B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
хммм... епа вака, честопати се палам, сеири си тераме, едно друго, и обично се случуе да кажам некоја шала на некого и тој сериозно ке ме сфати и се налути...
не се случувало еднаш па да е до другата личност, многу пати ми се случувало тоа.. па дајте помош...
Убаво си кажа Марсовче, јас би надополнила уште дека треба да внимаваш пред кого, колку и на кој начин се шалиш. Битно е да добро да ти го познаваат начинот на шалење и намерата за да не дојде до недоразбирања. Обично ептен можеш да се опуштиш пред луѓе кои добро те познаваат. Затоа јас превентивно пред да се нашалам со непознати или помалку познати нагласувам дека се шалам.
Не секогаш постапките, зборовите, намерите ни се препознаени од другите на начин на кој ние сме замислиле. Понекогаш точно ќе го протолкуваат она што сме сакале да го кажеме, но понекогаш и сосема во друга насока. Се` зависи од другиот, од неговата перцепција на нештата, од неговите сфаќања, искуства и сл. Затоа не со сите луѓе се однесува исто. Фино е тоа што ти сакаш да си константен и свој, ама мора да постои адаптација кон нештата, дури и при општа комуникација со луѓето.