Chapstick
Сам свој психолог
- Член од
- 7 август 2009
- Мислења
- 2.986
- Поени од реакции
- 311
Па,кога се обидувам да разговарам со нив се вадат со: ако сакаш да направеш нешто-ке најдеш начин а ако не сакаш да направеш нешто-ке најдеш оправдување.Океј, значи прво разбери дека твоите не ти го праат ова да ти го уништат животот или да те малтретираат, они веруваат дека прават добра работа, дека вака ќе имаш повеќе опции во иднина ако се премислиш итн. Тоа што си прва година, во нивни очи те прави мала и пубертетлија, а обично луѓето во оваа возраст ги менуваат своите одлуки на секои 15 минути. Освен тоа, родителите се плашат дека во такво училиште ќе навлезеш во лошо друштво и дека ќе тргнеш по лош пат, можеби со алкохол/дрога/ран секс итн, и нивните стравови се оправдани со оглед на тоа што се слушнале дека се случува.
Мој совет е да ги седнеш уште еднаш и најсмирено да им кажеш дека ти си одлучена дека тоа ќе го учиш во иднина и дека со тоа што те тераат да учиш во тоа школо само те уназадува и дека ќе имаш проблеми во иднина кога на факултет нема да знаеш она што ти треба навистина. Кажи им дека се гадиш од крв и дека со тој факт ти не можеш да се занимаваш со нешто што е поврзано со крв низ целото работно време.
Кажи им дека сама сакаш да одлучиш за твојата иднина затоа што во иднина треба да го работиш она што го сакаш, а не она што го мразиш. И дека ако згрешиш во своите одлуки, дека треба сама да се освестиш за тоа а не цел живот да ги обвинуваш нив.
Ти поенцирам смирено да збориш со нив, зашто они секое твое повишување на глас, секое карање го гледаат како пубертетлиско однесување и нема да те сватат сериозно.
Е сега, имаш опција, доколку не го прифатат ова фино објаснување, кажи им дека ти нема да одиш во школо се дур не се префрлиш таму кај што сакаш, едноставно нема да присуствуваш на часови зашто не гледаш поента да одиш таму. Само да ти кажам дека ова може да испадне лошо зашто е уцена, али ако е единствен избор што го имаш, некогаш може да делува.
И втора опција ( за која повеќе гласам јас ) е да им кажеш дека си размислила убаво за она што го велат они и дека ќе продолжиш да одиш во тоа училиште, но ти би сакала да одиш на курс за да ги надокнадиш знаењата кои би ги добила во другово училиште каде што сакаш да се префрлиш. Единствено така, твоите би биле мирни дека одиш во „примерно“ училиште, дека твоите опции за идна професија се отворени, а и ти ќе го учиш она што го сакаш.
Секако, сигурна сум дека за ова ќе треба да има повеќе трошоци, но тоа е мирниот начин да си ги решиш работите и двете страни да бида задоволни.
У смисол јас нејкам да учам.
А сакам да учам,само од банални предмети не можам да посветам внимание на тоа шо го сакам.