Еден пријател кој работеше во военото разузнавање на ЈНА, ми кажуваше дека 16-кракиот симбол претставува всушност “Ружа на Ветровите“, односно симбол кој го има на секоја топографска карта и ги покажува страните на светот, а како поинаку ако не како сонце, затоа што според сонцето ги одредувале страните на светот (магнетната игла не била позната). Според многу мислења тој симбол е еден од најсофистицираните до денес, симбол кој тешко да се смисли и денес, споредуван по својата убавина и едноставност. Античките македонски воини со себе носеле кутивче кое се викало Бусо (buxula - кутиче - box) на кое било изгравирано сонцето кое им служело за ориентација, а внатре имало катран од Афион како прва помош при ранување. Затоа во средината од сонцето е претставена “чушката“ од афион (надворешниот круг е кората од афионот, внатрешниот е засекот кој се прави за да истекува “млекото“, а во самиот центар се “ливчињата“ кои се на врвот од чушката (погледнете одозгора една чушка афион и ќе го видите истиот цртеж). Од името на буксулата, односно бусото (кутичето), денес го имаме зборот Бусола. А грците имаат право на симболот од Македонија, колку што имам право јас на 100 квадратни километри имот на Марс, ама црните Страчки секогаш се кителе со туѓи пердуви.