Скопски фестивал 2009 - одбери го твојот победник (анкета)

Победник на Евросонг!

  • Сленг – Генгста оро

    Гласови: 127 48,3%
  • Ристо Самарџиев feat. Зоран Џорлев – 103 бели лебеди

    Гласови: 14 5,3%
  • Next Time - Нешто што ќе остане

    Гласови: 29 11,0%
  • Проект Македонија – Помалку наивно

    Гласови: 10 3,8%
  • Рок Агресори - Динг донг

    Гласови: 20 7,6%
  • Даниел – Сила на љубовта

    Гласови: 2 0,8%
  • Александар Белов - Застани

    Гласови: 9 3,4%
  • Костадин Папа – За неа постојам

    Гласови: 3 1,1%
  • Влатко Лозаноски - Блиску до мене

    Гласови: 20 7,6%
  • Верче Пандиловска – Северно од мене, јужно од тебе

    Гласови: 0 0,0%
  • Браво Бенд - Девојко

    Гласови: 2 0,8%
  • Влатко Илиевски - Најбогат на свет

    Гласови: 13 4,9%
  • Калиопи & Наум - Рум дум дум

    Гласови: 12 4,6%
  • Кристијан - Нема да зборам

    Гласови: 1 0,4%
  • Дејан Трифуновски - Љубовта доаѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Андријана Јаневска – Дрво без корен

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    263
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Го пратам Евросонг одамна али мислам дека додека МРТ не застане вистински на нозе не можеме да очекуваме ништо посебно,а и кој и да пратиме и каква и да е песна мислам дека тешко дека во финале ќе влеземе.А што се однесува до Скопски фестивал мислам дека досега најдобар беше во 2000 година зашто имаше тогаш стварно добри песни кој и денес се слушаат.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Го пратам Евросонг одамна али мислам дека додека МРТ не застане вистински на нозе не можеме да очекуваме ништо посебно,а и кој и да пратиме и каква и да е песна мислам дека тешко дека во финале ќе влеземе.А што се однесува до Скопски фестивал мислам дека досега најдобар беше во 2000 година зашто имаше тогаш стварно добри песни кој и денес се слушаат.
E, да, и 2000 беше еден од најдобро организираните евровизиски избори. Пред се, излегоа многу хитови, од кои би ги издвоил „Моја Библија“ на Андријана Јаневска, „Солзи прават златен прстен“ на Тоше и „За нас“ на Каролина. И не ми е јасно како Пута Пута Љ можеа да завршат први, а Каролина и Тоше втори и трети, со максимално подобри песни. :uvo::uvo:
Тогаш имаше и интересна сценографија, која сцената визуелно ја правеше дупло поголема. Ако не се лажам, тогаш беше употребена и првата вистинска кран-камера во Македонија (барем МТВ викаше тогаш), а со 2000, единствен добар избор беше и оној 2007 (барем според мене)
 
Ј

јовица11

Гостин
Одбрани 32 песни за националниот Евросонг!


Конкурсот што Македонската Радио Телевизија го распиша за прием на композиции за фестивалот Скопје 2009 - Национален избор за Евросонг, заврши на 31. декември.

Од пристигнатите 142 композиции, на 5. јануари селекционата комисија избра 32 композиции што ќе учествуваат на Фестивалот. За имињата на изведувачите од МРТВ дополнително ќе ја известат јавноста!

Да потсетиме дека Фестивалот ќе се одржи на 19, 20. и 21. февруари 2009. година во Универзалната сала, кога ќе бидат изведени следниве композиции од дадените автори:

Добар крај - Ана Симоновска

Патувам низ времето - Зоран Илиевски

Ти пеам песна - Кире Костов

Не играј си девојко - Симон Трпчески

Дрво без корен - Андријана Јаневска

Нема да зборам - Ванчо Димитров

Повторно љубена - Стевче Грозданов

Помалку наивно - Никола Перевски и Владимир Крстевски

Љубовта доаѓа - Лазар Цветковски

Застани, солзи избриши - Григор Копров

Само сон ќе ни остане - Григор Копров

Северно од мене, јужно од тебе - Калиопи Букле

Блиску до мене - Лазар Цветковски

Отвори го срцето - Јован Василевски

Игра со нас - Димче Китрозоски

Волшебник - Блаже Темелков

Динг донг - Зоран Трпков

Земи се - Љупчо Трајковски

Мојот ТВ - Ристо Апостолов

За неа постојам - Костадин Папа

Генгста оро - Даниел Јовески

Збогување - Даниел Митревски

За крај - Давор Јордановски

Насмеј се - Здравка Мирчевска

Ме пронајде ти - Хари Котларовски

На мое место - Бојан Ѓошевски

Рум дум дум - Кире Костов

Гледаш не сум сам - Владимир Дојчиновски

Сакам да ти кажам остани - Владимир Дојчиновски

Сила на љубовта - Александар Масевски

Нешто што ќе остане - Дамјан Лазаров и Јован Јованов

Дали мислиш на нас - Гоце Симоновски

уште не се знае кои се ќе ги пее овие песни
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Волшебник - Блаже Темелков

Динг донг - Зоран Трпков

Генгста оро
- Даниел Јовески

Рум дум дум - Кире Костов
Значи по името на песниве можам да кажам дека се за никаде .. Генгста оро ?? Ми се повраќа искрено ....
Сакам да ти кажам остани - Владимир
Се кладам дека ова е бледа копија од ланската „Сакам да ти кажам оди си “
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Генгста оро - Даниел Јовески
:icon_lol:

Е ова да го чујам, да не верувам.:pos2:

По насловите на песните, ми звучи како уште едно !@#$%!
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.932
Уфф и оваа ли година ќе пратиме срање на Евросонг....ц ц ц срамота....Генгста оро :kesa:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Генгста оро - Даниел Јовески
Умирам да ја чујам оваа песна :)

Се кладам дека ова е бледа копија од ланската „Сакам да ти кажам оди си “
Глеаш стварно :) :) :)

Сакам да ти кажам остани
некако со други зборови
:)

П.С. Немојте да мрчите за ГЕНГСТА ОРО дур не ја чуете!!!

Јас уште од сега си го спремам мојот глас за таа песна, пошто искрено, само таа ќе биде достојна да ја пратиме на Евросонг.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.596
Поени од реакции
13.281
70% од овие не ги знам. На А1 има статија дека и Александар од ОТ можно е да учествува на изборот. Важно Ј.Ј го има! :pipi:

Едит- Не видов дека имињата биле авторите.
 
Ј

јовица11

Гостин
Александар не успеа да триумфира, но ќе пее на домашниот Евросонг?!

Без оглед што во текот на целиот серијал Операција Тријумф беше фаворит на публиката, македонскиот претставник Александар Белов на големото финале го освои третото место! Сепак, за Александар кој веќе стана мошне популарен, како во Македонија, така и во регионот, веќе пројавија интерес за соработка многубројни менаџери и дискографски куќи, како и композитори, а постои голема веројатност да настапи и на националниот Избор за песна на Евровизија - дознава МММ.

Во големото регионално шоу, кое ветува дека од победникот ќе направи светска ѕвезда, триумфираше 21-годишниот Аднан Бабајиќ од Босна и Херцеговина, додека на втората позиција се најде Вукашин Брајиќ од Република Српска.

Победникот на ОТ Аднан Бабајиќ од организаторот добива снимање албум, кој излегува во септември, потоа издавање на албум за дискографскиот пазар на Западна Европа, промоција во Србија и во регионот, снимање видео-спотови и регионална турнеја.

Во големото финале на Операција Тријумф учествуваа пет студенти на Академијата, од вкупно 18 кои беа избрани на крајот на септември, кога почна шоуто.
Своето мислење околу оваа тема можете да го оставите подолу, во секцијата КоМММентари...




Извор:http://www.mmm.com.mk/
 
А

Ајсшутер

Гостин
Не играј си девојко - Симон Трпчески
Ќе има глас од мене верувам дека направил подобра песна од сите други на листава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Нека го пратат тој што ќе биде способен да направи најголем циркус. Сега тоа се гледа на Евросонг.

Боки 13ка со Биг Мама, а вокали Ферус, Глоријан и Бургов. Стилист: Андреев. Текстописец: Геј Геј. Ова е и повеќе од добитна комбинација. Барем ќе се насмееме.
 
Ј

јовица11

Гостин
Нека го пратат тој што ќе биде способен да направи најголем циркус. Сега тоа се гледа на Евросонг.

Боки 13ка со Биг Мама, а вокали Ферус, Глоријан и Бургов. Стилист: Андреев. Текстописец: Геј Геј. Ова е и повеќе од добитна комбинација. Барем ќе се насмееме.
Во секој случај ќе се насмееме.Прво следи елиминација па скандал кој како ќе пее,па кој ќе биде cheef of delagation,па каде ќе се одржува натпреварот(дали во студио 1 или 2 на МТВ),па ќе избереме победник(нелегално секако),па ќе го бојкотираме истиот...Ехехехее,до мај ќе се изнасмееме и ќе се изнагледаме чуда.:helou:
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Се надевам дека Калиопи и Сиом Трпчевски направиле некои јаки балади...инаку се друго гола вода
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.583
Поени од реакции
2.605
Не ми се верува,како можи да коментирате за песни што ги немате слушнато.
Можиме до сабаље да си нагаѓаме сега ова не чини ова чини,ама дури не се слушат сите коментари се излишни....


п.с сакам ова диско оро да биди некое песниште,не за друго за инает:baeh::smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom