Катни гаражи низ Скопје (и цела Македонија)

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Возраст
39
Во Скопје, почнува да се развива еден градежен тренд, кој во поразвиените држави веќе е имплементиран елемент во програмските содржини на секој град - градење на катни гаражи. Според мене, еден од најпозитивните градежни трендови во поскоро време - ако во истиот назив може да ги сместиме и мансардните подкровја и други „тортести“ моменти, кои не би сакал тука да ги дискутирам.

Катна гаража - работи на принцип на „хотел за коли“, режимот на проток на возила низ катовите може да биде со помош на лифтовски платформи или со рампи со одреден пад, треба да има директен пристап до главна градска сообраќајница, нема потреба од голема катна висина (максимум 2.4m). Самиот објект може да биде комбиниран со мотели, ресторани, продавници и слично. Не се препорачуваат станбени и деловни простори, поради нивото на бука во објектот.

Што вие мислите за овој тренд? Колку вие го поддржувате и сметате дека е позитивен или негативен. Барам критики, од секаков вид. И на крај, дали вие би се придржувале кон него, и својот автомобил би го паркирале таму, па макар и да плаќате по нешто поголема тарифа од обичните паркинзи?

Од стручните по ова прашање на форумов, барам коментар од архитектонска гледна точка. Колку може да се игра со овие објекти, која е архитектонската слобода на авторот во дизајнот на нешто од ваков тип.

Повелете...


едит: еве ја највисоката паркинг куќа во светот - само колку за споредба и за коментари
biggest_parking_ever.jpg
 
Катни гаражи, тренд кој не е застапен само во Скопје како што кажуваш, вакви примери т.е отпочнувања на изградба на истите има во Прилеп, близу автобуската, само што таму на почетокот на ископувањата им се појави еден проблем, налетаа на гробишта и коски што им ја забави изградбата.

Инаку доста практична работа, затоа што просторот се искористува во висина наместо во ширина и се заштедува доста простор од околината.
 
Катни гаражи, тренд кој не е застапен само во Скопје како што кажуваш, вакви примери т.е отпочнувања на изградба на истите има во Прилеп, близу автобуската, само што таму на почетокот на ископувањата им се појави еден проблем, налетаа на гробишта и коски што им ја забави изградбата.

Инаку доста практична работа, затоа што просторот се искористува во висина наместо во ширина и се заштедува доста простор од околината.

Мило ми е. Не ја знаев оваа информација. Епа добро, значи сега ќе имаме повеќе примери за споредување, коментирање, мониторинг на користење (за некое време). Конечно некој детал да тргне на подобро со програмите на градовите. Само, уште да не почнеме да ги нагрдиме и нив, со нашите добро познати фаци, и ќе бидеме презадоволни.
 
Зашто да не ? Катните гаражи и те како можат да го ослободат сообраќајот, заштедуваат на простор и се супер работа...Во Скопје нели нешто се збореше дека ќе се гради у близина на Сајмиште или грешка сум ?
 
Зашто да не ? Катните гаражи и те како можат да го ослободат сообраќајот, заштедуваат на простор и се супер работа...Во Скопје нели нешто се збореше дека ќе се гради у близина на Сајмиште или грешка сум ?

Сајмиште? За неа не сум запознаен, освен ако се гради во склоп на ERA City. Досега во Скопје се отпочнати (а некои и се привршуваат) гаражната куќа до Рамстор, и Тинекс - деловниот центар со катна гаража во Капиштец. Според моите сознанија, и објектот на Веро, кој се гради наспроти Народна Банка на Р.М. ќе има една ламела која ќе функционира како катна гаража.
 
Сајмиште? За неа не сум запознаен, освен ако се гради во склоп на ERA City. Досега во Скопје се отпочнати (а некои и се привршуваат) гаражната куќа до Рамстор, и Тинекс - деловниот центар со катна гаража во Капиштец. Според моите сознанија, и објектот на Веро, кој се гради наспроти Народна Банка на Р.М. ќе има една ламела која ќе функционира како катна гаража.

Да, овој објект, кој моментално е при крај е составен од два дела...Едниот ќе биде Деловен Центар на Тутунска Банка, а другото катна гаража.
 
Имаме ние во Струмица катна гаража во склоп на трговскиот центар Глобал само што немам слики да покажам како изгледа, инаку ми се допаѓа идеата.

Едит: еве само од планот сретнав.
u_pazar2.jpg
 
Напишав еден подолг пост, али интернетот заебава и отиде у пм.

Anyway, зборот ми беше, во Струмица има катна гаража во склоп на трговскиот центар Глобал, но струмичани, барем до пред некое време, не им текнуваше(со исклучок на некои) да се паркираат внатре, туку само го закочуваа сообраќајот пред трговскиот и во строгиот ценар на градот. Сега малце се подобри ситуацијата, гледам има повеќе луѓе што паркираат внатре. А заборавив да кажам, одкога ја отвориа гаражата, бесплатно е!
 
Тоа е дел од коментарите кои ги барав на темата. Значи, покрај тоа што сите ја поддржуваме идејата, дали би се придржувале до правилата кои ќе ги налага овој тренд. Дали ќе паркирате на 4 кат, и нема да ви биде тешко да се искачите и симнете одтаму, или ќе гледате да ги користите „обичните“ паркинзи, и ќе дозволите овие да скапуваат, уште неискористени?

Браво за иницијативата со бесплатно паркирање во Струмица. Бидејќи не сум видел, а верувам и голем дел од форумџииве, би сакал да добијам некои слики, точно од катната гаража. Па струмичани, ако не ви е тешко, ние чекаме... Уште подобро ќе биде ако некој може да слика внатрешност, па да добиеме уште подобра претстава.
 
Сум за само не у мое маало.
Сакаа прво во Центар кај тоа што има улога на игралиште тоа е меѓу зградите во центар карши соборна.
Таму што се не изградија 2842723975846 згради уште катна гаража фали ќе неможам да дишам.
Мислам дека им е јасно на тие кои ја знаат оваа област за колкав простор станува збор.
Прво кај ќе поминуваат камиони од кај паркингот.Па фали тој паркинг да се затвори и како што уште сеа нема место за паркирање ќе стане голем хаос.
Затоа сите станари од околните згради се потпишуваа да не се гради гаража.
А киремали оваа највисоката гаража во јапонија да не е?(претпоставка)
 
Акаша, паркирањево е само на кровна тераса? Нема други нивоа под неа со паркирање?

Кирца, добро објаснив во првиот пост кои услови ги налага градење на катна гаража - еден од нив е директно поврзување со фреквентна градска сообраќајница. Добро, тука може да се додаде дека објектот треба да е прилично изолиран и објектите околу него да не се станбени згради...Слично како што кажав дека не смеат да се мешаат овие содржини со станбен простор.
Инаку, зградата е во Олд Таун, Чикаго. Не е многу нова. Инаку hint: Не се јапонците револуционерите кога развовараме за облакодери, туку токму Америте, поточно токму Чикаго. По тоа е позната таканаречената Чикашка школа за архитектура.
 
Немам мои слики од гаражата, ама се сетив на една слика шо имам од пријатели малку ја исеков да не ги ставам луѓево, нема смисла :)) па може отприлика да се виде, ако можам денове ќе сликам поубаво ако не нека се потруди некој друг.
Повеќе нивоа се тоа позади целото е паркинг.
 

Attachments

  • n1002101597_30202402_7822.jpg
    n1002101597_30202402_7822.jpg
    25,3 KB · Прегледи: 12
Во Прилеп, само се почнати ископувањата на просторот.Градењето не е почнато, а не ни знам кој е крајниот рок за да ја доизградат гаражата.
Инаку, што праша Кире, дали ако пример автомобилот ми е неколку спрата погоре би одел да си го земам или ќе ја паркирам колата долу.Според мене, добро би било да се паркираат колите во катната гаража, ем се заштедува простор, ем нема толку густ сообраќај како на улиците додека да се извади колата од паркинг местото.И би одел неколку спрата погоре за да си ја земам колата, зошто да не.
 
А само да прашам.Дали тоа на максим горки кон плоштад кога се иде тоа што не го доградија беше во план да се гради катна гаража или?
 
А само да прашам.Дали тоа на максим горки кон плоштад кога се иде тоа што не го доградија беше во план да се гради катна гаража или?

Скраја било бре, гризни јазик! Кај во строг центар катна гаража? Може да имало подземно паркирање, во шо чисто сумљам, а и ако имало, ќе било само на едно ниво, и ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom