за нивните бивши партнери.

Каде и да одат, зборат лошо, ги оцрнуваат бившите, само се жалат дека биле глупави што имале врска со партнерот.

Знам машки што од кога ќе раскинат зборат за девојката дека е курва, а знам женски кои исто со многу погрдни зборови зборуваат за својот бивш.

Вие ги чувате тие работи за себе или зборувате на сите како вашиот/а бивш/а бил идиот, кретен/ка итн?

Ги оцрнувате пред сите што ги знаете или тоа го правите само со најблиските и дали воопшто го правите тоа?

Дали ви се случило да чуете муабети од вашиот бивш партнер за вас? Да ве оцрнува, да збори лошо за вас? Како сте изреагирале?

И општо што мислите за тоа намерно оцрнување на бившите партнери пред останатите луѓе?
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Не сум оцрнил никоја без потреба. Можеби сум бил во некоја заблуда додека сум бил со неа, меѓутоа по прекинот, сум извршил некаков аналитички осврт и сум ја обвинил, за она за кое мислам дека требало да биде обвинета. Никогаш не наметнувам, а нити ја прифаќам целата вина кон мене. Најверојатно, ова е појава која ги следи сите после прекинот на подолга врска - од една страна недостигаат убавите моменти и болно е поради тоа, а од друга страна, тој бол не тера да се сетиме на сите други моменти кога сме се почувствувале повредени од поранешните партнери, но сме се труделе да го сокриеме на најдобар можен начин, и да го елиминираме, надевајќи се дека нема да прерасне во секојдневие со него.

Очекувам да бидам оцрнет повеќе одколку што сум оцрнел. Не сите имаат објективно гледање на работите - можеби немам ни јас. Само знам дека, доколку еднаш прекинам со некоја, и ставам дебела црвена линија, елиминирајќи се од таа врска, нема да ми претставува тешкотија оцрнувањето кое ќе го слушнам за мене.
 
L

Lezbiangirl

Гостин
зависи ако врската ми била кошмар и одозгора те вреѓа тогаш се убивам од оговарање додека не ми помине гневор

воглавно не ги оговарам не ги спомињам едноставно се мртви за мене
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.632
Поени од реакции
10.916
Машка гордост (зашто ме остави о дројло низаедна, никаква, скапана, сифилис вo 3 стадиум да фатиш) :icon_lol: сум ги "оцрнувал" во лице директно, или како и да е, ама по луѓе да вадам муабети и слично и да им додавам несоодветни епитети, не, не ми доликува а и нема потреба, џентлемен сум сепак :icon_lol: иако секогаш имало некои 3ти, 4ти, 5ти...кои ги вадат тие информации од под мишка, па дотичната личност (сега веќе бивша) да е "скроз на скроз сигурна" дека си ти тој шо прави такви муабети (со љушпи од банани), абе трагедии...ајт
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Каде и да одат, зборат лошо, ги оцрнуваат бившите, само се жалат дека биле глупави што имале врска со партнерот.
Ова никоаш.

Знам машки што од кога ќе раскинат зборат за девојката дека е курва, а знам женски кои исто со многу погрдни зборови зборуваат за својот бивш.
И јас познавам и машки и женски што зборат така за бившите.


Вие ги чувате тие работи за себе или зборувате на сите како вашиот/а бивш/а бил идиот, кретен/ка итн?
Не сум бил во врска со кретенки и идиотки.




Ги оцрнувате пред сите што ги знаете или тоа го правите само со најблиските и дали воопшто го правите тоа?
Не ме прашува никој за коментар, некој одвреме навреме ќе ме праша, шо се заебало, ја викам дека се е уреду и толку од тоа.

Дали ви се случило да чуете муабети од вашиот бивш партнер за вас? Да ве оцрнува, да збори лошо за вас? Како сте изреагирале?
Не ми се случило досеа.

И општо што мислите за тоа намерно оцрнување на бившите партнери пред останатите луѓе?


Ако ги занемарам бившите, со кои не сум зацапал посериозно, ги изземам, не сум у контакти више, не сум зборел никоаш за нив, ни добро ни лошо.
Еднаш ми се има случено пред заедничка другарка со бившата да дадам коментар, кој не беше курва, имаше друга позадина.

Инаку има врска тоа со егото. Коа бива повредено, чуда се случуваат. Нешто, што на крај памет не ти било да го кажеш, зашо си умислил дека ете те повредило нешо, го кажуваш. Среќен сум што еднаш, ко шо набројав горе, ми се иам случено да го залечам демек повреденото его, али нема везе не ми се опраи.
Значи со тоа што ја оцрнуваш бившата не постигнваш ништо, туку стануваш тинејџерка шо глеа ребелде веј и проаѓа кај нејзе пред зграда за да се видат, као демек.
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Во човечка природа е да зборуваш лошо и имаш негативни чувства кон некој што те заебал или не одговорил на твоите барања. Мислам дека скоро сите го прават ова, но тоа е тоа.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Во таков муабет не ги оцрнувам, само си зборувам за моменталните чувства према нив. Намерно оцрнување пред другите е детинеста плачипи4ка со недостаток на внимание што се труди да докажи пред другите колку не ги разбира работите...
Постпките што останале (и оние што ме иритирале) од бившите не поседуваат никакви трајни цврсти особини, изгледаат тек вака-тек така што на крај иди дека сите тие се грешни или пак сите се точни, што всушност е сеедно.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Честа е ваквата појава и повеќе фактори можат да играат улога.
Има луѓе кои додека се во врска, постојано зборат добро за партнерот, го величаат дури, а кога врската ќе заврши, зборат се најлошо за партнерот кој до вчера го величеа.
Прво да тргнеме од тоа дека додека сме биле у љубов со партнерот, сме имале едно гледиште за него кое било изградено под влијание на субјективен фактор. По раскинувањето и оладувањето почнуваме поинаку да го гледаме истиот тој човек и можеме да дадеме далеку пообјективна проценка. Од далечна перспектива можеме да увидиме некои негови карактеристики или на врската што не ни се допаѓаат, иако тогаш не сме им придавале внимание.

Друга работа, доста позастапена:
Каде и да одат, зборат лошо, ги оцрнуваат бившите, само се жалат дека биле глупави што имале врска со партнерот.
Тука станува збор за фактор огорченост. Партнерот кој излегол повреден од врската е огорчен од тоа што му било направено и под влијание на бес и горчина, ќе каже многу погрдни зборови што реално врска немаат со ситуацијата, само за себеси да си се почувствува полесно, како и за да и наштети на личноста која претходно му наштетила него.

И трет еден фактор, тесно поврзан со првиот, е тоа дека вакви муабети најчесто излегуваат од луѓе кои се сеуште емоционално слаби спрема бившиот партнер и го немаат преболено раскинувањето.

Тргнувам од себеси, ако сум апсолутно рамнодушна спрема бившиот партнер, како што и сум; нема да ми текне во уста да го ставам, а не па да ширам невистини (па дури и болни вистини) за него.
Вие ги чувате тие работи за себе или зборувате на сите како вашиот/а бивш/а бил идиот, кретен/ка итн?
Како што кажав, емотивно сум оградена од било кој бивш партнер, па искрено не ни се замарам многу со нив, особено не во смисла на тоа да ги оцрнувам пред луѓе.
Плус, ако сум прошла извесно време со некого, тоа сигурно не бил некој што објективно би имало простор да се мрчи за него; а ако се случило да погрешам во проценката и дури по раскинувањето да увидам за каков човек станува збор, пак е моја грешката, што не сум увидела на време.
Дали ви се случило да чуете муабети од вашиот бивш партнер за вас? Да ве оцрнува, да збори лошо за вас? Како сте изреагирале?
Се случило. Не изреагирав особено бурно, затоа што ми беше јасно што го поттикнало да збори така, да не речам го разбирав.
Најкултурно го замолив да престане воопшто да зборува за мене, пред се за сам да си олесни, и тоа е тоа.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Никад не зборуам за бивши девојки.
Али јасна ми е потребата за да се прави тоа.
Едноставно е,кога те повредил некој,добиваш голема желба да му вратиш,од проста причина-на тој начин си олеснуваш и добиваш чувство дека сеа сте фифти-фифти.
И нормално,помалку боли кога мислиш дека не си само ти заебаниот во целата ситуација.
Машка гордост веројатно,тоа е јасно.
Али сепак,има други,многу понепростачки,подли,ниски или не знам како да ги наречам начини,за да се постигне овој ефект,од тоа да одиш по луѓе и да им кажуеш колкава дролја ти била бившата.На крај,некој може да те праша оти си одел со неа,кога си знаел дека е таква:):)
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Каде и да одат, зборат лошо, ги оцрнуваат бившите, само се жалат дека биле глупави што имале врска со партнерот.
Само ради тоа што лошиот крај го "красел" делото.

Одлична тема за муабет.:pos2:


Знам машки што од кога ќе раскинат зборат за девојката дека е курва, а знам женски кои исто со многу погрдни зборови зборуваат за својот бивш.
Па нормално ако типката била склона кон шарање. хах. А тоа што женските зборат, ваљда дека секоја помисла дека завршила работата со него, па негативните впечатоци излагаат после.

Вие ги чувате тие работи за себе или зборувате на сите како вашиот/а бивш/а бил идиот, кретен/ка итн?
Ретко кога дискутирам. Одмината работа.

Дали ви се случило да чуете муабети од вашиот бивш партнер за вас? Да ве оцрнува, да збори лошо за вас? Како сте изреагирале?
Игнор. Ќе им помине. Ако реагирам (како било), ќе мислат дека ми пречи тоа што серат.

И општо што мислите за тоа намерно оцрнување на бившите партнери пред останатите луѓе?
Фрустрација на куп, издигнување, наметнување на вината.:kesa:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Која е поентата од оцрнување на бившиот?Ќе сменам мислење на некому со тоа што ќе го изоговарам?Не.Само јас испаѓам будала што сум одела со некој таков.

Не дека јас не сум оцрнувала,да,се деси еднаш,ама тоа порано додека бев уште зелена у паметот,и тоа и не намерно,туку ете ако се нашол у темата на муабет,коментирав,не бирав пред кого.Јес да после некое време испадна вистина било тоа што сум коментирала,али ај нема веза,не е тоа темата :icon_lol:

Сега,ако случајно се зазбори за некој од бившите,или си ќутам и гледам да скријам дека ми е бивш дотичниот(ако особата што збори со мене не знае),или менувам тема.
Добро,со блиските личности паѓа оговарање,ама тоа друго е,моменти на исфрустрираност :icon_lol:И не дека лажам нешто,туку ете си и кажувам мислење на другарка ми :)

Иако сум го правела тоа,не го оправдувам,и не го оправдував ни тогаш,ама ете,зборовите беа посилни од мене :pos:И бессмислено е,некој што до вчера сум го сакала,арен ми бил,одма после не ми чини.Не дека ќе сменам нешто со тоа што ќе го изоговарам пред други,само јас ќе испаднам оговарачка.
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Nieden bivs ne sum ocrnela zasto toa bi znacelo deka jas sum glupava sto sum izlegla so nekoj takov. Toa nema nikakva vrska so egoto ili ne znam sto i ne gi razsbiram onie koi gi crnat svoite bivsi.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
ги немам оговарано бившите така пошто е глупо... уставри ако мислев дека е курва или слично немаше да прам нешто со неа..
а тие мислам ми имат вадено муабети ама ништо сериозно.... имаше една посебна глупачка :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom