Мала победа бе! кажи нешто по опширно ако беше на утакмица играа новите играчи кој од старите како изиграа и слично..
Победата беше со 22 разлика...
Конечен резултат 37-15
Од почеток послаба игра на Пелистер,се грешеше,па Битола се држеше до кај 15 минута некаде...
После Звонко почна да ги ротира играчите,сите добија солидна минутажа,,,и почна да се прави разликата..
Ова е предноста на долгата клупа,конечно Пелистер има резерви кои можат солидно да изиграат...
На полувреме беше 15-9 мислам за Пелистер...
Во второто полувреме,се стегна уште повеќе одбраната...Тосето скина доста топки,+доста и грешеа играчите на Битола..
Шуткаа од кај ќе стигнат,посебно бекот Бојчевски...
(На крајот дечкото здиви...и се потскара со Лазаров,БЕЗ ПОТРЕБА се направи тензија...)
И Пелистер ги ПОРЕМЕТИ на контри...
Од новите играчи,Васко Митевски даде еден куп гола од контри,Лазаров и Везенио..играа на почеток,и на самиот крај,дадоа некој гол,но не беше ова сериозен тест да се види колку се спремни...
Сепак за Везенио не се ни сомневам дека ќе биди ОГРОМНО засилување за нас....
За Битола шо да кажам,сеуште мора да работат,пред се на ДИЗЦИПЛИНА во нападот..
Не е ракометот само ШУТКАЈ ОД КАЈ ЌЕ СТИГНИШ и контри...:kesa:...
Со ваква игра нема шо да бараат во супер лига..(ако веќе и мислат да влегуваат,ќе бидат само топовска храна,дури и за најслабите суперлигаши)...
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)