Во право е Цревото за се,реално е прикажана состојбата во клубот.Ракометниот клуб Пелистер, некогашната гордост на Битола и на македонскиот спорт денес е во зоната на просечност. Ентузијазам за враќање на старите патеки има, но финансиите остануваат главна болка.
Во 18 годишната традиција на Купот на Македонија Пелистер од Битола со 5 пет трофеи и десет учества во финалните мечеви е едно од доминантните имиња.Успеси остварени главно во 90-те години.Пелистер е највпечатливото македонско ракометно име. Но,од поодамна веќе не е во прв план.
Стевче Стефановски, беше долгогодишен голман на Пелистер. Тој е едно од најистакнатите имиња во клупската историја.Денес е тренер на Пелистер. Тешко му паѓа состојбата во која се наоѓа клубот.
„ Сево ова тешко ми паѓа. Јас сум еден од оние членови од стар ков,задоен сум со идеата дека Пелистер секогаш мора да биде во врвот.Но,реалноста е сурова,а состојбата е таква каква што е“.
Квалитет има , пари не Стефановски отворено зборува за причините на урнисувањето на клубот.
Пелистер беше првата значајна станица во кариерата на најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров.
„ Има многу елементи зошто е тоа така.Нема да ја откријам Америка ако кажам дека главната причина се финансиите. Сега, како клуб со постоечката управа се бориме со сите сили некако да го одиграме ова првенство. Во целокупната состојба на клубот за Стефановски најдоброто се ракометарите.
„ Квалитет има.Во клубот играат поранешни и сегашни репрезентативци како што се Зарков, Димитровски, Атанасовски, Тосковски и да не набројувам...Сите тие во минатото беа носители на играта на репрезентацијата. Но,да не заборавиме дека кај сите што ги наведов и годините се присутни, што не е плус за Пелистер.Затоа мора да се инсистира на работа со помлади категории“, вели Стефановски.
Голема болка за верните навивачи
Пелистер во 80-те, 90-тите години беше далеку најдобар македонски клуб, беше во врвот на екс-југословенскиот ракомет, беше финалист во Купот на ЕХФ, полуфиналист во КПК...
Стефановски смета дека нема споредба со условите во кои некогаш Пелистер опстојуваше. Заедничката нишка со времето минато е само една.
„ Во моментов условите за работа се неспоредливи со оние порано. Нашата рак рана се финансиите. Но,мене ме радува ентузијазмот кој не е загубен кај играчите.Исто така и кај управата и сите оние на кои барем малку им е Пелистер при срце, ентузијазмот не спласнува“.
Пелистер беше препознатлив и по своите навивачи. Темпераментни, лојални на клубот. Обично салата Младост беше претесна сите да ги прими. Како тие го доживуваат клупскиот застој.
Битолчани посакуваат враќање на старите времиња одбележани од успесите на Пелистер
„ Многу болно. Јас како тренер сум во постојан контакт со нив и ова го знам. Ме радува само едно,дека публиката се враќа во салата Младост, ракометниот македонски храм. Неколку години наназад не сме имале полна сала. Во есенскиот дел повеќе пати ја наполнивме. Тоа беше во мечевите против Вардар и Металург, кога постоеше огромен интерес“.
Спасот во талентите
Стевче Стефановски враќањето на Пелистер го гледа во малку добра волја на градот и во правење на добра селекција на млади играчи.
„ Македонија е поднебје со многу таленти. Треба само добра волјаа во градот, да не поттурне, да ни даде елан и мотив да собереме млада екипа. Со добра работа, сигурен сум дека резултатите ќе дојдат“.
Пелистер,некогашната гордост на Битола и на македонскиот спорт денеска е во зоната на просечност. Заслужува, што е можно поскоро да излезе од неа!
Од штрајк пред Општина ама баш нема никаков ќар.Се ова е џабе кога е сервирано на ваков начин... Повремено некој весник ќе напише за Пелистер и то е то, кучината лајат караванот си врви :kesa: Најдобро е да се собериме пред општина и да штрајковаме, кога можат да штрајковат буквално сите, тогаш зошто не и ние.
Јоше можи е најповолно да се одбираат млади таленти и да се гради тим за во иднина, ама и тие си барат пари, клубот едвај обезбедува стан за играчи кои не се од Битола а замисли и другите трошоци. Тешка ситуација, според мене да бевме разумна и правна држава ќе се донесеше еден закон за спортот така што сите екипи да имаат еднаков буџет, или пак ајт аматеризам па барем да не кукаме дека сме изгубиле од Металург оти имале тридупли буџет од нашиот.
Секоја чест на сегашната управа за тоа што клубот колку-толку "преживува" од ден за ден, ама според мене (мое лично мислење) најдобро е ако не се кадарни да направат нешто повеќе во иднина, да ги остават печатите и клучевите кај Двојче во општина и тој да бара чаре.
Незнам зошто, ама никој апсолутно никој не спомна зошто не се поставени столчињата на другата трибина, сакаме да ја вратиме публика а кај треба да стои таа? на земја? Безброј ветувања за помош, за консолидација на клубот и од сето тоа ама баш ништо...
Од друга страна не отекоја со "КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ", а денар не влегва во спортот (во Битола) и нема ни да влези како што изгледа...
Пак ќе речам, се е џабе...
Никој не рече,и никој не очекува властите ДИРЕКТНО да даваат за клубовите.властите не треба да ги критикуваме што не даваат пари за клубовите,треба едноставно да скројат закон за спорт како за секоја нормална држава....дотогаш џабе е СЕ
Како бе Иве не требало да ги критикуваме !властите не треба да ги критикуваме што не даваат пари за клубовите,треба едноставно да скројат закон за спорт како за секоја нормална држава....дотогаш џабе е СЕ
Иве то е повеќе од јасно дека владите и градоначалниците не се ГРИЖАТ ДИРЕКТНО за клубовите-убаво беше објаснето во предходните мои постови,а добар реален пост имаше и од горан.гледам мојот последен пост не се прочитал цел,туку дел по дел,така се изваде од контекст мислењето и го нема истото значење!!! Горане,се бара закон за спорт каков што одамна имаат развиените земји и каде што ако вложи фирма во спортски тим добива повластувања било во олеснување на даноците кои треба да ги плати,било во повластувања во врска со концесија на одредено земјиште за градба итн,итн.... треба да ти стани јасно дека за спортските клубови не се грижат влади и градоначалници никаде во светот,освен ако не матат некои сметки преку истите
реално во градот фалат многу понеопходни работи пред спортот!!! вработување,инфраструктура(патишта дупка до дупка,водна инфраструктура во распаѓање,за среќа се работи на случајот итн да не испадни дека ги фалам властите)......бараш од политичарите да вложат во спорт,само да знаеш дека тоа не им е бранша и струка ! за спортот исклучиво треба да се грижат спортски работници,затоа што сегде каде се вмешала политиката не донесла ништо добро......исклучиво приватизација е решение и ништо друго,градот не смее на сметка на редовното функционирање на општината и нејзина надградба да го фаворизира спортот пред СЕ друго неопходно....помина времето на спортски здруженија како граѓански или општински здруженија,сега спортските клубови МОРА да се реорганизираат како во сите успешни странски лиги...дотогаш остануваме на безполезни дискусииИве то е повеќе од јасно дека владите и градоначалниците не се ГРИЖАТ ДИРЕКТНО за клубовите-убаво беше објаснето во предходните мои постови,а добар реален пост имаше и од горан.
Ама сега немој да го браниш градоначалникот,а по твоите постови заклучувам дека го браниш и му отфрлаш дел од вината за очајната состојба во спортот.
Двојче и неговата гарнитура се на власт и се диретно/индиректно одговорни за состојбата со спортот во градот.
Помогна во фудбалот пред некоја година,то е факт,беше еден од иницијаторите за враќање на Пелистер во првата лига,доста ја помогна тогашната управа на чело со Монголот,Тони Мицевски и Митко Стојковски,за то секоја чест,после се случи то шо се случи со Пелистер,откажаа спонзорите Сибе и Би-Милк и Пелистер две години не виде бел ден.
Работата на Градската Власт е да се грижи за развојот на градот,а кога во еден град немаш квалитетен спорт не можи да имаш развој на културен и духовен план,посебно на младината.
А овде најмногу затаија градските власти,посебно со гордоста на Битола-РК Пелистер!!!!
Ти кажав има мал милион начини како да го помогнат клубот-не мора со директно префрлање средства од градската каса,ќе ги задолжат јавните претпријатија да откупат блок влезници за утакмиците на домашен тере,да се обезбеди превоз за играчите,со само малку акција ќе се обезбедат најосновните елементарни услови за функционирање на клубот-барем за плати,за превоз,и за плаќање на придонесите на службените лица,има начини-но само треба да се сака и да се реализира акцијата.
Кога ќе бидат обезбедени основните средства ќе се отвори огромен простор за влез на спонзори,и тие бараат некоја сигурност-ниеден спонзор нема сам да се нафати да покрие се во клубот-мора сите да помогнат....
Денес сиуацијата со помошта на градот за спортот е мизерна,по неколку илјади евра годишно помош за клубовите:ija:
Тоа не е помош,со тие пари не можат да се покријат потребите ни за неколку дена,а камоли за 9,10 месеци колку шо трае една сезона.
Кога можеа да се организираат и да го накренат спортот во Кичево,Штип,Струмица-нашата локална власт е за секаква осуда,и не постои ништо шо ќе ги испери за оваа ситуација во која е донесен клубот.
Зошто градот Битола останува нем за состојбата со салата Младост?
Зошто не ја побара под своја надлежност?Како шо сторија скоро сите општини,само ние си седиме со :bip: в раце.
Досега ако сакаа ќе ја вратеа салата,ќе се реновираше се како шо треба и како шо беше планирано.
Срамота е за градот ова шо се случува,а во последно време не е само спортот,и во сите сектори бележиме стагнација,не стигнаа и поминаа многу општини на секој план!!!
Не се живее од ветувања и прес конференции!!!
А досега од луѓето шо навистина имаат и сила и можност да ги средат работите добиваме само ветувања,ветувања......:blabla:
Никој со прст не мрднува да се подобри работата.
Е па ќе немаме спорт,и не само спорт,туку и многу други работи немаме во градот-добри работи шо сме ги имале,а сега повеќе ги немаме,зошто директно.индиректно некој ги запустил:ija:
То е то!!!:jaj:
Добро бе Иве,толку не сфаќаш?реално во градот фалат многу понеопходни работи пред спортот!!! вработување,инфраструктура(патишта дупка до дупка,водна инфраструктура во распаѓање,за среќа се работи на случајот итн да не испадни дека ги фалам властите)......бараш од политичарите да вложат во спорт,само да знаеш дека тоа не им е бранша и струка ! за спортот исклучиво треба да се грижат спортски работници,затоа што сегде каде се вмешала политиката не донесла ништо добро......исклучиво приватизација е решение и ништо друго,градот не смее на сметка на редовното функционирање на општината и нејзина надградба да го фаворизира спортот пред СЕ друго неопходно....помина времето на спортски здруженија како граѓански или општински здруженија,сега спортските клубови МОРА да се реорганизираат како во сите успешни странски лиги...дотогаш остануваме на безполезни дискусии