Кајгана психолог

Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Во врска сум веќе 5 месеци...баш вчера ги направивме тие 5 месеци. Се беше во најдобар ред, излеговме, бевме заедно како и секогаш. Знаете по некоја солза радосница, ништо не е сменато од првиот миг. Којзнае колку пати ми изјави љубов, а и ја видов во нејзините очи...истиот поглед што го имаше и првиот пат и секогаш кога ќе ги изговореше тие зборови... И наеднаш неколку часа потоа ми пишува дека тоа што го чувствува не е исто повеќе, дека се веќе поминало. Нормално не и верувам, ни разумот ни срцето не и веруваат на нејзините зборови. Прашувам што може да се смени за неколку часа.. но не добивам одговор... Не знам како може да биде така. Можеби во друго време би поверувал дека е вистина, но сега едноставно НЕМОЖАМ!! Знаете ова што го чувствувам е од оние ретки случаи кога ние машките сме пронашле се во една девојка, и вложуваме се во врската... Досега сме немале ни една караница, а и таа се однесувше исто како и јас.. Беше идеално...Знам дека беше вистинска љубов покрај сите разочарувања кои ги имав во минатото...за првпат почувствував љубов...возвратена љубов. Сега се плашам, од секое утро што доаѓа.. Се плашам и се прашувам што понатаму... Може ли за неколку часа да исчезне она што си го градел со сето срце...она што таа еден час пред да го речи ова ми го изјави...и и го видов во очите беше реално и искрено... ТЕ САКАМ.....?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Морам да признаам дека не било баш убаво тоа што ти го направила девојката, без никакво објаснување. Со оглед на тоа дека се ви одело одлично пред тоа, не гледам причина зашто би го направила тоа, после само неколку саати убав помин. Знам дека ти е тешко, дека може најмалце ти треба песимизам сега, ама штом се обрати тука, значи очекуваш помош. Па, еве. Дали си сигурен дека девојката не се гледала со некој друг? Зашто овој гест изгледа како под притисок да го направила тоа, штом се изгледало најприродно пред тоа. А можеби и нема врска со ова. Можеби само зборувам глупости. Дај боже да е така. Размисли, да не има проблем со нејзините, можеби се премногу строги, не и дозволуваат да има момче... Не знам колку години имате, и колкаво влијание имаат родителите врз вас сега... Ама не го изоставувај тоа како опција. Дали си размислил, каква е таа навистина како личност, кои особини и се навистина својствени, што и се допаѓа, што не? Бидејќи постојат безброј примери за парови кои престанале да функционираат од едноставна причина што едниот не знае да каже што не му се допаѓа и му пречи. Па затоа се случувале ненадејни раснинувања, кога тој некој конечно ќе си го каже она што смета дека партнерот го знае. А всушност, од каде би го знаел ако таа постојано има задоволен израз на лицето, искрено ти вели дека те сака... А и фактот дека после 5 месеци вие сеуште сте се немале скарано. Звучи идеално, ама дали е навистина возможно двајца да се сакаат, да бидат заедно без никакви проблеми, без притоа во ни еден момент да немаат ситуација на судир на интереси? Размисли, зашто постои веројатност таа да е таква личност што не знае што и пречи, немала храброст да каже, или едноставно немала зборови да го каже тоа. Јави и се, прашај ја. Ако не сака да разговара, можеш и на врата да и отидеш. Зашто многу е нефер од нејзина страна после се да те остави без разговор и објаснување. Само нека не ти биде пристапот во смисла: 'Што ти е на тебе проблемот, како можеше ова да ми го направиш?!', туку мислам дека повеќе шанса да ти одговори и да разговара навистина имаш ако и пристапиш со зборовите: 'Добро, сфаќам дека си решила дека не сакаш повеќе да бидеш со мене, и не сакам да те напнувам, и ја почитувам твојата одлука, како што те почитувам и тебе самата. Само, би сакал навистина да ми дадеш прилика да дознаам кои биле причините за ова, зашто јас не се чувствувам виновен за нешто. А во случај да сум, ти се извинувам најискрено ако сум згрешил јас нешто. Само те замолувам ако може да ми кажеш што е причината за крај, и ако е навистина ова твојата конечна одлука, нема да ти се мешам и ќе се тргнам на страна. Немам намера да ти досаѓам и да те убедувам да бидеш со мене ако тоа не е она што го сакаш.' Мислам дека после ова нема шанса да не ти објасни. А ако сварно не ти објасни ни после твојот фин став, тогаш воопшто немој да мислиш дека проблемот е во тебе, тогаш таа нема да испадне фер. А ако некој е нефер, апсолутно не ја заслужува твојата искрена и безусловна љубов.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Во врска сум веќе 5 месеци...баш вчера ги направивме тие 5 месеци. Се беше во најдобар ред, излеговме, бевме заедно како и секогаш. Знаете по некоја солза радосница, ништо не е сменато од првиот миг. Којзнае колку пати ми изјави љубов, а и ја видов во нејзините очи...истиот поглед што го имаше и првиот пат и секогаш кога ќе ги изговореше тие зборови... И наеднаш неколку часа потоа ми пишува дека тоа што го чувствува не е исто повеќе, дека се веќе поминало. Нормално не и верувам, ни разумот ни срцето не и веруваат на нејзините зборови. Прашувам што може да се смени за неколку часа.. но не добивам одговор... Не знам како може да биде така. Можеби во друго време би поверувал дека е вистина, но сега едноставно НЕМОЖАМ!! Знаете ова што го чувствувам е од оние ретки случаи кога ние машките сме пронашле се во една девојка, и вложуваме се во врската... Досега сме немале ни една караница, а и таа се однесувше исто како и јас.. Беше идеално...Знам дека беше вистинска љубов покрај сите разочарувања кои ги имав во минатото...за првпат почувствував љубов...возвратена љубов. Сега се плашам, од секое утро што доаѓа.. Се плашам и се прашувам што понатаму... Може ли за неколку часа да исчезне она што си го градел со сето срце...она што таа еден час пред да го речи ова ми го изјави...и и го видов во очите беше реално и искрено... ТЕ САКАМ.....?
Ако сакаш да слушниш сочуство, си ја згрешил темава....
Значи или чупето никогаш не те ни сакало(значи немаш добра перцепција)....или....јави и се, и речи и нека ти кажи лично, не да ти пиши...тогаш, без да не прашаш, ќе знаеш и зошото и како...
 
А зашто да ја згрешил темава? Точно дека темава е наменета за совети, ама ако му е тешко на некој иако знае дека за некој проблем нема баш решение, може да се пожали, да го поддржиме, ќе му олесни барем, колку толку... Не е солидарно ова што си го пишал. Којзнае колку му е тешко сеа на чоекот, а ти вака му викаш...
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Во врска сум веќе 5 месеци...баш вчера ги направивме тие 5 месеци. Се беше во најдобар ред, излеговме, бевме заедно како и секогаш. Знаете по некоја солза радосница, ништо не е сменато од првиот миг. Којзнае колку пати ми изјави љубов, а и ја видов во нејзините очи...истиот поглед што го имаше и првиот пат и секогаш кога ќе ги изговореше тие зборови... И наеднаш неколку часа потоа ми пишува дека тоа што го чувствува не е исто повеќе, дека се веќе поминало. Нормално не и верувам, ни разумот ни срцето не и веруваат на нејзините зборови. Прашувам што може да се смени за неколку часа.. но не добивам одговор... Не знам како може да биде така. Можеби во друго време би поверувал дека е вистина, но сега едноставно НЕМОЖАМ!! Знаете ова што го чувствувам е од оние ретки случаи кога ние машките сме пронашле се во една девојка, и вложуваме се во врската... Досега сме немале ни една караница, а и таа се однесувше исто како и јас.. Беше идеално...Знам дека беше вистинска љубов покрај сите разочарувања кои ги имав во минатото...за првпат почувствував љубов...возвратена љубов. Сега се плашам, од секое утро што доаѓа.. Се плашам и се прашувам што понатаму... Може ли за неколку часа да исчезне она што си го градел со сето срце...она што таа еден час пред да го речи ова ми го изјави...и и го видов во очите беше реално и искрено... ТЕ САКАМ.....?
Навистина ми е чудно,така без никакво објаснување да стави крај а претходно никакви знаци на такво нешто,туку искажување на чуства....Незнам,но сигурно има причина,ние женските понекогаш знаеме и да претераме.Моја претпоставка е да не е случајно дознала некои работи во врска со тебе кои ја повредиле,да не си ја изневерувал па дознала,зошто инаку такво однесување без причина.Друга претпоставка е некој да не е вршел притисок,на пример нејзините родители да не се согласуваат...друго незнам што би можело да биде.Но во секој случај обиди се да стапиш во контакт и да ти ги појасни работите,не го оправдувам таквото однесување,па било за што да се работи.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Во врска сум веќе 5 месеци...баш вчера ги направивме тие 5 месеци. Се беше во најдобар ред, излеговме, бевме заедно како и секогаш. Знаете по некоја солза радосница, ништо не е сменато од првиот миг. Којзнае колку пати ми изјави љубов, а и ја видов во нејзините очи...истиот поглед што го имаше и првиот пат и секогаш кога ќе ги изговореше тие зборови... И наеднаш неколку часа потоа ми пишува дека тоа што го чувствува не е исто повеќе, дека се веќе поминало. Нормално не и верувам, ни разумот ни срцето не и веруваат на нејзините зборови. Прашувам што може да се смени за неколку часа.. но не добивам одговор... Не знам како може да биде така. Можеби во друго време би поверувал дека е вистина, но сега едноставно НЕМОЖАМ!! Знаете ова што го чувствувам е од оние ретки случаи кога ние машките сме пронашле се во една девојка, и вложуваме се во врската... Досега сме немале ни една караница, а и таа се однесувше исто како и јас.. Беше идеално...Знам дека беше вистинска љубов покрај сите разочарувања кои ги имав во минатото...за првпат почувствував љубов...возвратена љубов. Сега се плашам, од секое утро што доаѓа.. Се плашам и се прашувам што понатаму... Може ли за неколку часа да исчезне она што си го градел со сето срце...она што таа еден час пред да го речи ова ми го изјави...и и го видов во очите беше реално и искрено... ТЕ САКАМ.....?
Кажа дека сте немале ниту една караница, можеби е тоа причината имало работи што и пречеле но си ќутела, и сега и се собрале повеќе работи и неможела да издржи и сето тоа довело до таква реакција. Значи сево ова е претпоставка се обидувам да ти помогнам, но секако најубаво е да си ја прашаш неа. И тука си пишал дека се плашиш што понатака, сепак 5 месеци не се многу, знам случаеви каде што врските им биле по 4-5 год и била мн посериозна работата па се дешавале вакви работи. Поради тоа немој да се разочаруваш(незнам колку години имаш) али гледај на светлата страна, гледај на ова како искуство плус, а за девојки не се секирај девојки имало и ќе има:smir:
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Дали ви се случило, некој многу да ве повреди, значи ептен да ви згреши... и само да размислувате за тоа како да вратите, да чекате прилика? одамна се случи се, ама не можам да заборавам, не може еден ден да помине а да не помислам на тоа. Се опседнав со тоа дали може да направам нешто за да се одмаздам, постојано мислам на тоа како личноста да пати, како да плати за се, знам дека ништо не можам да направам, но се опседнувам со тоа што се случи и со тоа што не можам да вратам со иста мера или полошо, се оптоварувам со тоа дека ќе помине туку така, без никој да си ги плати грешките, како да заборавам... не можам со месеци трае ова
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин

Да,се случило на мене...Сум сакала да вракам дупло полошо од тоа што ми го сториле но по некое време заборавив на тоа да вратам на таа личност,од чиста причина што не заслужува да се замарам и да мислам на тоа.
Незнам зошто сакаш да вракаш кога ништо не добиваш ти со тоа што ке се одмаздиш?
Ништо.Ке дојдат и твоите 5 минути,затоа искористи ги добро но без одмаздување.Тркалото се врти кога тогаш,запомни.
Можеби и овие зборови не ти се некое олеснување ама таков е животот.Ни приредува постојано замки а твое е како ке ги поминеш нив.
Животот е пред тебе а ти да мислиш на такви работи не е вредно.
Не се обидувај да се навракаш во минатото зошто ко што гледам дека не ти било лесно.Гледај кон иднината,мисли на убави работи.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Дали ви се случило, некој многу да ве повреди, значи ептен да ви згреши... и само да размислувате за тоа како да вратите, да чекате прилика? одамна се случи се, ама не можам да заборавам, не може еден ден да помине а да не помислам на тоа. Се опседнав со тоа дали може да направам нешто за да се одмаздам, постојано мислам на тоа како личноста да пати, како да плати за се, знам дека ништо не можам да направам, но се опседнувам со тоа што се случи и со тоа што не можам да вратам со иста мера или полошо, се оптоварувам со тоа дека ќе помине туку така, без никој да си ги плати грешките, како да заборавам... не можам со месеци трае ова
Okej, и ете, да замислиме дека ти му враќаш на тој што ти згрешил, направиш нешто да пати и го повредиш...
И што тогаш? Ќе се осеќаш нешто поубаво, нешто повредно? Ќе ти помине болката која ти е нанесена?
Која е поентата, нема да и биде пубаво, ниту полесно... Само ќе се осетиш лошо зашо си се однесувала како „лош човек“, нишо подобро нема да се случи.
Нема да ти процветаат рози, нема да ти помине болката, нема да се надокнади...
Што и да се случило, прифати го тоа како лекција во животот и продолжи понатаму, види ги и искористи ги можностите и приликите што ти се пружаат. Покажи му на тој некој - дека и без него имаш убав живот. Не живеј во минатото, гледај да уживаш во сегашноста и иднината..
 
Па да, ама не ни можам да му вратам, не сум способна до толку... не сум така скроена... само сакам да не се оптоварувам секој е*ан ден со тоа, сакам да знам како да не мислам на тоа...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Па да, ама не ни можам да му вратам, не сум способна до толку... не сум така скроена... само сакам да не се оптоварувам секој е*ан ден со тоа, сакам да знам како да не мислам на тоа...
Кога ќе ти текне на тоа, пренасочувај си ги мислите кон нешто друго, наоѓај си занимации...
Нема конкретен лек за тоа, треба сама да се потрудиш да ги баталиш таквите мисли..
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Дали ви се случило, некој многу да ве повреди, значи ептен да ви згреши... и само да размислувате за тоа како да вратите, да чекате прилика? одамна се случи се, ама не можам да заборавам, не може еден ден да помине а да не помислам на тоа. Се опседнав со тоа дали може да направам нешто за да се одмаздам, постојано мислам на тоа како личноста да пати, како да плати за се, знам дека ништо не можам да направам, но се опседнувам со тоа што се случи и со тоа што не можам да вратам со иста мера или полошо, се оптоварувам со тоа дека ќе помине туку така, без никој да си ги плати грешките, како да заборавам... не можам со месеци трае ова
Види, на сите ни се десиле лоши работи, и немало да се десат ако не би постоеле луѓе кои ги предизвикале. И сите ние сме дошле во ситуација да сакаме да се одмаздиме, да предизвикаме болка како што ни била нам предизвикана... Ама, дали тогаш би биле чисти пред себеси? Дали тогаш ќе имаме било какво право да го погледнеме во очи, и да му кажеме дека ни згрешил, дека не повредил? Што ќе добиеме, а што ќе изгубиме со враќање на штетата? Дали тогаш ќе добиеме правда? Дали? Чувство дека тогаш се е вратено во нормала? Или пак, ќе го изгубиме правото да бидеме повредени и да имаме кого да обвиниме за тоа? Зашто, ако вратиш, веќе нема да имаш право на тоа. А сите, потајно, трагаме по виновници за нашите грешки. И кога ќе ги најдеме, кога навистина ќе поверуваме дека се тие виновни за нашите гревови, тогаш ни е полесно. Секогаш е полесно некој друг да ја носи твојата вина. Нема да му вратиш. Ќе го повредиш, да. Ама дали во твоите чувства ќе биде присутен фактот дека сте изедначени? Секогаш ќе постои тој дел од тебе кој ќе ти вели дека сеуште не е еднакво, дека твојата болка не е излечена. А, всушност, само ти можеш да ја излечиш. Погледни во раните, и согледај што е она што те боли. Дали тоа што постои некој таму надвор, што сега си се шета и ужива, и го дише воздухот што го дишеш и ти, додека твоите рани се уште отворени; или пак навистина раните се отворени и болката е толку неиздржлива што желбата за одмазда не можеш да ја потиснеш? Мислам дека тука е лекот. Ако поминало подолго време, одмаздата треба да ја најдеш во тоа што ќе бидеш независната прекрасна девојка, неповредлива, непобедлива... Лошите дела, особено оние за кои не се кае сторителот, се најчесто желба да се види другиот да пати. А ако не пати, тогаш како бумеранг грижата на совест се враќа, право кај сторителот... Не веруваш дека има правда? Рамнотежата секогаш постои. Родена си со не повеќе од ништо, ќе умреш со не повеќе од она што си го заслужила. Хомеостаза, правило на вселената. А, верувај, ни една личност не е вредна за твоето замарање, особено со лоши мисли, кои ти влијаат на оптимизмот и особените карактеристики што те обележуваат само тебе како личност. Немаше принципи? Имаш. Знаеш дека имаш. Што е со твојата самодисциплина? Демек, не можеш да се натераш да ги почитуваш? Па, каде е тогаш таа неповредлива девојка во тебе, што никој друг ја нема, таа единствена вредност на која другите и завидуваат? Постои, и сама знаеш. Само, победи го делот што тежнее да те изедначи со светот, зашто не си еднаква. Посебна си. Знаеш дека си. Верувај малку во себе. Остави ја одмаздата, не е вредна. Образот ти е премногу чист за да го валкаш со недолична прашина. Иако не си совршена, никој не е. Ама секој во себе го бара совршенството и тежнее кон него. Најди го и ти. Твоја цел не е да бидеш одмаздник. Целта ти е да ги совладаш препреките. А со делот од тебе што те тера да мислиш на недолични постапки за твојата единственост, нема да ги оствариш. Пронајди се, ќе успееш.
 
Баш тоа ми е проблемот. Некој слободно ќе ти го сјебе животов, онака поштено, без да дадеш никаков повод. Ти психички си за нигде. А на тој некој мува не го лази, кулира ужива, го дише истиот воздух што го дишам јас, по твое кажано. Тоа е тоа што не можам да го проголтам, и на кое што мислам секој ден, и нз дали ќе дојде време да заборавам. А и да му вратиш некако, после совест ќе те гризе, никако не си
 
Aј вака, размисли дека си во можност да направиш се што ќе ти падни напамет. Дека можиш да му вратиш на било кој начин. На кој начин би било тоа? Што би му направила? Размисли, па пиши...пиши па јас ќе ти одговорам после...
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Баш тоа ми е проблемот. Некој слободно ќе ти го сјебе животов, онака поштено, без да дадеш никаков повод. Ти психички си за нигде. А на тој некој мува не го лази, кулира ужива, го дише истиот воздух што го дишам јас, по твое кажано. Тоа е тоа што не можам да го проголтам, и на кое што мислам секој ден, и нз дали ќе дојде време да заборавам. А и да му вратиш некако, после совест ќе те гризе, никако не си
На него јасно дека никогаш нема да му простиш. Никој ни не го бара тоа од тебе. Треба да го најдеш тоа што на тебе ти треба. А тој и неговото патење не ти требаат, апсолутно. Во ред е да имаш нерасчистени сметки. Не си сфатила дека на светов има секакви луѓе? Па, има и такви што мозокот ќе ти го разорат, ќе те направат емоционален инвалид, ама они не мислат дека згрешиле нешто. Или може знаат дека згрешиле, ама птичката на нивното раменце, наречена совест изгледа не функционира. Ако си дел од светов мораш да се помириш со тоа. Не е твоја работа да се тупиш со луѓе што грешат и не гледаат дека го направиле тоа. Себични се, па што. Ти жива си после болката? Жива си. Ако си преживеала значи не било толку сериозно. Ако знаеш дека поминало време откако се случило тоа и ти функционираш, значи можеш да живееш со тоа. Само ти бираш дали ќе си ја тупиш главата и ќе му дозволиш на тој некој мочко да си го пуни егото со твојата болка, или ќе бидеш отпорна на неговиот паразитизам. Ако му вратиш, знај дека така ќе му дадеш до знаење дека те боли. А он тоа го чека. Паразит, што сакаш? Ако мислиш дека со некоја работа можеш да му одземеш нешто или да му предизвикаш болка... Тешко. Тој штом со своите грешки си живее како да не се случиле, апсолутно без каење, што мислиш дека можеш да му одземеш? Ако е паразит, што можеш да му одземеш за да го повредиш? Храната! Единствено така ќе му нанесеш болка. Ако твојата болка му е храна на неговото его, единствено тоа може да биде најголемата мака што можеш да му ја создадеш, а воедно и себе да си помогнеш. Не се мачи со болви повеќе, не вредат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom