Дали е можно да мразиш некого што воопшто не го познаваш?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ме интересира што мислите : дали е возможно човек да мрази некој што воопшто не го познава лично?
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Или поминува некоја особа од градот, седат две другарки и едната и вика : Леле како ја мразам оваа, ама дигнато се однесува.

Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа?
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
ако зборуваме за познати личности, иако не ги знаеме лично сепак тие се нон стоп пред камери и според нивните постапки ние донесуваме суд за нив па понекогаш тој може и воопшто да не биде точен но сепак тоа е сликата која сме ја добиле и така и коментираме...

точно... омраза е многу јак збор но... ај кажи замена, поблаг збор во ваква ситуација...
 
На пример можеш да кажеш дека не ти се допаѓа, мислиш дека не е во ред што така се однесува, а не да кажеш дека ја мразиш таа личност.
Како прво, во весниците може и работите да се извртени, и ти врз основа на тоа да кажеш дека МРАЗИШ таа особа, која ја немаш ни запознаето, ниту пак ти има тебе згрешено, ми е многу нелогично.

Не зборам за тебе директно, општо зборам.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
На пример можеш да кажеш дека не ти се допаѓа, мислиш дека не е во ред што така се однесува, а не да кажеш дека ја мразиш таа личност.
Како прво, во весниците може и работите да се извртени, и ти врз основа на тоа да кажеш дека МРАЗИШ таа особа, која ја немаш ни запознаето, ниту пак ти има тебе згрешено, ми е многу нелогично.

Не зборам за тебе директно,општо зборам.
ама кога зборуваш за некој таков баш и не ти е гајле шо ќе кажиш бидејќи е позната личност, нема да те слушне, нема ни да се видите некогаш, нема да имаш прилика да го запознаеш, ништо не ти влијае од него и...
лесно е да кажеш...
кој бе, некст тајм... уххххххх колку ги мразам, неможам да ги поднесам..

иако воопшто не ги познаваш дечките (ги зедов само како пример...)

мене ми се има случено да имам ептеееееееен негативно мислење за таков човек, али откако сум се запознал ми се променило...

така да...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ама кога зборуваш за некој таков баш и не ти е гајле шо ќе кажиш бидејќи е позната личност, нема да те слушне, нема ни да се видите некогаш, нема да имаш прилика да го запознаеш, ништо не ти влијае од него и...
Е па тоа е тоа што ми е чудно. Не разбирам зашто мора да се употребуваат толку тешки зборови. Баш затоа што не го познаваш. Разбирам некој да каже дека не ја сака музиката на тој музичар или глумата на актерот или што и да е, ама да кажеш дека го мразиш затоа што е таков или онаков. Мислам малце ми е нон -сенс и некако мислам дека производ или на љубомора или на грешно користење на термини.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас за личности што не ги познавам лично, (а и што ги познавам сеедно) и кои не ги сакам, кажувам на глас колку ме нервираат, а понатаму зависи што епитет ќе им залепам од тоа што ме нервира кај нив. Ретко знам да се изреволтирам поради некого за лошо да се изразам, ама се случува, нормално. Во последно време узречица ми е "гнаса". Зборов ми е одвратен и почнав на шала со блиските да си го користам, па покрај тоа и во нервоза за сите останати. :kesa:
Значи можам да преречам се`, ама за да кажам дека мразам некого, тоа ретко се случува и не се сеќавам да сум рекла за некого што го не го познавам и не ме повредил.
Мислам дека тоа најчесто се кажува како погрешен термин, затоа што нема логика да се мрази некој што не се знае. Со цел да се исфрли негативното чувство што некој ни го предизвикува, знаеме да кажеме посуров збор, мислејќи дека така ќе си олесниме. А и си олеснуваме, барем јас си. Често во тешка нервоза ми олеснува ако сочно и на глас опцујам. Така е и со сите зборови, кои ваљда не треба секогаш да ги земаме здраво за готово. За тоа служат впрочем ... да си го исфрлиме од себе моменталниот гнев, па да си продолжиме да живееме посмирено. Ваљда ...:toe: :smir:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Добро, зошто?
Па нема причина, нели не ги познавам. Антипатични ми се, не можам да ги поднесам.

Врчак уште првиот пат ко простенка некоја од смрадотворбите на мама и тато бесгласно со прст во чмар, од кога неговата патетична појава рашири неподнослива одвратна реа. Носот не ми простува сеуште поради смрадот.

А Елвир уште кога првио пат затрола по малите екрани и го изваде тој крив одвратен асиметричен сурат со трул ферментиран габен израсток по средината, очите не ми простуваат за силовањето.

Доволно?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Честопати кај нас во човештвото постои една карактеристика да се омаловажува некого за да се поткрене своето его... Тоа на едноставен јазик се нарекувоа оговарање. Поради тоа оговарање се создава најчесто погрешна слика за човекот кој подоцна ќе стане омразен. Сега зависи од човекот (слушателот) колку е подложен на тие оговарања. Но сите сме подложни тоа е факт бидејќи секогаш секој некому верува. И така се прифаќа погрешна слика (или дел од слика) која ќе делува негативно кон градењето на сопственото мислење кон таа личност која подоцна поради нешто ќе ја мразиме.

Edit за Мац)) Токму оноа што требаше на крај да го додадам. Дека ваквото мразење е всушност мразење создадено од имагинарната слика кон личноста.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Па нема причина, нели не ги познавам. Антипатични ми се, не можам да ги поднесам.

Врчак уште првиот пат ко простенка некоја од смрадотворбите на мама и тато бесгласно со прст во чмар, од кога неговата патетична појава рашири неподнослива одвратна реа. Носот не ми простува сеуште поради смрадот.

А Елвир уште кога првио пат затрола по малите екрани и го изваде тој крив одвратен асиметричен сурат со трул ферментиран габен израсток по средината, очите не ми простуваат за силовањето.

Доволно?
За тебе единствен лек е да го изгледаш Shallow Hal.
И не еднаш,туку доволно пати за кога ќе се вратиш на темата да видиш дека Елвир не е глуп и одвратен заради носот,туку заради тоа што едноставно е глуп.
И одвратен и препотентен.
Од внатре.

Ај сеа на глеање пребаци се :wink:

А он на темата :

Не е можно да мразиш некој што не го знаеш.
Тогаш ти ја мразиш твојата субјективна перцепција која ја имаш замислено за него.

Едит :

