Кајгана психолог

Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Добро дечки јас имам голем проблем.
Значи постојат моменти кога целосно ум смирена и задоволна од се,но има моменти кога воопшто не верувам во себе,мислам дека ништо нема да постигнам колку и да се трудам,мислам дека јас не вредам ни 5%.Сакам да верувам во себе,да бидам цврста,да не се откажувам од ништо,но колку и дасе трудам,длабоко во себе иако не покажувам пред другите,чувствувам некоја голема несигурност,едноставно како цело време да се форсирам самата себе.Некогаш незнам каде сум,мислам дека таму кај што сум не припаѓам таму,некогаш задоволна сум со тие што сум будејќи сум сакала да сум со такви фаци,и тешко ми е и тогаш е тоа кога јас престанувам да верувам во себе и се потценувам,и ги вреднувам тие затоа што ете,имам таква слика дека тие се нешто повејќе од мене.А не дека се,јас свесна сум дека сите сме исти и дека никој не е ништо појќе од никого,ама самата потсвест ми прави да се чувствувам пониско од нив :(( Стварно имам проблем,знам што ми е имам размислувано за мене,не дека незнам која сум јас,ама незнам зошто,едноставно неможам да се вклопам никако во некоја средина,иако многу сакам.Страв ми е,постојано сум под притисок во себе дека некој ќе нема да ме цени,дека ќе останам без ниедно пријателство,дека нема да успеам во животот,дека нема да најдам некој што ќе биди со мене (некој што ќе биди како јас што имам замислено дека ќе е).Знам дека светот не е розов и дека животот носи се и се можиш да очекуваш од секого,па дури и од самиот себе,но јас изгубена сум самата во себе,незнам зошто тонам од ден на ден и се чувствувам се по безвредно и по безвредно од претходниот ден :Ѕ
Види, знам колку е глупаво чувството кога некој ќе ти каже 'Како ќе мислат другите за тебе, зависи од твоето мислење за себе.' зашто тоа е едноставно факт, а за нечие мислење да се смени, свесни сме дека прво треба самите да се промениме. Епа, тоа е работата, зашто некој кога ќе ни го каже ова, ние веќе сме побарале помош за тоа КАКО ние да го смениме ставот кон себе.. И тогаш уште повеќе одиме надоле, зашто мислиме дека на сите им е полесно, и никој едноставно не разбира како ни е... Ама, еве ќе пробам да ти дадам барем малце колку толку поопширен одговор на проблемов..
Не сум сеуште стручен психолог, па можам да ти дадам само едноставно аматеско размислување, врз основа на моето досегашно искуство, и субјективни обиди за анализа на сличните ситуации.

Знам дека е тешко да погледнеш во себе, и со сите доблести едноставно од небо да ти падне просветлување, и од тој момент да почнеш да се сакаш себе каква што си. Океј, кажа дека знаеш која си ти, знаеш што е добро што не кај тебе, дека не си изгубена. Ама може не си ги изанализирала доволно другите. Значи, пробај, кога ќе се најдеш во таква ситуација, како онаа каде чувствуваш задоволство што си во друштво со некои луѓе, со некои свои карактеристики, секако, пробај да видиш што е тоа кај нив што тебе ти се допаѓа. Ама немој да размислуваш во насока која би ја оправдало општеството. Оди малце подалеку, остави ги на страна предрасудите и стереотипите, остави све 'што би мислеле другите на твое место'. Едноставно, направи анализа на тоа што ТЕБЕ ти се допаѓа НАВИСТИНА кај тие луѓе. Дали нивниот став кон животот, дали харизмата, смислата на хумор, популарноста, успехот? И, не застанувај овде. Да речеме кај некој ти се допаѓа тоа што е нон стоп позитивен, забавен, знае да те расположи. Пробај да видиш ЗАШТО и КАКО го прави тоа. Тогаш е веќе полесно. Само, нормално, нема тоа само со еден човек да го направиш. Пробај и кај некои луѓе што не ти се допаѓа нивното друштво, да видиш ШТО е тоа што не ти се допаѓа. Така ќе можеш да направиш некој патоказ, по кој ќе се водиш. Исто, можеш и да поработиш на себе, со особините што ќе увидиш дека ти се допаѓаат кај другите луѓе. Пробај да ги применуваш, да се однесуваш слично во слични ситуации.

Сеа, твојата состојба може да е резултат на нечие туѓо мислење за себе. Дали родителите, можеби некој пријател што ти значи, некој друг авторитет некогаш ти укажал дека не ги извршуваш добро обврските, дека не е задоволен од тебе? Зашто често таквите искуства ги потиснуваме, обидувајќи се да не мислиме на нив зашто ни е така полесно, ама тие испливуваат на површина преку нашето однесување и став кон себе. Пробај и тоа да видиш дали некогаш се случило, а можеби си го заборавила зашто ти било полесно да не мислиш на тоа? И не се секирај, се е тоа нормално. Сите го правиме тоа. Сите гледаме да ги извлечеме најпозитивните коментари од општеството, а да ги занемариме негативните, зашто така си го градиме позитивниот став кон себе. Е кога ќе откриеме дека всушност ние се бориме со себе за тој став, ова е првиот чекор кон успех. Сигурна сум дека ќе увидиш кои се тие работи, дека ќе успееш да ги примениш кај себе.

А, да. И можеш да пробаш да обрнеш повеќе внимание на работите кои ти се допаѓаат да ги правиш. Некое хоби, професионална ориентација... Не знам колку години имаш, ќе претпоставам околу 18. Пробај да се надоградуваш, да читаш повеќе за тоа што те интересира, така ќе си создадеш слика за себе, како самоактуализирана личност, што се обидува да направи нешто од себе. Пробај да го правиш повеќе тоа што го сакаш, ќе те исполнува... Дозволи си задоволство, позитивно ќе ти влијае, во секој случај. Едноставно препушти се.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Добро дечки јас имам голем проблем.
Значи постојат моменти кога целосно ум смирена и задоволна од се,но има моменти кога воопшто не верувам во себе,мислам дека ништо нема да постигнам колку и да се трудам,мислам дека јас не вредам ни 5%.Сакам да верувам во себе,да бидам цврста,да не се откажувам од ништо,но колку и дасе трудам,длабоко во себе иако не покажувам пред другите,чувствувам некоја голема несигурност,едноставно како цело време да се форсирам самата себе.Некогаш незнам каде сум,мислам дека таму кај што сум не припаѓам таму,некогаш задоволна сум со тие што сум будејќи сум сакала да сум со такви фаци,и тешко ми е и тогаш е тоа кога јас престанувам да верувам во себе и се потценувам,и ги вреднувам тие затоа што ете,имам таква слика дека тие се нешто повејќе од мене.А не дека се,јас свесна сум дека сите сме исти и дека никој не е ништо појќе од никого,ама самата потсвест ми прави да се чувствувам пониско од нив :(( Стварно имам проблем,знам што ми е имам размислувано за мене,не дека незнам која сум јас,ама незнам зошто,едноставно неможам да се вклопам никако во некоја средина,иако многу сакам.Страв ми е,постојано сум под притисок во себе дека некој ќе нема да ме цени,дека ќе останам без ниедно пријателство,дека нема да успеам во животот,дека нема да најдам некој што ќе биди со мене (некој што ќе биди како јас што имам замислено дека ќе е).Знам дека светот не е розов и дека животот носи се и се можиш да очекуваш од секого,па дури и од самиот себе,но јас изгубена сум самата во себе,незнам зошто тонам од ден на ден и се чувствувам се по безвредно и по безвредно од претходниот ден :Ѕ
Почувствувај го стравот и соочи се со него - Сузан Џеферс Ќе се пронајдеш во книгава и многу ќе ти помогне има да уживаш во секој можен момент, да се чувствуваш сигурна, жива и на таквите моменти ќе почнеш да гледаш како на искуство.
ии... еден голем совет од мене .. ТРЕНИРАЈ НЕШТО, биди активна, трчај влези во форма. :) Во здраво тело здрав дух ;) - нема да имаш време да се тупиш со такви анксиозни мисли и многу постабилна стануваш.
(многу помага од искуство)
поздрав
 
Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Дали често чуствувате грижа на совест, ако чуствувате - на што се однесува таа и како ја победувате/ надминувате?

Јас се трудам да уживам и во тагата исто толку колку и во среќата, да ја препознаам, да станам свесна за причината за истата и да си кажам како што има ден-постои и ноќ, ништо не е вечно
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
Значи има моменти кога немо=ам,како на пример сега...се чувствувам мн осамено,никако,без никаква наде= или =елба за =ивот
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Од тоа што го кажа неможе да се заклучи ништо конкретно... затоа, би било добро да кажеш повеќе детали... пример, колку години имаш, колку често се чувствуваш така, дали има некоја причина и слично?
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Значи има моменти кога немо=ам,како на пример сега...се чувствувам мн осамено,никако,без никаква наде= или =елба за =ивот
Никогаш не си осамена ги имаш твоите најблиски и тие се единстевни кои искрено и секогаш ќе те сакаат. Мораш да имаш некој неостварена желба и поради тоа вети си себеси дека ќе направиш се' што е во твоите можности за да ја оствариш, и со самото тоа ќе направиш нешто со себе и својот живот, цели кон нешто. Исполни си го времето со работите кои ги сакаш и кои те исполнуваат без разлика што мислат луѓето околу тебе.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Значи има моменти кога немо=ам,како на пример сега...се чувствувам мн осамено,никако,без никаква наде= или =елба за =ивот
Ама, зашто не можеш? Ако не ни дадеш повеќе детали за твоите околности, не можеме да ти помогнеме, и да сакаме. Добро, се подразбира дека од нас не можеш да добиеш не знам какви совети, ама ете некој барем ќе се потруди да ти помогне колку толку. Само напиши нешто повеќе...
 
Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Илијана,

Навистина - отвори ни се тука - па овде сите сме за да ти биде подобро, а не полошо
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
Значи:
1.На факултет сум прва год.и ништо не ми оди тешко ми е психички неможам да се кренам никако,се обидувам секој божји ден да се вратам назад аама како да има нешто шо нонстоп ме врти во круг и само надолу ме носи во пропаст.Едноставно,од нова година па наваму сум со настинки,секогаш или гллава ме боли,или стомак...нешто ми е.Кога и да си дојдам од факултет се чувцствувам преморено и ми се спие,измачување ми е да одам и да не се случува ништо,премногу ми е досадно секаде,и таму и дома.Дома си идам и морам да учам,а јас сакам да учам ид а постигнам нешто,ама ете психата не ми дозволува,нонстоп нешто ме мачи.Една вечер си немам легнато а да речам денес да ,прекрасен ден.Немам дечко,не ми смета тоа многу ама ете,некогаш се чувствувам мн осамено.Не излегувам за викенди никогаш,такви ми се условите,а тоа уште повејќе ме депримира.Знам дека не треба,двете другарки што ми беа најдобрите,едната е во друг град,другата прекина да иди на факултет,мене животот ми стана неподнослив.Ништо не е добро...ништо.Животов ми е досаден.Немам никој интересен околу мене.Јас сум таква личност,кршлива,неможам да поднесам да сум сама без некој на кој ќе му верувам,многу се чувствувам осамено,неможам да се прилагодам на ниту едно друштво,незнам со кој да се дружам,незнам...........уфф...........незнам до кај ќе оди ова грдо чувство ...незнам.
 
T

Tetro

Гостин

1. Полека, не избрзувај многу.
Излези надвор и прошетај пола саат, после да се вратиш дома и да легнеш да спиеш пред 00ч.

Стануваш утре рано сабајле, пред 6 саатот и пиеш чајче (горски, шумски некој) излегуваш од дома, ако си на факултет уште рано и после дома си доаѓаш...

Јадење минимум 3-пати дневно, уште подобро е ако пиеш течности повеќе од 2 литри (но немој премногу газирани пијалоци) И ИЗБЕГНУВАЈ КОФЕИНСКИ НАПИТОЦИ.

За друго, ќе ти испратам ПП утре, само кажи ми живееш со родители или од друг град си?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Значи:
1.На факултет сум прва год.и ништо не ми оди тешко ми е психички неможам да се кренам никако,се обидувам секој божји ден да се вратам назад аама како да има нешто шо нонстоп ме врти во круг и само надолу ме носи во пропаст.Едноставно,од нова година па наваму сум со настинки,секогаш или гллава ме боли,или стомак...нешто ми е.Кога и да си дојдам од факултет се чувцствувам преморено и ми се спие,измачување ми е да одам и да не се случува ништо,премногу ми е досадно секаде,и таму и дома.Дома си идам и морам да учам,а јас сакам да учам ид а постигнам нешто,ама ете психата не ми дозволува,нонстоп нешто ме мачи.Една вечер си немам легнато а да речам денес да ,прекрасен ден.Немам дечко,не ми смета тоа многу ама ете,некогаш се чувствувам мн осамено.Не излегувам за викенди никогаш,такви ми се условите,а тоа уште повејќе ме депримира.Знам дека не треба,двете другарки што ми беа најдобрите,едната е во друг град,другата прекина да иди на факултет,мене животот ми стана неподнослив.Ништо не е добро...ништо.Животов ми е досаден.Немам никој интересен околу мене.Јас сум таква личност,кршлива,неможам да поднесам да сум сама без некој на кој ќе му верувам,многу се чувствувам осамено,неможам да се прилагодам на ниту едно друштво,незнам со кој да се дружам,незнам...........уфф...........незнам до кај ќе оди ова грдо чувство ...незнам.
повторувам најди хоби почни да тренираш нешто ако немаш услови за тоа сеа кога ќе затопли обавезно трчај низ населба.. кеј .. парк.. Прави нешто што никогаш не си направила,ризикувај , превземи ризици ..
И пак повторувам земи прочитај ја книгата што ти ја порачав во предходниот пост МНОГУ ќе се пронајдеш во неа и животот ќе ти се смени за 360
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.718
Поени од реакции
13.433
Значи:
1.На факултет сум прва год.и ништо не ми оди тешко ми е психички неможам да се кренам никако,се обидувам секој божји ден да се вратам назад аама како да има нешто шо нонстоп ме врти во круг и само надолу ме носи во пропаст.Едноставно,од нова година па наваму сум со настинки,секогаш или гллава ме боли,или стомак...нешто ми е.Кога и да си дојдам од факултет се чувцствувам преморено и ми се спие,измачување ми е да одам и да не се случува ништо,премногу ми е досадно секаде,и таму и дома.Дома си идам и морам да учам,а јас сакам да учам ид а постигнам нешто,ама ете психата не ми дозволува,нонстоп нешто ме мачи.Една вечер си немам легнато а да речам денес да ,прекрасен ден.Немам дечко,не ми смета тоа многу ама ете,некогаш се чувствувам мн осамено.Не излегувам за викенди никогаш,такви ми се условите,а тоа уште повејќе ме депримира.Знам дека не треба,двете другарки што ми беа најдобрите,едната е во друг град,другата прекина да иди на факултет,мене животот ми стана неподнослив.Ништо не е добро...ништо.Животов ми е досаден.Немам никој интересен околу мене.Јас сум таква личност,кршлива,неможам да поднесам да сум сама без некој на кој ќе му верувам,многу се чувствувам осамено,неможам да се прилагодам на ниту едно друштво,незнам со кој да се дружам,незнам...........уфф...........незнам до кај ќе оди ова грдо чувство ...незнам.
Вака сеа...

Најпрво ако ја бараш причината на сево ова, само ќе навлезеш подлабоко во самиот проблем. Пробај да смениш нешто во навиките. Смени го малку дневниот тек на работите (нормално онаму каде што можеш).
Смени ја истотака и исхраната малку кон подобро (ако си во состојба). Промените се секогаш добредојдени во животот, ма колку и да се тешки на почетокот. Не очекувај дека веднаш после ова ќе биде подобро и дека ќе цветаат ружи. Тоа е најголемата заблуда ако очекуваш.
Сконцентрирај се на факсот од друг агол, ако не ти оди учењето. Пробај со некој да учиш, да посетуваш читални ако досега тоа не си го направила. Немој да си кажеш дека не можеш за некои работи кои не си се ни обидела. На крај нема што да загубиш. Вака само знаеш дека немаш излез. Онака... зошто да не се обидеш.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Ilijana02,полека смири се...ова е стандард појава кај сите млади,не само кај тебе..Баш би сакала да знам за колку време ке ти помине...Како да се читам самата себеси зошто пред некој период јас бев ваква слична.Депресивна,ма што да ти зборувам.Не бев таа која ја познаваа лугето околу мене...Велиш другарките со кои си се дружела ги нема веке.И дека не можеш да се прилагодиш на било кое друштво.Можно е да не ти одговараат,ти мирна и повлечена а тие да негуваат сосема друг начин на живот.Јас имав големо друштво ама еден ден се шекнав кога дознав што сториле.Едната се омажи на млади години,другата отиде во странство третата во друг град да студира и сама останав...иако имав голем круг на пријателства а подоцна си најдов друго друштво иако не беа баш такви ко мене.
Бев толку лута,што сите се плашеа да излезат пред мене,бев толку разочарана и од други работи пред се од една личност која ме разочара а за жал доцна открив каква е,што еднаш исклучив компјутерот и почнав да го клоцам кукиштето да фрлам мечиња и перници само да ми помине нервозата.Ме немаше некој период на пц и се сменив,се препородив.
Сакам да кажам дека дружи се со некој само да не си сама,зошто ке бидеш повеке депресивна.Сфакам можеби и околината во која живееш е таква,затоа ти се случува тоа.Одалечи се од компјутер,шетај,дружи се,најди нешто што те радува и прави го.
Сакам да ми кажеш каков ти е односот со родителите?Имаш брат или сестра?како стоиш со нив.Зошто не разговараш со нив и не им кажеш како стојат работите,мислам дека тие би те советувале подобро отколку ние овде зошто е полесно да се каже од страна,а не сме во твоја кожа.
Си имала ли дечко досега?можеби лоша врска и разочарување те довело до ваква ситуација...Не знам, не сакам да погодувам.
Пробај да се измениш во карактерот,не сфакај се здраво за готово.Не се нервирај за секоја ситница,иди на доктор,кажи му како стојат работите со твојот апетит,ке ти препише неколку витамини иако ти препорачувам да ги пиеш оние кои ми ги препишаа мене Б комплекс,ке ти се врати апетитот.
Не се заебавај ке закачиш некоја болест.
Знам дека е тешко но пробај,обиди се.
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Па и јас имам проблем со тие шо се преценуват,оти јас се потценувам.
Имам потенцијал ама едноставно...не знам како да го искористам цел.
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Со обидов да пронајдеш решение на твојов проблем, те уверувам дека си го решила.Само не се откажувај пред тоа да се случи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom