Провери дали си МСН зависник?

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
зависник сум се пронајдов скоро во сите :back:
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
1. Не одвраќам со лол:)
2. Кога одам до продавница се ставам БРБ, или пишувам дека сум до продавница.
3. Не сум скренала до толку, да не знам да се смеам!:pos2:
4. Секое име ми е копирајтед. Ај да видам некој да го стаи:) Не шала на страна, не ми се има случено ама ќе се нервирам и тоа како:)
5. Да!:)
6. Не. Уште сум во кревет кога и кажувам на сестра ми да ми го уклучи псто, а потоа мснот!
7. Не, за сестра ми да не ми влезе:)
8. И навистина не можам:)
9. за среќа не!
10. Така нешто. Не дека споро мислам, брзо пишувам:)
11. Појадувам, ручам и вечерам пред компјутерот.
12. Само на оние со кои правам муабет.
13. Ми снемува интернет и кршам се околу мене.

И приметив дека нема 14. Знам да бројам. А и финтава ја знам:)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.601
Све погодено.Убо ми викат тато,помалце на компјутер :pos:
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
И заборавив да допишам...и покрај се...си знам дека сум МСН зависник!:)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
1.Некој ти кажува виц, а ти му враќаш со ЛОЛ.

2.Треба да одиш до продавница и им пишуваш авто порака на твоите другари само за да кажеш каде си.

3.Започнуваш да велиш хехехе наместо да се смееш.

4.Се нервираш кога ќе видиш некој со online име слично на твоето.

5.Твојата контакт листа има повеќе од 100 контакти.

6.Стануваш наутро и првото нешто што го правиш по кафе е проверуваш кој е он-лајн.

7.Го имаш сетирано компјутерт, при вклучување автоматски да отвара и месенџер.

8.Не можес да си објасниш каде заминало времето.

9.Користиш кратенки како „лол“, „асл“, „плс“ наместо цели зборови.

10.Пишуваш побрзо од што мислиш.

11.За време на вечерата стануваш и одиш да провериш дали те барал некој.

12. Ако треба ќе изгубиш пола час но на сите контакти ке им кажеш 4ао.

13.Ти снемува интернет и пцуеш се живо.

15. Се пронајде барем во 5 од овие точки.


16.Не забележа дека е скокната точката број 14.

17.Се врати да провериш дали навистина ја нема, се смееш па ти текнува ти ја направиле оваа финта и друг пат.


18. Решаваш да го споделиш ова со уште еден он-лајн пријател кој е зависен од интернет како тебе.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Изгледа сум :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.830
Поени од реакции
50.094
1.Некој ти кажува виц, а ти му враќаш со ЛОЛ.
“лол’,го мразам од дно на душава,ако го изговорам или напишам да цркнам

2.Треба да одиш до продавница и им пишуваш авто порака на твоите другари само за да кажеш каде си.
јок.
3.Започнуваш да велиш хехехе наместо да се смееш.
јок кога се смеам рикам :)
4.Се нервираш кога ќе видиш некој со online име слично на твоето.
ич
5.Твојата контакт листа има повеќе од 100 контакти.
има да,од нив дали со 10 праам муабет. :)

6.Стануваш наутро и првото нешто што го правиш по кафе е проверуваш кој е он-лајн.
не баш
7.Го имаш сетирано компјутерт, при вклучување автоматски да отвара и месенџер.
да,ама апир офлајн.

8.Не можес да си објасниш каде заминало времето.
најчесто у глупости

9.Користиш кратенки како „лол“, „асл“, „плс“ наместо цели зборови.
види 1.
10.Пишуваш побрзо од што мислиш.
јок лапам букви и поима неам од куцање :):)
11.За време на вечерата стануваш и одиш да провериш дали те барал некој.
само ако имам нешо битно,те. ако ми требал
12. Ако треба ќе изгубиш пола час но на сите контакти ке им кажеш 4ао.
да бе и рака им бацувам :)

13.Ти снемува интернет и пцуеш се живо.
тоа да али не ради мсн-от
15. Се пронајде барем во 5 од овие точки.
јок
16.Не забележа дека е скокната точката број 14.
види 13 :)
17.Се врати да провериш дали навистина ја нема, се смееш па ти текнува ти ја направиле оваа финта и друг пат.
форава е ептен тапа :icon_lol:
18. Решаваш да го споделиш ова со уште еден он-лајн пријател кој е зависен од интернет како тебе.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:


абе готовоооо...


Општоприфатен став е дека сум најтапа контакт,муабет не праам поише од 5 минути пошто ако не ме прашуват не одговарам.
Компјутерот ми е нон стоп упален без разлика дали сум дома или не и некои шо пишале чат пат се веѓаат дека сум “ги избегавал’’ а оно онака нема да прочитаат ништо битно од мене.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
хмм...
ова јас летово го преведував и адаптирав за македонски услови за еден портал кој моментално не е во функција...

еве како изгледаше таа листа...

Како да знаеш дека си предолго онлајн?

1. Некој ти кажува виц, а ти му враќаш со ЛОЛ.
2. Си поминал огромна далечина за да се видиш со твојот онлајн другар.
3. Треба да одиш на продавница и пишуваш специјална авто порака за да им дадеш на знаење каде си на твоите МСН контакти.
4. Не пишуваш со интерпункциски знаци, или пак целосни реченици.
5. Започнуваш да велиш „хехехе“ наместо да се насмееш.
6. Знаеш повеќе за дневните обврски и рутини на твоите онлајн пријатели, отколку за оние на твојата сопруга.
7. Се нервираш кога ќе видиш некој со онлајн име слично на твоето.
8. Побрзо ќе им кажеш на луѓето дека потечените очи ти се од целовечерно журкање отколку да им ја кажеш вистината (седење пред компјутер цела вечер до сабајле).
9. Им пишуваш пораки на месинџер на луѓе со кои разговараш во тој момент.
10. Не би работел на работно место каде нема интернет конекција.
11. Влегуваш на месинџер и наеднаш гледаш 10 оф-лајн пораки од луѓето на твојата контакт листа.
12. Твојата контакт листа има над 100 членови.
13. Стануваш наутро и првото нешто што го правиш е приклучување на месинџер пред првото кафе.
14. Исто така, го имаш сетирано компјутерот при вклучувањето автоматски да го стартува и твојот месинџер.
15. Не можеш да си објасниш каде заминало времето.
16. Една реченица ја сместуваш во 3 (или повеќе) МСН пораки.
17. Се будиш во 3 наутро за да одиш до ВЦ но не забораваш да го вклучиш компјутерот и да видиш кој е сеуште онлајн.
18. Одбегнуваш да користиш цели зборови и користиш кратенки како „здр“, „асл“, „плс“, „п.с.“ „брб“, „бтв“ и сл.
19. Пишуваш побрзо отколку што мислиш.
20. По долготрајното мсн комуницирање сега можеш слободно да ги читаш имињата на актерите и нивните улоги при одјавната шпица на филмот.
22. Кликнуваш по два пати на копчињата на далечинскиот управувач на твојот телевизор.
23. За време на вечерата стануваш и одиш до компјутерот за да видиш дали те барал некој.
24. Ако треба ќе изгубиш и половина час ама барем ќе бидеш сигурен дека си им рекол чао на сите твои контакти.
25. Ти снемува интернет и пцуеш се живо.
26. Зависен си од компјутер и притоа супер се чуствуваш.
27. Се пронајде во барем 5 од точките наведени во текстов.

28. Не забележа дека е прескокната точката број 21.

29. Се врати да го провериш тоа, се насмеа па ти текна дека веќе ти направиле ваква финта на друг текст.
30. Решаваш да го споделиш текстов со барем уште еден твој онлајн пријател за кој знаеш дека е навлечен на интернет барем колку тебе.

дај нека каже авторот од кај му е оваа верзија што ја има...
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
Да го напоменем GARFIlD другарчето смеење му е ЛОЛ на мсн хаха невиден зависник е.А ја ... бетер.:vozbud::vozbud:
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
0
Неее..зависник сум од МСН и тоа голем..!Сите 29 прашања поставени досега ги одговарам со Да!!
Too simple,right?:kesa:
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Па баш и не сум некој зависник од овакви МСНовци и Скајпови..курци палци....
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Eве некои дополнувања:

01. Итно ти треба другар/ка, но не му/и се јавуваш преку телефон, чекаш да се појави на MSN.
02. Глупаво ти е кога не ти се сите блиски луѓе на купче на MSN и те мрзи да им се јавиш преку телефон и на тој начин да разговараш со нив.
03. Убедуваш други луѓе да си отворат MSN адреса.
04. MSN-от е вклучен цел ден, иако не разговараш со никого, но “за секој случај“.
05. Се нервираш зошто на Skype не може да се додаваат свои смајли и скинови.
06. Се имаш додадено себеси во контактите за да видиш како изгледаш кај другите.
07. Се прашуваш што се случува со контактите кои се подолг период Offline.
08. Често си ја средуваш листата на контакти, бришеш непотребни контакти и ги групираш по групи.
09. Прашуваш колку контакти имаат другите и нивната бројка ја споредуваш со таа кај тебе.
10. Иако знаеш дека можеш попаметно да го искористиш времето, упорно дремеш и чекаш да се појави некој занимлив за муабет, на MSN.
11. Имаш барем еден бот, за во случај да нема никој интересен online. :pos:


:pos: :pos: :pos:
Сите ги погоди бе :kesa:

Wilma rulz :vozbud::pos: :pos:
 
Член од
28 ноември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
хмм...
ова јас летово го преведував и адаптирав за македонски услови за еден портал кој моментално не е во функција...
дај нека каже авторот од кај му е оваа верзија што ја има...
Епа ја добив од еден другар, ми ја прати преку мсн, а тој ја најдел на пријатели мислам ама не сум сигурен :toe:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Не сум зависник :baeh:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Нема потреба да проверуем :) Зависник и пол :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom