Нема што да погодуваме кога се знаат факти од кој се гледа дека владава (според буџетот за 2009та) обезбедува пари само за администрацијата и кога интересот за вработување во истата таа администрација е драстично зголемен,особено ако се согледаат вакви работи:
Бројот на работниците во индустријата во октомври е намален за 2,2 отсто во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.Бројот на работниците во индустријата и рударството во октомври 2008 година, во однос на просечниот број работници од 2005 година, е намален за 6,6 отсто.
Бројот на работниците во секторот за вадење руди и камен во октомври 2008 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 16,4 отсто, во преработувачката индустрија е намален за 5,3 отсто и во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 8,6 отсто.
И ако може да те надополнам (дали е офтопик, не знам, се однесува на тежина на буџет), не знам дали живееш Скопје за да приметиш дека во центарот околу 10-12 саат на пауза најмногу има државни и нешто евентуално банкарски службеници. Голем број од административците не знаат саглам јазик, а од компјутери Ворд знаат као машина за куцање и ништо друго. Недај Боже зип фајл да им дадеш. Значи прием на службеници без некој критериум за јазик и пц. Еве го и сајтот
www.ads.gov.mk каде ќе видите дека постојано се бараат нови луѓе. А да завршат работа за странки, е тоа е виша математика.
У еден пост пишав дека не е цела државна админ. над 100.000, ама и ова е више многу. Ко ќе почнат да бркаат, к*рбан ќе идеме ние, а не новите кои едвам да знаат српски малку од малку. Морее, кршење то зидовите од канцелариите и ставање стаклени зидови, да се види кој и шо работи.
Инаку апсурдно, во Македонија бројот на државна администрација е обратно пропорционален на бројот на работниците во производните и услужните дејности од кои се вади леб за истата таа администрација.
Но кога се работи за наставниците и научниот кадар, не би ги нарекувал администрација туку буџетари, оти тука влагаат и здравствените и јавните фирми.
А за наставниците, па ќе видат криза кога ќе се ребалансира буџетот, ради намалување на производство, репрограмирање на долговите на фирмите должници (најновиот потег на владата), затоа што не може буџетот да опстои на оваа цифра кога во стопанството се дешаваат вакви работи. Прво и ја бев присталица за штрајк (се палев ко млад м* и потпаѓав под нечии влијанија
), ама сеа кога гледам општеството како се развива, си ќуту. Па и да намалат плата, па ќе си ќуту, пошто е оправдано, барем според мене.
Е сега ако некој не се слага за буџетарите што да правам тоа е тоа.