TMPO
Obraz
- Член од
- 31 октомври 2007
- Мислења
- 1.728
- Поени од реакции
- 26
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Алексеј Втори, почина утрово во Москва на 79-годишна возраст, јави Итар-тасс, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на црквата Владимир Вигилјански. - Патријархот Алексеј почина. Тоа се случи утринава, изјави Вигилјански и додаде оти тоа се случило во неговата резиденција Предеклин, во близина на Москва.
Засега нема официјално соопштение за причините за смртта.
Непосредно по објавувањето на смртта на Алексеј Втори, државната телевизија емитуваше снимки со него и со други официјални претставници, проследени со изрази на нивно сочувство.
- Шокиран сум, изјави Михаил Горбачов, поранешниот руски претседател кој беше на власт во Кремљ кога Алексеј стана поглавар на Руската православна црква во 1990 година.
- Тешко е да се најдат зборови. Имав неизмерна почит кон него, рече Горбачов.
Претседателот на руската Дума Сергеј Миронов, изјави дека „ова е огромна загуба за руските православни верници, каде и да живеат“.
Патријархот Алексеј Втори беше етаблирана фигура кој повторно го воспостави авторитетот на црквата по неколку децениското советско управување.
Алексеј Втори е роден како Алексеј Ридигер во Талин, Естонија на 23 февруари 1929 година, во семејство на руски емигранти, а е наследник на благородничко семејство на балтички Германци вон Ридигер, кое што во 18-от век го прифатило православието.
Во 1950 година станал ѓакон, а во 1968 - митрополит. Тој беше избран за патријарх на Руската православна црква по смртта на патријархот Пимен, во 1990 година.
http://www.kajgana.com/statija_4413.html