Честопати кај нас во човештвото постои една карактеристика да се омаловажува некого за да се поткрене своето его... Тоа на едноставен јазик се нарекувоа оговарање. Поради тоа оговарање се создава најчесто погрешна слика за човекот кој подоцна ќе стане омразен. Сега зависи од човекот (слушателот) колку е подложен на тие оговарања. Но сите сме подложни тоа е факт бидејќи секогаш секој некому верува. И така се прифаќа погрешна слика (или дел од слика) која ќе делува негативно кон градењето на сопственото мислење кон таа личност која подоцна поради нешто ќе ја мразиме.
Тотално добро склопено,се мрази илузијата која си ја создаваме за човекот,а не самиот човек.
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Општо,ако збориме пример за јавните личности.Сите перцепираме различно.Има некои луѓе кои лесно подлегнуваат под влијанието од другите,а некои цврсто се држат за својот став и се само пасивни слушатели.Во денешното општество некој постојано омаловажува некој друг.Дали тоа се случува во јавноста,дали во приватниот живот.Сепак се случува.Можеби да,за да се зголеми егото на личноста,можеби и за да докаже колку тој ги познава другите околу него,колку ги познава дури и непознатите.Мудрите ќе ја препознаат оваа особина позната под синдромот:јас знам се за секого,знам каков е и што е,верувајте ми на мене.Секој кој е бар малку способен да ја познае желбата за фама,на другиот,е мудар.Мудар е оној кој ќе си остане на своето,без разлика какви гласови поминуваат секојдневно покрај него,дали тоа добри дали тоа лоши.Да остане рамнодушен и да застане цврсто зад својот став,не потпаѓајки под влијанието на другиот.
Многу луѓе денес добиваат погрешна слика за другиот.Такво е општеството.Така да,го заокружувам мојот одговор на темата под да,можно е.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Зборот мразам не го употребувам ама зборови од типот не можам да го поднесам, одвратен е, сељак и слично употребувам за лица кои се популарни а кои мене лично не ми се допаѓаат.
Тоа го разбирам како сосема нормална појава. Некои лица ги гледаме постојано на телевизија и иако не ги знаеме лично градиме некакво мислење за нив. Нормално е дека тие личности можеби не се баш такви како што се прикажуваат на телевизија,но сигурно не се ни сосема различни.
Врз основа на нивната појава, карактер што го прикажуваат, сето она што го добиваме од нив ние си создаваме една слика за нив и сосема е нормално тоа, не може рамнодушни да бидеме. Е сега некои ни се допаѓаат,а некои не ни се допаѓаат. Мислам дека не постои личност која ги сака сите ѕвезди. Сите имаме некои кои не ги сакаме, а кој збор за нив го употребуваме е индивидуално.
Некој ако ми каже пример дека ја мрази Парис Хилтон или Бритни ќе и речам добро твое право. Иако ништо не ни згрешиле лично тие популарни ѕвезди сепак прават толку грешни постапки да некои луѓе не можат органски да ги поднесат. Мене би ме зачудило ако некој ми рече дека ги сака, а за мразење ми е нормално. Таков лош пример се за младатата популација да е нормално да се мразат.
Иако точно дека зборот мразам е претежок поим за да се употреби и јас лично не го употребувам или многу ретко, но не ги осудувам лицата кои тој поим го употребуваат.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ме интересира што мислите : дали е возможно човек да мрази некој што воопшто не го познава лично?
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Или поминува некоја особа од градот, седат две другарки и едната и вика : Леле како ја мразам оваа, ама дигнато се однесува.

Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа?
Не е возможно!!! Мразењето е многу силен збор...И дефинитивно не би можела да го кажам толку лесно ни за некој кој го познавам а да не зборувам за луѓе од ТВ. Тоа често и јас го слушам и секогаш се однесувало на постапките на таа личност. За да се појави таа омраза и тоа мислење за некоја личност мислам дека највиновни се медиумите.Затоа што сите знаеме дека тие би направиле и измислиле било што само да им биде читано списанието.не дека кај нас постојат некои такви, туку зборувам општо за во светот. Или едноставно може да таа фраза се користи ако некому не му се допаѓа на пример стилот на музика или нешто сл со што се занимава таа личност или пак нешто др од приватниот живот. Да, се согласувам дека постојат многу случаи кога е во прашање љубомора, односно верувам дека е можно да е тоа причината, затоа што постојат секакви луѓе, и кога веќе не можат да ја надминат личноста во нешто, од својата љубомора би можеле да ја замразат личноста едноставно поради тоа што таа го има она што тој/таа го нема, а го посакува. Но сепак ќе кажам дека ова го мислам највеќе за случаи кога е во прашање личност од нашето окружување, а поретко од Тв, затоа што сепак тие луѓе во најголем дел и не ни се достапни воопшт за да би можеле да расудуваме за нив и нивното однесување, мислам дека сепак кон таквите тој став не е доволно објективен за да се смета како оправдан.:smir:
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Убаво кажаа Мац и Саладин... Ја мразиме, односно, не ни се свиѓа онаа слика која ние си ја замислуваме за нив...
Јас многу често го употребувам тој збор :) И не само за славни личности, туку за сите... Некои ги познавам па затоа така зборам, некои не... Ама ете, навика ми е :) Не дека стварно ги мразам :) Ама поради некоја причина не ги сакам и според тоа значи дека ги мразам :)
Тежок збор е да, ама не го кажувам со таа тежина така да... :)
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Го викам тоа "го мразам", а уствари не дека навистина го мразам пошо ако мене не ми има нишо згрешено, го велам во смисла антипатичен ми е и неможам да го гледам едноставно. Не значи дека мора да е лош, ама јас така гледам на работите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom