- Член од
- 3 март 2009
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 178
Види, знам колку е глупаво чувството кога некој ќе ти каже 'Како ќе мислат другите за тебе, зависи од твоето мислење за себе.' зашто тоа е едноставно факт, а за нечие мислење да се смени, свесни сме дека прво треба самите да се промениме. Епа, тоа е работата, зашто некој кога ќе ни го каже ова, ние веќе сме побарале помош за тоа КАКО ние да го смениме ставот кон себе.. И тогаш уште повеќе одиме надоле, зашто мислиме дека на сите им е полесно, и никој едноставно не разбира како ни е... Ама, еве ќе пробам да ти дадам барем малце колку толку поопширен одговор на проблемов..Добро дечки јас имам голем проблем.
Значи постојат моменти кога целосно ум смирена и задоволна од се,но има моменти кога воопшто не верувам во себе,мислам дека ништо нема да постигнам колку и да се трудам,мислам дека јас не вредам ни 5%.Сакам да верувам во себе,да бидам цврста,да не се откажувам од ништо,но колку и дасе трудам,длабоко во себе иако не покажувам пред другите,чувствувам некоја голема несигурност,едноставно како цело време да се форсирам самата себе.Некогаш незнам каде сум,мислам дека таму кај што сум не припаѓам таму,некогаш задоволна сум со тие што сум будејќи сум сакала да сум со такви фаци,и тешко ми е и тогаш е тоа кога јас престанувам да верувам во себе и се потценувам,и ги вреднувам тие затоа што ете,имам таква слика дека тие се нешто повејќе од мене.А не дека се,јас свесна сум дека сите сме исти и дека никој не е ништо појќе од никого,ама самата потсвест ми прави да се чувствувам пониско од нив ( Стварно имам проблем,знам што ми е имам размислувано за мене,не дека незнам која сум јас,ама незнам зошто,едноставно неможам да се вклопам никако во некоја средина,иако многу сакам.Страв ми е,постојано сум под притисок во себе дека некој ќе нема да ме цени,дека ќе останам без ниедно пријателство,дека нема да успеам во животот,дека нема да најдам некој што ќе биди со мене (некој што ќе биди како јас што имам замислено дека ќе е).Знам дека светот не е розов и дека животот носи се и се можиш да очекуваш од секого,па дури и од самиот себе,но јас изгубена сум самата во себе,незнам зошто тонам од ден на ден и се чувствувам се по безвредно и по безвредно од претходниот ден :Ѕ
Не сум сеуште стручен психолог, па можам да ти дадам само едноставно аматеско размислување, врз основа на моето досегашно искуство, и субјективни обиди за анализа на сличните ситуации.
Знам дека е тешко да погледнеш во себе, и со сите доблести едноставно од небо да ти падне просветлување, и од тој момент да почнеш да се сакаш себе каква што си. Океј, кажа дека знаеш која си ти, знаеш што е добро што не кај тебе, дека не си изгубена. Ама може не си ги изанализирала доволно другите. Значи, пробај, кога ќе се најдеш во таква ситуација, како онаа каде чувствуваш задоволство што си во друштво со некои луѓе, со некои свои карактеристики, секако, пробај да видиш што е тоа кај нив што тебе ти се допаѓа. Ама немој да размислуваш во насока која би ја оправдало општеството. Оди малце подалеку, остави ги на страна предрасудите и стереотипите, остави све 'што би мислеле другите на твое место'. Едноставно, направи анализа на тоа што ТЕБЕ ти се допаѓа НАВИСТИНА кај тие луѓе. Дали нивниот став кон животот, дали харизмата, смислата на хумор, популарноста, успехот? И, не застанувај овде. Да речеме кај некој ти се допаѓа тоа што е нон стоп позитивен, забавен, знае да те расположи. Пробај да видиш ЗАШТО и КАКО го прави тоа. Тогаш е веќе полесно. Само, нормално, нема тоа само со еден човек да го направиш. Пробај и кај некои луѓе што не ти се допаѓа нивното друштво, да видиш ШТО е тоа што не ти се допаѓа. Така ќе можеш да направиш некој патоказ, по кој ќе се водиш. Исто, можеш и да поработиш на себе, со особините што ќе увидиш дека ти се допаѓаат кај другите луѓе. Пробај да ги применуваш, да се однесуваш слично во слични ситуации.
Сеа, твојата состојба може да е резултат на нечие туѓо мислење за себе. Дали родителите, можеби некој пријател што ти значи, некој друг авторитет некогаш ти укажал дека не ги извршуваш добро обврските, дека не е задоволен од тебе? Зашто често таквите искуства ги потиснуваме, обидувајќи се да не мислиме на нив зашто ни е така полесно, ама тие испливуваат на површина преку нашето однесување и став кон себе. Пробај и тоа да видиш дали некогаш се случило, а можеби си го заборавила зашто ти било полесно да не мислиш на тоа? И не се секирај, се е тоа нормално. Сите го правиме тоа. Сите гледаме да ги извлечеме најпозитивните коментари од општеството, а да ги занемариме негативните, зашто така си го градиме позитивниот став кон себе. Е кога ќе откриеме дека всушност ние се бориме со себе за тој став, ова е првиот чекор кон успех. Сигурна сум дека ќе увидиш кои се тие работи, дека ќе успееш да ги примениш кај себе.
А, да. И можеш да пробаш да обрнеш повеќе внимание на работите кои ти се допаѓаат да ги правиш. Некое хоби, професионална ориентација... Не знам колку години имаш, ќе претпоставам околу 18. Пробај да се надоградуваш, да читаш повеќе за тоа што те интересира, така ќе си создадеш слика за себе, како самоактуализирана личност, што се обидува да направи нешто од себе. Пробај да го правиш повеќе тоа што го сакаш, ќе те исполнува... Дозволи си задоволство, позитивно ќе ти влијае, во секој случај. Едноставно препушти се.