Николас Спаркс

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.

Ова е една реченица која е извадок од книгата Страници за нашата љубов од Николас Спаркс.
Оваа реченица можеби и го отсликува самиот автор.
Феноменален писател за кој сметам дека треба да има посебна тема.
Писател којшто ги има можеби најљубовните дела напишано. Прекрасни љубовни приказни кои ја величат љубовта и на кои читателите заплакуваат.
Никој не останува рамнодушен читајќи ги Порака во шише, Страници за нашата љубов и Чекори на сеќавање. Овие се неговите најпознати бестселери, а има уште неколку познати дела.

Еве неколку интересни факти за овој писател:
-Николас Спаркс е роден во Омаха, Небраска на 31ви декември 1965 година.
-Летото во 1985 година ја има напишано својата прва книга која никогаш не е објавена.
-Во 1988 година дипломирал со висок успех на Бизнис и Финансии.
-Тој и неговата жена Кетрин се запознале пролетта 1988 година, а се венчале во јули 1989 година. Имаат 5 деца. А се сеќавате Кетрин беше девојката за која Герет ги имаше напишано прекрасните писма во книгата Порака во шише. Овој автор во своите дела често употребува називи, имиња, геогравски места па и некои дела му се инспирирани од лични приказни кои го инспирираат за неговите дела. Истата година (1989) ја напишал и својата втора книга, која повторно не е објавена.
-Живеел со сопругата во Сакраменто и се занимавал со голем број на дејности, но она на што долг период се задржал е продавање на фармацевски производи и потоа се преселил во Северна Каролина.
-Тука започнува неговата официјална писателска кариера. Во 1994 година го пишува за време од 6 месеци делото The notebook т.е. Страници за нашата љубов. Правата за оваа книга ги откупува Warned Books една година подоцна, а во 1996 години и оваа книга се објавува како прва официјална книга на Николас Спаркс.
-Потоа следи завидна писателска кариера и објавување од страна на Warned Books на сите останати дела на Спаркс. А тоа се: Message in a bottle (1998), A walk to remember (1999), The rescue (2000), A bend in the road (2001), Nights in Rodante (2002), The guardian (2003), The wedding (2003), Three weels with my brother (2004) и At first sight (2005).
-Неговите дела се преведени на над 35 светски јазици.
-За неговите три најпознати дела се направени и филмови. Во 1999 година филмска верзија доби книгата Порака во шише (Меssage in a bottle), во 2002 за делото Чекори на сеќавање (A walk to remember) беше снимен филм и во 2004 за Страници за нашата љубов (The notebook). Овие филмови заработиле 56 милиони долари на бокс офисите и уште над 100 милиони долари од продадени ДВД, со што го прави Спаркс еден од најпопуларните лица во Холивуд.
-Николас Спаркс и Ј.К. Роулинг (авторот на Хари Потер) се единствени цовремени писатели чии книги биле во [FONT=&quot]"Best seller"[/FONT] листата на New York Times Hardcover и Paperback.

За подетални информации за неговите дела и се што подетално ве интересира за овој автор може да погледнете на неговата официјална интернет страна. Дури може и прашања да поставите за неговите дела, кои тој ќе ви ги одговори.
www.nicholassparks.com

А дали вие сте љубител на делата на Николас Спаркс? Дали го почитувате овој писател?
Кои негови дела сте ги прочитале и каков впечаток ви оставиле?
 
Ги имам прочитано неговите бестселери Порака во шише, Чекори на сеќавање и Страниците на нашата љубов.
Одлични книги...одлични љубовни содржини...книгите ги препорачувам на секому.Книгите се читаат во еден здив.На крајот колку и да се воздржував неможев а да не пуштам некоја солза, дека тоа е така напишано што мислам дека ке ги разнежи и срцата на најстудените особи на планетава...Говори за една чиста љубов која на крајот на одреден начин е попречена...Според мене еден од најдобрите писатели на денешницата...Доколку го видам без сомневање му симнувам капа.
 
Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.

Ова е една реченица која е извадок од книгата Страници за нашата љубов од Николас Спаркс.
Оваа реченица можеби и го отсликува самиот автор.
Феноменален писател за кој сметам дека треба да има посебна тема.
Писател којшто ги има можеби најљубовните дела напишано. Прекрасни љубовни приказни кои ја величат љубовта и на кои читателите заплакуваат.
Никој не останува рамнодушен читајќи ги Порака во шише, Страници за нашата љубов и Чекори на сеќавање. Овие се неговите најпознати бестселери, а има уште неколку познати дела.

Еве неколку интересни факти за овој писател:
-Николас Спаркс е роден во Омаха, Небраска на 31ви декември 1965 година.
-Летото во 1985 година ја има напишано својата прва книга која никогаш не е објавена.
-Во 1988 година дипломирал со висок успех на Бизнис и Финансии.
-Тој и неговата жена Кетрин се запознале пролетта 1988 година, а се венчале во јули 1989 година. Имаат 5 деца. А се сеќавате Кетрин беше девојката за која Герет ги имаше напишано прекрасните писма во книгата Порака во шише. Овој автор во своите дела често употребува називи, имиња, геогравски места па и некои дела му се инспирирани од лични приказни кои го инспирираат за неговите дела. Истата година (1989) ја напишал и својата втора книга, која повторно не е објавена.
-Живеел со сопругата во Сакраменто и се занимавал со голем број на дејности, но она на што долг период се задржал е продавање на фармацевски производи и потоа се преселил во Северна Каролина.
-Тука започнува неговата официјална писателска кариера. Во 1994 година го пишува за време од 6 месеци делото The notebook т.е. Страници за нашата љубов. Правата за оваа книга ги откупува Warned Books една година подоцна, а во 1996 години и оваа книга се објавува како прва официјална книга на Николас Спаркс.
-Потоа следи завидна писателска кариера и објавување од страна на Warned Books на сите останати дела на Спаркс. А тоа се: Message in a bottle (1998), A walk to remember (1999), The rescue (2000), A bend in the road (2001), Nights in Rodante (2002), The guardian (2003), The wedding (2003), Three weels with my brother (2004) и At first sight (2005).
-Неговите дела се преведени на над 35 светски јазици.
-За неговите три најпознати дела се направени и филмови. Во 1999 година филмска верзија доби книгата Порака во шише (Меssage in a bottle), во 2002 за делото Чекори на сеќавање (A walk to remember) беше снимен филм и во 2004 за Страници за нашата љубов (The notebook). Овие филмови заработиле 56 милиони долари на бокс офисите и уште над 100 милиони долари од продадени ДВД, со што го прави Спаркс еден од најпопуларните лица во Холивуд.
-Николас Спаркс и Ј.К. Роулинг (авторот на Хари Потер) се единствени цовремени писатели чии книги биле во [FONT=&quot]"Best seller"[/FONT] листата на New York Times Hardcover и Paperback.

За подетални информации за неговите дела и се што подетално ве интересира за овој автор може да погледнете на неговата официјална интернет страна. Дури може и прашања да поставите за неговите дела, кои тој ќе ви ги одговори.
www.nicholassparks.com

А дали вие сте љубител на делата на Николас Спаркс? Дали го почитувате овој писател?
Кои негови дела сте ги прочитале и каков впечаток ви оставиле?

росоњерке прво и прво за потписот мој што го земаше без прашање ќе си имаш работа со мојот адвокат.Второ Николас Спаркс рулззз
ама се некако ми се погаѓа прво филмовите да ги гледам па после книгите да ги читам, ама како и да е заедно со Сесилија Ахерн ги бива за романтики:vozbud:
 
Добар е, добар е Спаркс...Неговите дела се причината зошто литературата не ја зафрлив во десниот ќош на мозокот (место каде работите одат во неповрат). Читани ми се 3те познати дела од кои подоцна се направени филмови и уште две: Вистински верник, и На прв поглед. Кој ја читал порака во шише, овие две уште повеќе ќе му се допаднат.

Значи нема што да кажам за типов туку дека на лесен и едноставен начин може да допре во човековото срце. Стилот (според мене) му е лесен за читање а сепак полн со емоции чувства за кои го тераат човека да чита понатаму и понатаму. Притоа секогаш крајот било среќен/тажен, те доведува до една состојба каде солзите не можеш да го сочуваш...
 
:Ѕ Ај пак ќе мрчам :kesa:
Не го сакам стилот на Николас Спаркс. Ја имам прочитано “Порака Во Шише“, откако цело мое женско друштво ја испрочитаа и попаѓаа во несвест. Можеби таа една книга не ми дава за право да го судам целиот опус или стилот на пишување на Спаркс, но таа порака во шише, со извинение на сите фанови е во најмала рака патетична. Мислам, да најдеш порака во шише на плажа и да го најдеш, значи, од цела Америка да го најдеш човекот што ги пишувал писмата, кој патем е страшно интровертен тип, и да се испозаљубите. Сето тоа проткаено со еден куп љубовни описи и чувства (да ти се смачи од толку љубов :icon_lol:). Каква нереална клиширана трагично-љубовна приказна. Јас разбирам љубов, разбирам роматика, јасно ми е сето тоа, ама ова е премногу. Too much love can kill you. :icon_lol:

Единствено што ми се допадна беа самите писма. Другото се` ми личи на некаква приказна за тинејџерки, да веруваат дека типот што ги измувал и не им се јавил утредента не е вистинскиот и дека еден ден ќе си ја најдат својата вистинска љубов.

Патем, го имам гледано The Notebook. Обично книгите се многу подобри од соодветните филмови, затоа нема да навлегувам во коментирање на книгата, само ќе признаам дека филмот е слично гомце од типот на горенаведеното :)
 
Патетични и нереални не се:) приказните во неговите книги се дел од животната приказна на луѓето што го опкружуваат
еве ја инспирацијата за трите книги кои јас ги прочитав:)
Порака во шише е испирирана од приказната на неговиот татко. Тој бил силно вљубен во неговата жена која загинала, тој неможел да се соочи со тоа, се одалечич од семејтвото, роднините и пријателите, живеел осамен се додека еден ден повторно не запознал девојка во која се вљубил и свршил..но два дена после свршувачката загинал...
*книгата започнува и завршува исто....за личност која пати за саканиот кој го губи
Чекори за секавање е инспирирана од неговата сестра, таа ја сакала црквата и не била сакана многу во училиштето, учениците ја понижувале..исто така и таа заболела од леукемија или рак незнам точно и едно момче кое најмногу ја понужувало накрајот се заљубил во неа, но тогаш било предоцна зошто била преболна, момчето ја побарало за жена кога дознал дека уште малце останува од нејзиниот живот...девојката т.е неговата сестра починала:( (скроз исто е и во книгата:))
Страници за нашата љубов е испирирана од љубовта измеѓу таткото и мајката на неговата сопруга, иако кога тој ги запознал биле веќе 60 години во брак сеуште нивната врска била магична:pipi:
*оваа книга е само третата новела во поновата историја која останала повеќе од година во најдобрите best-seller:)

Мој омилен писател е Николас Спаркс, заради него ги засакав книгите, литературата, па и романтиката:icon_lol:...воодушевена бев од неговите дела,единствените книги коа ме натерале да седнам и во еден здив да ги прочитам. Мене ми се допаѓа неговиот стил и едвај чекам неговите нови дела да ги донесат во Македонија за конечно да причитам нешто слатко, романтично и квалитетно:wub:
според мене Николас е еден од ретките личности кои вредат на овој свет:pipi:
 
Ja imam procitano Notebook otkako go gledav filmot i ne mi ostavi nekoj vpecatok. Stilot na Sparks mi nalikuva na onoj na Balzak. Nema dijalozi, mnogu opisi. Ke procitas 5 strani 10 ke preskocis. Mozebi ne me voodusevi zaradi toa sto ne sum po romanticnite knigi i filmovi. Ali sigurno vredi stom tolkumina go velicat. Jas sum isklucok
 
Јас ги имам гледано филмовите, не ги имам читано, и мислам дека со исклучок на A walk to remember другото е клише. Особено Notebook. Приказна за да си го олабавиш мозокот, а не да те потресе којзнае колку... Што знам не ми е нешто исклучително, освен Прошетка за паметење, која е исклучително потресна приказна.

Башка колку ме нервира преводот на A walk to remember.Чекори за сеќавање бе.:uvo:
 
Не е Чекори за сеќавање туку Прошетка за сеќавање:smir:
 
Јас ги имам гледано филмовите, не ги имам читано, и мислам дека со исклучок на A walk to remember другото е клише. Особено Notebook. Приказна за да си го олабавиш мозокот, а не да те потресе којзнае колку... Што знам не ми е нешто исклучително, освен Прошетка за паметење, која е исклучително потресна приказна.

Башка колку ме нервира преводот на A walk to remember.Чекори за сеќавање бе.:uvo:
книгите со филмовите не се ни споредуваат...книга си е книга, додека ја читаш си создаваш своја приказна, свој филм
јас додека ги гледав не ми беа интересни зошто не се поклопуваа со мојата приказна а и беа многу изменети
далеку далеку подобри се книгите на Спаркс:smir:

а насловот одговара на книгата
девојката смртно болна се приближува кон олтарот, нормално тоа за момчето ке бидат чекори за сеќавање а не прошетка за сеќавање кон олтарот:toe:
 
И двете грешка сте.. Чекори за паметење е правиот превод на книгатa.

Cekori-za-sekavanje_thumb.jpg

Пет најпродавани книги во книжарницата “Матица”
1. “Чекори за сеќавање”

  • Автор: Николас Спаркс
  • Цена: 270 денари

Чекори за сеќавање е насловот на книгата и насловот на филмот.

Па знам де. Така е правилно, ама кај најчесто се преведува како Чекори за сеќавање, што е глупост.

Прочитај погоре сестра ми што пиша ќе видиш зашто има ваков превод.
По книгата е преводот не по филмот!
 
книгите со филмовите не се ни споредуваат...книга си е книга, додека ја читаш си создаваш своја приказна, свој филм
јас додека ги гледав не ми беа интересни зошто не се поклопуваа со мојата приказна а и беа многу изменети
далеку далеку подобри се книгите на Спаркс:smir:

а насловот одговара на книгата
девојката смртно болна се приближува кон олтарот, нормално тоа за момчето ке бидат чекори за сеќавање а не прошетка за сеќавање кон олтарот:toe:

А Walk... тоа е Прошетка, не е Чекори...
Без разлика, како што реков според мене приказните се клиширани, освен A walk to remember.
 
Во ред што не ти се допаѓаат не може на сите да им се свиѓаат.

Но за насловот мислам дека е баш погоден. Затоа што не мора да има директен превод.
The notebook е преведено Страници за нашата љубов и тоа не е буквален превод.
Така да си ја преведуваат лицата кои ги откупуваат правата за книгава и според мене баш добар наслов има.
Поубаво е убав превод него буквален без врска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom