незнам дали е до мене па не ја сватив приказнава како што треба или приказнава не е во ред
ке си кажам јас шо мислам па пукајте после со негативна репутација - гајле ми е
прво и основно - стилски, текстов е одвратна метафора
второ - премногу наликува на басните создадени од Езоп, кратки со мала(читај лоша) метафора со поучен крај
трето - премногу е шаблонски дадено како тоа си даваат парчиња од срце како да се самолепливи сликички за смена, и како си гледаат во срцето небаре у фаца се гледаат
четврто - нема никаква поврзаност со религија, најмалку со тоа што има натпревар (чие срце е поубаво) меѓу главните ликови (буквално ме потсека на караниците од фан клубовите на форумов - „нашиве се поарни“)
петто - се однесува на вториот параграф, шо никако неможам да го поврзам со првиот, освен зборот љубов, епа овој параграф ме потсека на писмените од 4 одделение на тема „есен“, и сите ја тупевме колку е убава есента
и има уште многу работи шо сакав да ги искритикувам ама нема зошто текстов ме потсети на некои лекции од детството (по ЗПО, Македонски ј. и физичко)