Горан,брат мислам дека грешиш околу Дивиот....
Да му беше на чоекот до пари ќе си одеше многу порано-остана 6 сезони во Пелистер-од нив барем во пола сигурно не беше редовно плаќан....лично сум присуствувал на тренинзи ко ќе се караа со Спиро на времето за пари..па колку пари му се борчеа...и пак чоекот даваше максимум за Пелистер...
Во Грција со Килкис...реваншот од 1/4 финалето на Челенџ купот-му истурале Грците жешко кафе од зад голот-се издржа Дивиот,не однесе во 1/2 финале,а подоцна и во финале....
Ја клаваше глата кај шо некој други играчи ,дури и некои наши Битолчани не ја клаваа ни раката....
Се гледа какви се сега емоциите на Диви кога ќе фати некоја топка и Пирати ќе му викаат Диви,Диви-а овај не се радува така како кога ќе му скандираа 6000 грла Диви,Диви-па стативата ја турна на купот 2004 во Кавадарци со Металург....
Реков за то шо го даде за Пелистер-капата до под....точно е Пелистер го ИЗДЕЛКА ,посебно тогашниот тренер на голманите на Пелистер,бившиот голман на Пелистер-Зоран Атанасовски....
Диви доби од Пелистер-ДА.стана голман со име и презиме...но мислам дека Пелистер ДОБИ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ДИВИ....
Она шо Диви го покажа тие 6 години во Битола мислам дека е рамо до рамо со учинокот на сите голмани шо бранеле досега во Пелистер-а тука бранеле такви голмански величини како Ванчо Јовановски,Стефче Стефановски.Шандор Ходик итн...
Замина за пари-точно...е шо да прај?
Ете сакаше да се врати од Франција после толку години...кај да оди/?/Кога само два тима имаат пари да му понудат договор...
Да дојди овде за без пари-треба некој сместување да му плаќа...плата....итн...
Кој ни е крив зошто сме отепани финансиски и не можиме да си ги платиме ни нашите играчи-камоли да размислуваме да земиме некој играч од страна....
Реков да има Пелистер да му дај барем 2000 евра плата месецот,јас РАКА СЕЧАМ дека Диви ќе брани за нас...не треба 6000 евра колку шо му даде Металург...
Потпишал за Вардар....па не е првиот..
Многу играчи си заминаа..ете го Пепи...АЉУШОТ...
Јас нив појќе им се лутам,одколку на Диви-зошто?
Па не ви текнува колку пати-Аљушот не има провоцирано кога играше за Вардар...неколку пати кога во салата немаше Чкембари поради бојкотот кон тогашната управа на Спиро,Аљушо зеде сила..и шерифски ги пцуеше неговите сограѓани на трибина...
Заборава од каде излезе...и од кој град е....
Пепи кој ни покажуваше:bip:,и се фаќаше за :bip:,и ја пцуеше трибината-а во салата имаше 6000 гледачи-па после се врати една сезона во Пелистер-и заборави се...и се колнеше пак во Пелистер....пиеше во Расчекор..се гушкаше со Чкембари...се се заборави...
После снема пари и одма избегаа назад кај својот газда Михајло и Аљушот и Пепи......:violent1:
Море мрш таму-:bip:за такви играчи кои немаат ни грам почит кон Пелистер...и клубот од кај шо потекнале...
Диви,Мојсо никогаш и покрај сите навреди кои им се упатуваат од нашата публика не провоцирале,никогаш-ете го гледам Мојсо-па не игра со полна сила против Пелистер-значи чоекот има некој респект кон Пелистер-за разлика од некој други играчи кои заборавиле шо биле пред да дојдат во Битола,Пелистер ги направил луѓе и ќе дојдат овде и играат како некои боксери.....
Да не ја тупиме темата-навивачи ко навивачи-никогаш нема да се опрости зошто некои наши омилени играчи ни бегаат во Скопје-но од друга страна не смее да се заборави шо дале некои играчи за Пелистер...