B
Blacks
Гостин
Не немав никаква намера ниту пак ми беше тоа зборот.. го кажав ова бидејки луѓето асумираа дека јас сум затворен седам само на комп и ништо друго не правам... затоа реков тоа што го реков не дека има врска со IQ
Неколку членови веќе ти кажаа кој ти е проблемот. Премногу си арогантен и егото ти тече низ ушите (од она што успеав да го извлечам од твоите постови). Ислушувај ги другите и научи се да цениш друго мислење, ако ти нема логика пробај да ја најдеш, пошто сигурно постои и од другата страна на ѕидот. Не сакаш да прифатиш дека и оној од спротива е можеби во право.
Имам најдобар другар кој пати од синдром на "I wanna be super intelligent" а не е. Често пати имам преќутувано кога знам дека не е во право за некои работи, но тоа е бидејќи го сакам како другар и не вреди за некои тривијални дискусии да се оддалечам од него. Стави ја на вага интелигенцијата од едната страна и причината која си со твоите другари на другата страна... Јас секогаш би го избрал второто. По природа сум ќутлив и никогаш не сакам активно да учествувам во напнати дискусии, но затоа пак тоа ме прави совршен и објективен набљудувач. Не дека немам одговор, работата е што многу пати тој одговор би можел да створи раздор помеѓу другарите. Барем јас така мислам.
Цитат од една добра песна: Kenny Rogers - The Gambler
You gotta know when to hold'em, know when to fold'em
Know when to walk away, know when to run...
И ако имаш бизнис со повеќе вработени мислам дека многу повеќе ќе просперираш ако знаеш кога да престанеш, без да навредиш некој...
BABAII!! damn it )))))))