P
Princ
Гостин
Одамна размислувам за оваа "проблематика".
Имено, муабетот ми е за фирми коишто вршат професионален дизајн, со пакети за дизајн и сите марифети, а сопствениот сајт им е еден најобичен темплејт, доста често и бесплатен за превземање.
Испаднаа многу такви фирми последниве неколку години, кои со нивните "пристапни" цени привлекоа голем број на клиенти, а на сметка на тоа падна вредноста на еден дизајн.
Дали и вас ве ужаснува оваа појава? Што мислите, дали е во ред? Дали треба да се искорени? Едно време мислев да отворам тема на форумов со линкови до сајтови кои користат темплејт за дизајн на нивниот сајт, а доле се потпишани како дизајнери + нудат услуга дизајн, и линк до оригиналниот темплејт кој може да се превземе безпари или пак доста ефтино (најчесто околу $50 или 2500 денари во наши пари).
Мислите дека е подобро да ја баталам таа идеја или пак да ја префрлам во пракса за да не не прави некој будала за наши пари. Секогаш кога купуваш производ, во случајов дизајн, очекуваш тој да биде оригинален и единствен, освен ако не е наведено поинаку во описот на производот.