А бе фала богу дека ќе негираш и плукаш на независноста на Косово. Али да не заборавиме дека косово си беше посебна единица, покраина со своја власт, законодавство, милиција (во СФРЈ), даноци, судство административни граници. Ги имаше сите одбележја на една република (во состав на СФРЈ), свои преставници како и секоја република во федерација, се додека Милошевиќ тоа не им го укина. Така да осамосталувањето и не е некое кизнај какво чудо невидено. Некој нема да го признае (додека не го натераат политичките или економските причини)
Русија преку грбот на Србија се испазари за Осетија и Абхазија и го направи истото што го направи и Америка и другите земји, призна дека територии - области на некои држави можат да станат независни, така да утре кога во ОН ќе се носи резолуција за признавање на такви држави и Русија ќе гласа ЗА (заради Абхазија и Осетија) а след тоа полека и постепено и Србија ќе се навикни на тоа дека Косово е независно и постепено тоа ќе го признае. Само ви треба појќе време да се привикните.
Сепак слатки се еврата и доларите кои идат од Брисел и Вашингтон