Прва девојка во осмо.Бев прв во друштвото со девојка.Можев и пред тоа да имам две-три кои ми се додворуваа ама мислев дека тогаш седмо одделение сум мал за девојка.
Дочекав да созреам.При крај на осмо со девојче исто така осмо одделение,успеав да соберам храброст да и кажам дека ја сакам.Морав да ја чекам недела-две за да одлучи
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
.
После тоа веке е друга приказната.Почнаа некои од "другарите" мои да и се додворуваат.Тогаш видов кои ми се вистински другари.Двајца кои мислев дека ми беа другари,тотално ја загубија мојата почит и другарство.Прв бакнеж со неа,потоа на екскурзија три дена заедно нон-стоп преубаво.
Уште си ги чувам сликите дома од таа екскурзија.Колку многу ми љубомореа за неа,затоа што беше најубавата девојка во генерацијата.Потоа почнав да дознавам дека постари по 4години од мене и се додворуваат.Но упорно таа ги одбиваше.Ми даваше сигурност,мислев дека ке издржиме заедно подолго време.Дознаа и моите и нејзините,интересното беше што мој тетин и беше кум,нон-стоп ме зезаше "наместо два поклона за свадба ќе заштедам еден".Беше убаво,знам дека 90%од машките ми завидуваа.Но не знам што се случи и таа ми раскина,сосема неочекувано преку СМС,се чувствував изневерено.Успеав да ја убедам да поразговараме пак.Дознав дека многу луѓе почнале да се мешаат во врската.Успеавме да се вратиме на старото,но само за кратко.Инаку одевме 3месеци.
Потоа во различни училишта,но ја гледав скоро секој ден,останавме другари.