Ова со Звонко ми се чини и дека е единствената позитивна работа шо сум слушнал за Рк Пелистер во последно време. Ако некој знај да извади некоја млада екипа, сигурно Звонецот, друг досега неам видено.
Секоја чест на Цревото и голема благодарност до него за ланската сезона, но мислам дека неговата работа беше да исфрли некој нов играч а не со 8 души да поминиме цела сезона :nenene:
Секоја чест и на поискусните играчи, тие се не голем, туку огромен дел од историјата на клубот и секој успех е врзан за нив, но мислам дека наместо на теренот нивното место треба да е во школите за млади ракометари, во управата, а на теренот да играат играчи кои се иднината на македонскиот ракомет.
Кога веќе немаме средства за купување на третокласни срби и црногорци кои играат по селата, со што и го паѓаат квалитетот на лигата, тогаш мора да форсираме млади играчи од школата на клубот и по можност да доведеме некој перспективен играч во зависност од финансиските можности на клубот.
Околу европа, стварно незнам што да кажам :kesa: 9 месеци никој плата не добил а ние се радваме дека ни паднале кастриоти/дуделанж. Да имавме некоја екипа за да се бори со Металург, ајде де... ама вака стварно бизарна ситуација е кога сеуште не се знат играчите кои ќе играат наредната сезона.
Пред некој ден слушнав на радио дека некои си извесни средства (од ЕЛЕМ, или нешто слично не ме држете на збор) би требало да се вложат во ФК Новаци, во боксерскиот клуб, во жичарницата на Копанки, и во РК Пелистер да оди најголемиот дел. Колку од ова е вистина, или пак колку од ова ќе се оствари, никој неможи да кажи од нас.