Имаше деновиве на ртс добар серијал од 3 епизоди за војната на Косово ,за НАТО агресијата, за сите случки од една перспектива после 10 години од целиот случај...
Имаше доста прецизни статистички податоци за бројот на загинати(од двете страни) ,за политичката клима у тоа време, кој со кого се договарал ,кој кого напаѓал,како напаѓал и слично...
Нато '''интервенирал'' многу тактички и смислено...
-Кинеска амбасада-колатерална штета...
-зградата на ртс -колатерална штета
-конвои на избеглици(и албанци и срби) - колатерална штета...воз во Грделица...
-мостови и згради со недолжни минувачи
-тепих бомбардирање и касетни бомби во сред бел ден у центарот на Ниш
-прелевање на избеглици од Косово у Македонија поради страв од бомбите
-трикатница со 11-члено семејство у Сурдулица кога сите погинале
-осиромашен ураниум
-намерно промашување на воени цели по цена да се уништи нечиј живот
Да не одам понатаму пошто нема да има цел, се знае дека ''интервенцијата'' не беше оправдана...Дали немаше друг начин да се реши ситуацијата,него да се потегне по недолжното население и да се убијат помеѓу 1500-2000 луѓе ???
Тука и Милошевиќ кумуваше,тачно али се си има своја граница...
Емисијата беше многу коректна...Ги спомна и албанските жртви во масовните гробници...Имаше приказна од еден капетан на полицијата кој што кажа дека видел како Шкорпионите своеволно убиваат недолжно население...Елем, после тоа се осудени и лежат робија, а осудени се и нивните претпоставени Павковиќ,Ојданиќ,Шаиновиќ...За ексхумацијата на 900 лешеви кои се најдени во Батајница и за хладњачата со пеќки регистарски таблици нема на кого да му се суди бидејќи се сите веќе осудени...
Од друга страна кој да му суди на НАТО и САД ?
Кој ќе им суди за нивните злодела или па можеби они ништо не се криви, едноставно цвеќиња за мирисање ? Кој ќе му суди на Весли Кларк ,на Клинтон,Олбрајт за тоа што нападнаа земја без аманет од ООН ?
Никој браќа нема да им суди, законот на појакиот владее во денешниот свет...
Еден српски офицер на падобранската единица кажа убаво...Ја изгубивме војната, а не ја изгубивме битката и тоа е најтрагичното ...77 дена бомбардирање, а во исто време и напоредни борби на Косово беа за џабе...Тоа беше војна на Србија против целиот свет, и се знаеше кој мора да победи...
Лет 3,во секоја војна имаш дезертери...Од околу отприлика 20000 луѓе кои биле на располагање на Косово најголемиот дел биле војска, следи полиција,3,4000 доброволци и 3,4000 резервисти...Секако дека после 77 дена паѓање на бомби на главата ќе ти скурчи пошо не знаеш за што се бориш, а немаш друг излез и сосема е нормално тоа што се десило...
Али ај види една друга случка....На границата со Албанија во должина од 5 километри биле распоредени 20 луѓе,и тоа сите момци колку мене , од по 18,19 години кои ја извршуваат законската војна обврска во мартовската класа...Е тие луѓе,без претпоставен кој им бил убиен во борба,без појачање, го чувале тој дел од државната граница со Албанија извесен период и така се бореле за земјата...
Примери има милион, зависи како ги гледаш стварите...
После 9 години косоварите прогласија независнот...Законот вика, додека не си признаен од ООН ти не си самостојна држава...Така да,додека тоа не се деси Косово е протекторат и ќе има статус-кво ...
Доаѓаме до одредена точка што се вика дека Косово не може вечно да биде под закрила на ООН...Што ќе се прави тогаш ? КФОР ќе мора некогаш да се повлече од таму, дали за 10 или за 100 години тоа ќе се деси...Е тогаш ќе биде интересно да се види што ќе се случи и како ќе реагира Србија и која би била нејзината политика...
Времето ќе покаже, во наредниве 5 години не треба ништо поозбилно да се очекува...