UPDATE!!!!!
Не растури Вардар,заслужено,фер не здрвија со една ДЕСЕТКА-22-32 конечен скор...
Ако не се опуштеа на крајот играчите на Вардар,одкога ја направија разликата можеше да доживееме уште потежок пораз....
Вака се репризира вториот пораз на Пелистер од 10 разлика во Битола од Вардар,првиот беше некаде 2002 година...имаме и еден пораз од 11 разлика во април 2009....
Не е важна разликата,дали биле 1,3 7 15 гола разлика е сеедно,бодовите се загубени....
Загрижува леснотијата со која Вардар го доби Пелистер-среде Битола,пред повеќе од 5000 публика....
ЦЕЛОСНО ПРОЧИТАНА играта на Пелистер,одбраната на Вардар лесно се справи со слабиот напад на Пелистер....
Нападот на Вардар освен на почетокот-кога најверојатно беше сеуште под импресии од атмосферата,во првите 10 минути повеќе грешеа,потоа се стабилизираа и си ја играа својата игра....
Вардар од 32 та гола па речиси половината ги даде од контри и полуконтри-тоа кажува како функционираше нападот на Пелистер....
И тоа шо помина покрај одбраната лесно го одбрани Златко Даскаловски,фати 10 ина топки и ги откажа играчите на Пелистер-освен Златко Димитровски другите играчи на Пелистер имаа процент на успешност под 30% шо е КАТАСТРОФАЛНО....
Звонко ја УТНА ТОТАЛНО тактиката,речиси цел меч го поминавме со 5-1 одбрана,на моменти и 6-0,им се остави голем простор на бековите на Вардар и буквално НЕ УНИШТИЈА!!!!!
Дури и кога имаа 2 играчи помалку играчите на Вардар лесно ја изигруваа одбраната на Пелистер...тотално промашување во одбрана...
Ако веќе не можеа да ја држат компактна таа зона,требаше да се проба со фластер на Надовеза,се потврди моето стравување дека ќе не растури Надовеза.скоро 60% од головите Вардар ги постигна преку него....
Чиста,заслужена победа на Вардар,нема место за никакви приговори....
На моменти имаше доста тензија во салата......тензија која непотребно ја предизвикаа судиите...
При резултат 7-12 за Вардар,и исклучен играч на Вардар,Пелистер беше во напад,од клупата за рзерви влета + 1 играч на Вардар,украде топка,Вардар даде гол од контра...
Во тој момент Вардар имаше играч плус на теренот-а сеуште траеше казната на исклучениот ракометар,судиите не забележаа,публиката почна да урла и да им кажува...:nesvest:
Па ајде со тргачење исклучија со право уште еден играч на Вардар,ама мораше да биди поништен и голот на Вардар,тоа не се случи...
Пред тоа му стегнаа ДИРЕКТЕН ЦРВЕН КАРТОН на Борко Ристевски....пресече една контра,играчот на Пелистер се судри со него,и судијата му закачи црвен картон-па речиси цел меч Вардар беше со Даскаловски на гол,детето си се покажа и беше најдобар играч на Вардар....
Според она шо го видов,сметам дека Вардар оваа сезона е посилен од лани,,доста добри засилувања се Надовеза,Продановиќ......
За Пелистер шо да се кажи,подлегнаа на притисокот,направија еден куп почетнички грешки..грешки несвојствени за ракометари со такво искуство...
Толку им е силата,со ваква игра не можи да се добие сериозен тим како Вардар....
Околу атмосферата во салата,радува фактот шо по долго време салата беше ФУЛЛ исполнета,сигурно имаше над 5000 гледачи,се надевам ќе има слики,клипови од прославата на јубилејот на Чкембари....
И кога Пелистер губеше со 10 разлика,не престана подршката за играчите,шо не беше случај во минатото-кога Пелистер беше неприкосновен,тогаш пораз од 1 разлика се сметаше за трагедија,а не пак ваков дебакл,сепак сега се други времиња и лесно се прифаќаат вакви порази,мораме да биди реални и умерени во оптимизмот...
Сеуште Пелистер е далеку од некој квалитет со кој би им ги замрсил сметките на фаворитите...
Треба многу вложување,треба многу работа,посебно со младите играчи-кои за жал Пелистер ги нема во моментов,барем не во таков квалитет какви шо беа на времето...
Повеќе среќа на пролет .....