Фан клуб: РК Пелистер

Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
:nenene: грешка си друже... се загреваја, ги собраја мрежите и топките, и шо е најважно
до дома пешки си бегаја
:kesa:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Денес игравме прва утакмица на турнирот во грција. Игравме со суперлигашка екипа незнам точно како се викаше и ги тепавме 20- 35:vozbud::pos2:
 
Z

ziko bt

Гостин
Денес игравме прва утакмица на турнирот во грција. Игравме со суперлигашка екипа незнам точно како се викаше и ги тепавме 20- 35:vozbud::pos2:
ее аман де се очекваше ваков резултат грците барем не ни се конкуренција во ракомет,за очеквање е и овај турнир Пелистер да го земи.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Втората утакмица беше со шампионот на Грција- PAOK ги тепавме и нив 31- 25. Сега финале со Филипос Вериас а тие изгубија сношти од Паок па така да ке го освојме !!!!
Се газиме!!!!!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
:pehar::pehar::pehar:Освоен е турнирот во Грција,по првите две победи на стартот на турнирот-во последниот меч нерешено со Филипос Верија...
Цело време Пелистер водел ,на моменти и со 6 разлика,на 4 секунди пред крај Грците израмниле...
Како и да е,Пелистер го освои турнирот...

П.С.Пак истата работа со измените...:kesa:
Цел турнир Звонко го изигра со истата прва постава:tapp:...
Пак голем минус-зошто да не се пробаат сите играчи???
Немаме долга клупа,тие се играчите,ама сепак треба да колку е можно појќе да се одморат старите играчи како Заре,Злате,Атанасовски,Поповски...:nesvest:...
Зошто да се уморуваат,зошто да се форсираат???
Се изграа 4 утакмици за 3 дена...тоа е преголем напор....
Зошто да се ризикува со повреда на некој од играчите???
Не знам,ама ептен нелогични потези на Звонко....
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
1 утакмица во саботата и 2 вчера не се за 3 тука 2 дена !!! А ја имаше негде утакмицата или кажа некој дека со прва постава само се играше. Да не ја има некој????:hump::pishtoldz
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
1 утакмица во саботата и 2 вчера не се за 3 тука 2 дена !!! А ја имаше негде утакмицата или кажа некој дека со прва постава само се играше. Да не ја има некој????:hump::pishtoldz
Да бе ја имаше на ТВ:tv:,на Орбис ја даваа во ЖИВО:pos::pos::pos2::pos2:
Инфото ми е од еден од играчите...:smir:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.379
Поени од реакции
5.475
HB Dudelange - KH Kastrioti 30:17

Најверојатно во ЕХФ ќе играме со тимот од Луксембург, кој на реваншот во Косово ќе отпатува со огромни 13 гола разлика
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
http://zoran-misevski.blogspot.com/2010/09/rutinski-bodovi-za-zelenite.html

Не е лошо,за прв меч ,за противник како Куманово посета од 2000 луѓе е РЕКОРД за оваа лига,факт шо уште еднаш потврдува дека Битола и покрај сите проблеми во клубот е сеуште НАЈРАКОМЕТЕН ГРАД!!!
Пример за другите тн ГОЛЕМИ КЛУБОВИ,џабе и пари,џабе и се,ако нема публика која ќе го следи тимот џабе е се....
Џабе играчи,џабе странци,џабе репрезентативци-ако играат пред 50 гледачи....исто како да не се игра пред публика...
Навистина е штета за овај град,за овој голем клуб,клуб со најголема традиција во историјата на Македонскиот ракомет шо нема финансиска позадина...
Доколку се среди состојбата ќе нема место во салата Младост....
За утакмицата со Куманово-потценувачки влезе Пелистер во овој меч,се осеќаше тоа,иако на моменти имавме и 6,7 гоа разлика,ќе се опуштеа нашите играчи,а Кумановци вешто казнуваа...
На крај последните минути тотално се изгуби Пелистер,и за малку ќе беше од отово вересија,добро е шо немаше време...
Не смее ова да се повторува во иднина...доколку сакаме Пелистер да бележи добри резултати оваа сезона,мора максмиално да се игра до крај...
Куманово помина,следи Златен Даб наредниот викенд,многу тежок меч,одсекогаш незгодни биле гостувањата во Прилеп,Пелистер ќе игра со супер мотивиран противник,и доколку се покажат слабостите од денес,лесно можи да се случи да изгубиме...
Мора максимално да се пристапи на овој меч,и со победа во Пелагониското дерби мирно да се подготвуваме за дуелот со вардар на 25 ти...
Тогаш се очекува рекордна посета од над 5000 луѓе во Битола...:vozbud:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.574
Како и најавија на прес-конференцијата ракометарите на Пелистер така и започнаа со победа, да стигнат до второто место кое ќе им обезбеди учество во балканската лига која ќе се формира од идната година.

Во рамките на првото коло од Супер лигата, битолските ракометари ја победија екипата на Куманово со резултат 25:24, полувреме 15:9.
Во овој натпревар “пелистерци“ играа рутински, а дека нема да има проблеми околу тоа кој ќе биде победник е виде по првото полувреме кога на одмор се отиде со резултат 15:9. Конечниот резултат со кој заврши овој натпревар не е вистинската слика на тоа како се одвиваше, а победата на избраниците на Ѕвонко Шундовски во ниту еден монемт во завршницата на средбата не беше доведена во прашања.



Зелено-белите рутински го одиграа овој натпревар и ги прокнижија првите бодови на стартот на новата ракометна сезона.
Во првото коло Пелистер играше во следниот состав: Божиновски, Тосковски (8 одбрани), З. Димитровски 3, Недановски 4, Поповски 7, Петровски 4, Зарков 2, Јанкуловски 1, Атанасовски 2, В. Димитровски, Петковски 1, Унчевски, Чурлевски, Трајковски, Митревски 1, Стефановски.
За овој одличен старт на ракометарите на Пелистер, претседателот Ефто Божиновски вели:
-Ние највивме дека стартуваме, не со големи амбиции туку со амбиции да го вратиме Пелистер онаму каде и му е местото во балканската лига, каде Пелистер пред дваесетина години години беше реномиран член, а сите се сеќаваме какви се екипи, гостуваа во Битола и кои се екипи “паднале“ во салата “Младост“. Дека се што кажавме на пресот не е само фалба или празно зборување, потврдивме на силниот турнир во Вериа, Грција, каде убедливо го освоимве првото место, а го победивме грчкиот шампион, екипата на ПАОК, а блиску бевме до победа и против домаќинот, екипата на Верија. Но да потсетам овие ракометари и ние како Управа го немаме решено финансиското прашање кое останува наш најголем проблем.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.379
Поени од реакции
5.475
Истата песна како шо кажа Јоше !!!!
Не се прат измени се игра со скоро ист тим и последните 10 минути ги играме најслабо :kesa:
Незнам оти не проба да игра со сите играчи !! Сака 50мин да играат: Зарков, Димитровски, Атанасовски, Поповски......
Тосето цела утакмица не беше сменат, нека го клај тој шо го зедоја од Металург Јуниор добар е.....
Треба повеќе шанса да добиваат: Папата, Митревски, Унчевски....
Ова утакмица поќе ми личеше на ланските со: Тинекс, Тиквеш, МРК и со нив вака беше 1 гол разлика на крај.
То е то прва утакмица е да се надеваме дека нема да има падој во играта на наредните утакмици.
Уште еднаш покажавме дека Битола е најракометен град 1 коло со Куманово 2000 публика браво, браво се враќа полека сјајот во салата Младост.
За следната утакмица со Вардар ќе нема место во салата !!! Ќе има околу 6000-7000
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Оваа ја пропуштив, но наредната сигурно Не ! Ќе биде спетакал....
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Следува меч со РК Прилеп...
Одсекогаш Прилеп било едно од најнезгодните гостувања за Пелистер:kesa:...
И кога Пелистер имаше дрим-тимови,и беше неприкосновен секогаш тешко врвел во Прилеп....:nesvest:
Големо е ривалството на овие клуба,помеѓу играчите,публиката...
Секој резултат е можен на овие мечеви..
Околу шансите-Пелистер е фаворит ама само на хартија...
Е сеа не знам дали на Прилеп ќе му играат голманот Дупјачанец и крилото Петкоски..
Беше најавено дека заминуваат во Косово...
Доколку не играат тие,Прилеп ќе биди доста ослабен..
Сепак Бозароски многу опасен бек...,тука се и Ангелоски,Локвенец,Макало...не се имиња за потценување,и доколку Пелистер не влези максимално сериозно во мечот,тогаш се бива...и пораз не ни бега..
Доколку Пелистер влези со мирни глави,тогаш е поблиску до победата..
Ако се повтори приказната со Куманово од неделата ќе имаме проблеми...
Да се забележи победа во Прилеп и максимално да се спремиме за дуелот со вардар...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom