Изгледа ова година ќе биди крај за Пелистер...
Нема никакви најави за подобрување на ситуацијата,најавено е дека повеќето ракометари сигурно го напуштаат клубот.....
А пак од управата стигнуваат некои сигнали за пријавување на екипата во Европа??:kesa:
Каква Европа какви бакрачи во овај момент...
Во ситуација кога играчите не се исплатени со месеци,кога нема основни средства за функционирање на клубот единствена опција е Пелистер уште од сега да се откажи од играњето во Европа,како пред 2 години,да не срамиме пак,да не ни се случи да немаме пари да го платиме гостувањето во некоја далечна земја-или пак ако се нафатат да ги играат двете утакмици како гости да бидиме топовска храна за некоја просечна екипа и уште повеќе да го губиме рејтингот на клубот.....
Нема чаре за клубот-нема надеж....
Од година во година е се полошо и полошо.....
Помош нема од нигде,и нема луѓе кои можат да го извадат Пелистер од калта во која е веќе длабоко потоннат,и ако остани оваа ситуација прашање на време е кога ќе се случи најлошото...
Можеби и то е чарето....
Да се почни одново од втора лига,со нов клуб,со клуб кој ќе нема борчови какви шо има Пелистер,клуб со чиста сметка,и полека полека да се врати квалитетот на Битолскиот ракомет...
Јасно е како бел ден дека само еден е ПЕЛИСТЕР,то е име кое не можи никој да го замени и засени,ама со оглед на сегашнава ситуација,тешко дека клубот ќе се врати на вистинскиот колосек...
Изгубено е се шо се создаваше овие 40 ина години,потребно е да се почни од нула,ако не можи со Пелистер,да се проба со создавање на нов клуб.....
Има некои најави дека ќе се направи нов клуб,кој ќе почни да се натпреварува во втора лига од наредната сезона....
Па барем таму ако има финансии за редовни плати,да се проба да се направи некој тим,и да се враќа полека полека заинтересираноста за ракомет во градот-па можеби ќе се најди некој инвеститор....
Кога се чисти сметките во клубот полесно да се привлечи некој помагател,кој колку толку барем би фрлал по некоја банка-за разлика од Пелистер каде буквално НИКОЈ не дава пет пари за ништо во клубот-клубот е оставен сам на себе и живее од ден за ден,,,а како шо оди работата изгледа се кратат деновите,за жал....:kesa:
Вака не оди појќе...
Навистина штета и голема катастрофа е ова шо му се случува на клубот,паѓа во вода трудот на генерации и генерации врвни ракометаримтренери,спортски работници кои постигнале врвни резултати и му донесоа на овој клуб голема слава...
Остана за џабе нивниот труд,зошто во градот на никој не му е гајле за спорт,и клубовите се оставени да проаднат-кошарката веќе пропадна,на ред е ракомето,и фудбалот е во агонија одамна,нема повеќе спорт во Битола,се е сведено на аматерска основа....:star: