Конкурс за продуценти / DJ-и

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Логос Рекордингс работи на креирање на нова компилација "Logos Volume 2" и објавува конкурс, отворен за сите Продуценти / ДЈ-и кои создаваат електронска музика ( Techno, House, Electro, Experimental). Траките кои ќе бидат одбрани за оваа компилација ќе се продаваат во сите Светски дигитални продавници како што се Juno, Beatport, Mixmag,What People Play, Amazon, iTune, Thrust the DJ…

Демо снимките може да ги испратите најдоцна до 1 Мај 2009год. преку www.sendspace.com на следнава адреса: logos.competition@gmail.com

Артистите кои ке бидат дел од оваа компилација ке бидат известени на 28.Мај.2009

Логос Рекордингс е дискографска куќа основана во Скопје. Основни дејности се музичко издаваштво, промоција и организација на културнo уметнички настани и презентација на високо квалитетна музика. Особен акцент во промотивниот дел од работата Логос Рекордингс става на промоција на квалитетни македонски музичари преку издавање на нивната музика на светската музичка сцена и нивен ангажман за заеднички настап со меѓународно признаени музичари.

Во релативно кус рок успеаа да презентираат неколку музичари од Македонија - Делеузиан, Игор Зотик, Самоил Радински, Горан Кан ... на светската музичка сцена.

Исто така го издадоа ексклузивното издание на Niko Marks од Детроит - САД, музичар кој соработува со светски познатиот Stevie Wonder, Underground Resistаnce и многу други високо рангирани музичари. Досега Логос има издадено 11 изданија на музичари од целиот Свет.

Компилацијата "Logos Volume 1" беше оценета со 10/10 од најетаблираниот ДЈ и Продуцент во Светот – Laurent Garnier – ( F Com.) Paris, France.

Епа ајде, палете фрутилупсот, кјубејзот или ејсидот и правете музика:)
 
П

Паган-др

Гостин
Одличен конкурс. Добра можност за сите талентирани Артисти и DJ-и да се претстават пред другите. Ке направев и јас нешто со Ејсидот ама уште не му ја имам фатено фората за креирање на траки, запознаен сум само за миксањето на готовите траки. Али не се брзам сигурно ке напраат и Vol. 3 па за тоа ке се намачам малце :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
во Хрватска одамна ја има оваа работа а има неколку наши што биле таму
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
:vozbud:Супер. Вчера почнав така посериозно да се занимавам со FL. Не оти сум некој про, далеку сум од тоа, ама не се знае, можеби имам некој неоткриен талент. :icon_lol: Сепак, има време до Мај. :)
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
1
Јас не сум мн мн упатен со прогарамчиња,дај кажете некоја корисна и за правење и за миксање на траки само дајте нешто freeware.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Freeware тешко да најдеш нешто квалитетно...

FL Studio (Fruity Loops), Reason, Cubase, Komplete, овие се така позастапените (барем јас како што знам)..
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Не знам што се спомнуваат DJ и?Ова како што читам е само за продуценти.
Иначе,јас моментално работам на една трака,па си викам дека до мај ке ја стасам:)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.788
Поени од реакции
11.355
Трака у просек се праи и за 5 саата, 5 дена, 5 недели, ама до мај и албум се вади :pos: Шо толку ќе ја шминкаш бе море? Инаку браво за ова, таман да се покажат нови, талентирани умови и фаци!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Фрути лупс...омг...:icon_eek:

Ако мислите сериозно да се занимавате со музичка продукција, поготово за техно и останатите електронски правци, само Acid му е мајката...и во Кјубејз џабе ќе се малтретирате...
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Трака у просек се праи и за 5 саата, 5 дена, 5 недели, ама до мај и албум се вади :pos: Шо толку ќе ја шминкаш бе море? Инаку браво за ова, таман да се покажат нови, талентирани умови и фаци!
Финтава е што основата ја направив...значи ритамот,и ударниот елемент.е сега има еден куп работи што ги имам замислено да ги направам,ама не можам пошо не знам како да ги реализирам.На некој начин почетник сум на FL и си викам дека до мај ќе ја совладам,за да можам тоа што го имам во главава, да го пренесам во FL...
Aко се одбираш од FL кажи,па тешко тебе ќе биди на емесен,ќе треба на блок да ме ставаш:):):)
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Би се пријавил обавезно...али да имаше и продукција на Рап инструм. а вака...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.788
Поени од реакции
11.355
Фрути лупс...омг...:icon_eek:

Ако мислите сериозно да се занимавате со музичка продукција, поготово за техно и останатите електронски правци, само Acid му е мајката...и во Кјубејз џабе ќе се малтретирате...
Тој муабет друже, одамна изумре...независно од програмата (денес на фрути се продуцира на увелико, за кјубејз не праам муабет), опремата (мониторки, слушалки, звучна мучна итн...), битен е филмот во глава, така да мање више дали само ќе лепиш семплови или ќе црташ на пијано рол...техно се прави и на кинетик :pos:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Одличен конкурс. Добра можност за сите талентирани Артисти и DJ-и да се претстават пред другите. Ке направев и јас нешто со Ејсидот ама уште не му ја имам фатено фората за креирање на траки, запознаен сум само за миксањето на готовите траки. Али не се брзам сигурно ке напраат и Vol. 3 па за тоа ке се намачам малце :)
бате еден совет од мене... батали ејсид.. земи Cubase.. Или Fruiti Loops... или Logic Pro.... тие се стрикно за праење.. моеш да лоуваш VSTi плагини семплови миљарда...
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Може некој да ми препораче некои добри VSTi (по можност компатибилни со FL S 8.0.2)? Ми требат главно за прогресив звуци, ама ке прифатиме и други. :) Засега ги имам Toxic Biohazard, Vanguard, Circle, PoiZone, Morphine и Sitrys (нели го има по дифолт во FL).
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Вака сега, за совети трикови мислам дека има посебна тема, ако нема отворете. Оставете ја темава да пуштите некое дело што сте го направиле/испратиле на конкурсов, или збор два позитивен негативен за конкурсов.
Неам некое искуство во продукција, можда нешто рап праев одамна и маалце не ми се свиѓа конкурсов што е стрикно насочен кон оној фенси звук што се слуша тука. Да имаше барем DNB па да пуштевме нешто:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom