Николас Спаркс

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
"Прибежиште" е врвот, мислам :)
Мислиш на неговата најнова Safe heaven? Си се зезнал/а. Ако му ја имаш читано the Guardian тогаш пеки.

Инаку мора да изјавам нешто што љубителите на неговите книги како и на самиот писател би ме погледнале попреку. Но више не е на шо беше. Уствари да прецизирам - не сум ја тој шо бев. Го пратам типот но веќе го нема тој филинг на романтичност. Убав е за години на недефинирани чувства за мало усмерување но не за етикета на совршен писател.
 
Од Николас Спаркс сум ја прочитала “Страници за нашата љубов“ воедно сум го гледала и филмот. Извонредно дело, кое не се опишува со зборови туку мора да се прочита!

Цитирам од книгата:

*Причината зошто боли толку кога се разделуваме е тоа што нашите срца се споени.
*Совршената љубов го променува човекот за секогаш.
*Животот е едноставно збирка на мали животи и секој одделен живот се живее еден ден кога ќе му дојде времето. Дека секој ден треба да се бара и да се наоѓа убавината во цвеќињата и во поезијата и да се разговара со животните. Дека од денот што е поминат со соништа и зајдисонце и со освежително ветре- нема подобар ден!
*Ниеден човек што се дави незнае која капка вода ќе го запре неговиот последен здив.
*Квечерината е илузија зашто сонцето е или над хоризонтот или под него. А тоа значи дека денот и ноќта се споени на начин на кој само неколку работи се сврзани; едното не постои без другото, а сепак неможат да постојат истовремено. (Какво ли е чувството да бидеш секогаш заедно, а сепак засекогаш одделен.)
 
Единствена негова книга која сум ја прочитала е Порака во шише. Впрочем не знам ни зошто ја дочитав.
Куп безвезални романтики измешани со лажно напнат стил на пишување за мене е големо no-no, ваљда зошто сум крајно неромантичен и неемотивен човек па приказни од типот "ми го промени животот, ти си мојата судбина, правиш да се чувствувам посебно" и слично ми газат на нерви.
Ама добро, на кој му одговара нека си чита, мене лично човеков ми е скроз исфорсиран и немам намера ниту едно негово дело да прочитам.
 
Единствена негова книга која сум ја прочитала е Порака во шише. Впрочем не знам ни зошто ја дочитав.
Куп безвезални романтики измешани со лажно напнат стил на пишување за мене е големо no-no, ваљда зошто сум крајно неромантичен и неемотивен човек па приказни од типот "ми го промени животот, ти си мојата судбина, правиш да се чувствувам посебно" и слично ми газат на нерви.
Ама добро, на кој му одговара нека си чита, мене лично човеков ми е скроз исфорсиран и немам намера ниту едно негово дело да прочитам.
Исфорсиран у задње време - ептен.
Дури и за оние кои се љубители на романтика.

Иако оваа што ја спомена е меѓу првите, - тие што му го пробија патот до славата. Јас би ја ставил во подобрите. Но тоа е само вкус у прашање.
 
На прв поглед
Одлука
Страници за нашата љубов
Чекори за сеќавање
Порака во шише
Вистински верник
Нов почеток
Драг Џон

Тоа е сега за сега, најбрзо што можам идам и купувам некоја нова. Во Веро има на многу преводи иако на Матица ми се најубави преводите не можам да ги чекам, не им текнува да преведуваат :)

Совршенства ми се книгиве, уште не сум нашла автор што има сличен романтичен стил на пишување, сите ми се бледи копии на него. Да ми е само здрав и жив и полн со инспирација Николче :)
 
Се сметам себе за безнадежен романтичар и сонувач, што би рекле Американците dreamer, ама неговите книги не ми се ништо посебно, исто ко што Notebook, ми е еден од филмовите кои највеќе ме нервираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom