- Член од
- 3 март 2009
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 178
Илијана, вака. Од една страна, можно е да е све ова минливо, да е се во ред со тебе, да ти е само еден период какви што имаме сите. И да ти помине за некое време. Дај боже. Ама, ако ова ти се случува подолго време, и не се чувствуваш добро, може треба да поразговараш со психолог. Не знам дали си читала погоре, претходно кога сме давале совети, секогаш сме посочувале дека нема потреба од предрасуди, и еве и на тебе тоа ќе ти го кажам, за во случај да ги имаш. Психологот не работи со болни луѓе, негова работа е да им помогне на здравите, нормални луѓе да си ги решат проблемите. Јас мислам дека е најдобро, сепак да поразговараш, чисто да знаеш сигурно, да ти каже (се надевам) дека не си во некој почетен стадиум на депресија или нешто такво. Не се ретки тие случаи, ама ако се бориш сама со проблемите, не верувам дека ќе ти биде лесно. Ете, тој секогаш ќе биде на твоја страна. Разбирам дека е форум, и колку и да можеш да се чувствуваш слободно да кажеш тука што те мачи, сепак не е како разговор во четири очи со човек. Нема да ти наштети, само ќе ти помогне. Заради себе, мислам дека е сепак најдобро да се обратиш на стручно лице што сигурно ќе те упати што понатаму, како со проблемите. Ќе се средиш секако, само храбро понатаму, и биди сигурна дека ќе дојдеш до решение.Значи:
1.На факултет сум прва год.и ништо не ми оди тешко ми е психички неможам да се кренам никако,се обидувам секој божји ден да се вратам назад аама како да има нешто шо нонстоп ме врти во круг и само надолу ме носи во пропаст.Едноставно,од нова година па наваму сум со настинки,секогаш или гллава ме боли,или стомак...нешто ми е.Кога и да си дојдам од факултет се чувцствувам преморено и ми се спие,измачување ми е да одам и да не се случува ништо,премногу ми е досадно секаде,и таму и дома.Дома си идам и морам да учам,а јас сакам да учам ид а постигнам нешто,ама ете психата не ми дозволува,нонстоп нешто ме мачи.Една вечер си немам легнато а да речам денес да ,прекрасен ден.Немам дечко,не ми смета тоа многу ама ете,некогаш се чувствувам мн осамено.Не излегувам за викенди никогаш,такви ми се условите,а тоа уште повејќе ме депримира.Знам дека не треба,двете другарки што ми беа најдобрите,едната е во друг град,другата прекина да иди на факултет,мене животот ми стана неподнослив.Ништо не е добро...ништо.Животов ми е досаден.Немам никој интересен околу мене.Јас сум таква личност,кршлива,неможам да поднесам да сум сама без некој на кој ќе му верувам,многу се чувствувам осамено,неможам да се прилагодам на ниту едно друштво,незнам со кој да се дружам,незнам...........уфф...........незнам до кај ќе оди ова грдо чувство ...незнам.