Кај ќе оди Звонко,ако го бараа негде ќе одеше..немаше да седи во Пелистер....
Требаше во Металург да биди помошник,ама изгледа Червар нејчи,сака да си работи сам....иначе мислам дека немаше да му прат проблеми во Металург и да го земат...
Е сега шо викате,некој од старите играчи да се вклучат во управата..
Која управа?Пелистер како прво нема класична управа..
Нема спортски директор кој би ги бркал тие работи околу засилувања,носење на играчи и сл....
Моцартот е уште останат од времето-и си ја брка работата,секретар на клуб....
На времето кога се носеа играчите,ќе се растрчаа низ Македонија и ќе ги собереа децата-Лазаров,Темелков,Мисовски,па и Дивиот и Мојсо....да не ги редам Митков,Јоноски,Митевски.....
Сите се ова играчи кои од млади години дошле овде...Пелистер се грижел за нив,добар дел завршија и факултети овде...
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Значи не само шо имаше политика клубот,туку и се грижеше за децата...и нормално тие вратија со нешто...
Е денес се изгубени сите тие работи,и немаме појќе од кај да црпиме играчи за првата екипа.....
А со многу малку,можи да се постигни многу.
Нема стратегија,нема план...да се потрудат малку Ефто и компанија(нормално доколку има,барем најминимални средства )...можат да се донесат играчи..
Ете прошлата недела гледав утакмица од втора лига РК Битола-Партизан Кичево...
Имаше едно бекче во Кичево....навистина добар играч,централен,шут разорен,малце на техника е послаб,ама има одлични движења..
Е такво дете се зема,ем за без пари ќе го земиш,ем со добар тренинг можи да бидни нешто од него...
И во втора лига има доста добри таленти..тука треба да се бараат играчите...барем за тренинг,и ако можи со добра работа да се извај некој добар играч од таму..
Вака ништо не прајме...
Околу вклучувањето на легендите на клубот,точно е,треба да бидат тие тука.
Ама не во управата...во управата треба да има место само за спонзори на клубот..за луѓе кои ја водат кадровската политика на клубот..
Легендите треба да бидат во некој тренерски одбро..кој ќе ја контролира работата на стручниот штаб,и да бидат тренери на младинските категории...како и од нив да се избира тренер за првиот тим...
Има доста добри тренери меѓу нив..и секогаш мора да се смета на нив....и тие да имаат предност кога ќе се бара тренер....
Ова е во случај Пелистер да заличи на клуб некогаш,со амбиции...а вака како шо е денес,секој можи да биди управа...шо ќе прават легендите таму?
Значи прво и основно-Пелистер мора да добие нова управа,одбор на луѓе кои ќе го помогнат клубот со пари......па после се друго ќе си дојди на место...и играчи,и тренери...и др......
Вака не тераме далеку...:nenene: