Државата за едни мајка, за други маќеа, а за трети ни едно од двете

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134

Владата ја исфрли Струмица од Буџетот

Дали Струмица е дел од Македонија, дали струмичани и' се потребни на државата само за полнење на Буџетот, без да им се врати дел од колачот, ја прашаа вчера Владата струмичките социјалдемократи.

Ваквата жална вистина, како што ја нарекоа, а во која парите на струмичани одат во Скопје и во други градови во земјата, само не во Струмица, тие ја поткрепија со факти.

„Агенцијата за млади и спорт на други општини им подели вкупно 71,5 милиони денари, а на Струмица нула денари. Од Фондот за води другите добија 124 милиони денари, а Струмица нула денари. Бирото за регионален развој на општините во Македонија им подели 156 милиони денари, а на Струмица не и' даде ни денар. Истото го направи и Министерството за локална самоуправа кое на „своите деца“ им подели 202 милиони денари, а Струмица како сирак доби нула денари. Од издвоените 45 милиони денари на Министерството за екологија се за други општини, а за Струмица има нула денари. Од Министерството за транспорт и врски, за општините предводени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се издвоени од 20 до 60 милиони денари, а за Струмица само 1,5 милион денари“.

Извор

Од вкупно околу 600 милиони денари расподелени средства по општините, владата на Репубика Македонија на општина Струмица и има доделено вкупно 0.00 денари.

Срамота !

Дали е ова дел од кампањата на ДПМНЕ за претстојните локални избори, во кои општините кои ја немаат "привилегијата" да имаат градоначалници од владејачката гарнитура, треба да се доведат пред колапс, за да потоа некој се јави како спасител на истите.

Затоа струмичанецу.

ТИ СИ МАКЕДОНИЈА !
Но само кога треба да да си го исполниш твојот дел од обврските спрема државата.
Владата мисли 24/7, како да те заебе.
Затоа отвори го срцето за следните кандидати за градоначалници од владејачката партија. Немој ни случајно на други да помислуваш.

Они можат и умеат, а и најдобро знаат.....како да те дупчат во здрав мозок без да осетиш.

ПРЕРОДБАТА ПРОДОЛЖУВА

Аирлија нека е.
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24

Изворов на информацијава штрчи исто како кога го читам вечер напати,така да незнам колку е ова вистинито.Но ако е сето ова вистина..тогаш може да се рече дека со ова само услуга му се прави на градоначалникот на Струмица и СДСМ за следните избори .
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Владата никако не ја исфрлила Струмица од Буџетот..туку само сака да не му се меша на многу способниот градоначалник да си ја спроведе сопствената програма..па потоа да не се жали дека ете некој друг на „негов„ терен му се меша..нешто слично на жалопојките за исчистените корита речни македонски ..а и канали за на/од воднување ..кои досега си беа зараснати во коров и бујна вегетација..од никого (досега) не исчистени.
Шетам секој ден крај кејот на Вардар..и милина ми е да кажам ова...НИКОЈПАТ досега не сум го видел почист Вардарот..ниту почисти стазите за шетање..иако ова е само почеток...сакам да кажам и момент за евидентно незагадување на се што досега се руинираше и гнасеше...
Значи ..кај нас само КАЗНИТЕ функционираат..и доказ за нивната стриктна примена нека биде и мојава овде кажана забелешка...
пс
А ако не може да направи се што наумил..треба да си (им) каже самиот на избирачите..пред и тие тоа самите тоа да го забележат...
:toe:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
а и изворот, утрински :kesa:
- Како прво отвору, изворот не е "Утрински", туку Утрински само ја пренесува прес конференцијата на општинската организација на социјалдемократскиот сојуз од Струмица.

- Како второ, освен од Утрински и од Дневник, информацијата не е пренесена ниту од еден од плејадата на "независни" медиуми кои ги имаме во државата.
Знаеш зошто ?
Затоа што најголем финансиер на "независните" медиуми, е токму владата.
И тоа токму со дел од парите од струмичани, кои на основа данок одат во буџетот на Република Македонија.
Конташ.
Има можност ова да го разбере твојот ограничен поглед на нештата ?

- Како трето, наместо да фатиш за фактот кој вели дека од вкупно околу 600 милиони денари расподелени средства по општините, владата на Репубика Македонија на општина Струмица и има доделено вкупно 0.00 денари, ти се фаќаш за баналности од типот кој напишал, како напишал и зошто напишал.
Епа напишал токму поради причината која што е наведена во насловот:
Државата за едни мајка, за дуги маќеа.....а третите кој ги шмиргла коа не знаат за кој гласат.
А пораката од сета ова работа е:
Изборите ближат....пазете во иднина за кого гласате!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Требало барем 100 денари да се издвојат за Струмица на која државни пари за развој не и требаат бидејќи стана првата Европски развиена општина можеби во цел Западен Балкан.Се прашувам која општина ќе биде следна,можеби некоја каде главни инвеститори се Струмички бизнисмени.:)

Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Струмица е најубавиот град во Македонија и според искуство можам да кажам дека може да се споредува со некои Европски метрополи.

Скопје и покрај тоа што имам причина да го сакам е ѓубретана невидена, без вреџање.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ај малку математика:

600 милиони денари поделено на 84 општини...тоа му доаѓа по 116 144 илјади евра по општина... Ова е една шеснаестина од буџетот на Општина Струмица.

Зоран Заев, во поминатите предизборија и општи пропагандни гласила на СДСМ, во секоја можна прилика се фалеше како општината со која тој раководи е најразвиена во Македонија, како буџетот бил полн, и дека Општина Струмица е најуспешна општина во Македонија. Незнам дали е така, но, ако е така, што ќе му се на Зоран Заев овие сто илјади евра, ако на неговата општина не и требаат?

Зошто тие средства да не се прераспределат низ општините кои ни приближно не се развиени како Струмица?

Ако Струмица е така успешна општина, како што сака Зајчето и СДСМ да ја претстават, тогаш треба и да се согласни дека средствата кои не и требаат, треба да се распределат на оние општини на кои им требаат тие средства. Така?

И каква потреба има локален штаб од СДСМ да се огласува за нешто што е вон било каква надлежност, а не се изјаснува општината?
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Требало барем 100 денари да се издвојат за Струмица на која државни пари за развој не и требаат бидејќи стана првата Европски развиена општина можеби во цел Западен Балкан.Се прашувам која општина ќе биде следна,можеби некоја каде главни инвеститори се Струмички бизнисмени.:)

Машко, и двете слики од Прилеп се...
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Ај малку математика:

600 милиони денари поделено на 84 општини...тоа му доаѓа по 116 144 илјади евра по општина... Ова е една шеснаестина од буџетот на Општина Струмица.

Зоран Заев, во поминатите предизборија и општи пропагандни гласила на СДСМ, во секоја можна прилика се фалеше како општината со која тој раководи е најразвиена во Македонија, како буџетот бил полн, и дека Општина Струмица е најуспешна општина во Македонија. Незнам дали е така, но, ако е така, што ќе му се на Зоран Заев овие сто илјади евра, ако на неговата општина не и требаат?

Зошто тие средства да не се прераспределат низ општините кои ни приближно не се развиени како Струмица?

Ако Струмица е така успешна општина, како што сака Зајчето и СДСМ да ја претстават, тогаш треба и да се согласни дека средствата кои не и требаат, треба да се распределат на оние општини на кои им требаат тие средства. Така?

И каква потреба има локален штаб од СДСМ да се огласува за нешто што е вон било каква надлежност, а не се изјаснува општината?
Прашањето не е што ќе му се туку што му следува на народот на Струмица, како што во твојата општина се инвестира во инфраструкутра со пари од даноците кои ги плаќаш ти и твоите сограѓани, така и Општина Струмица треба да добива дел од колачот бидејќи граѓаните на тој град плаќаат данок, а и многу често се на инспекторски рации кои затвораат и по сто дуќани на ден. Струмица ти е еден вид на успешна економска приказна, каде што се прави профит и обрт на пари.

Ок еве и во Ресен 0 денари се наменети за вакви работи, разбирам град со 10тина илјади жители како што некои сметаат кои се "пребогати" во ред., ама за Струмица каде што живеат 40тина илјади жители и плус голем број на жители од околните општини кои практично се дел од Струмица мислам дека тоа е срамота.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Прашањето не е што ќе му се туку што му следува на народот на Струмица, како што во твојата општина се инвестира во инфраструкутра со пари од даноците кои ги плаќаш ти и твоите сограѓани, така и Општина Струмица треба да добива дел од колачот бидејќи граѓаните на тој град плаќаат данок, а и многу често се на инспекторски рации кои затвораат и по сто дуќани на ден. Струмица ти е еден вид на успешна економска приказна, каде што се прави профит и обрт на пари.
Расбери прво на кого плаќаат даноци струмичките граѓани, па после реплицирај. Локална самоуправа...ако нешто ти значи :)
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Расбери прво на кого плаќаат даноци струмичките граѓани, па после реплицирај. Локална самоуправа...ако нешто ти значи :)
Се извинувам пријателе али 94% од вкупните даночни приходи одат во Буџетот на РМ, 6% одат во општините. Буџетот на Република Македонија го составува и распределува единствено Владата на РМ.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Се извинувам пријателе али 94% од вкупните даночни приходи одат во Буџетот на РМ, 6% одат во општините. Буџетот на Република Македонија го составува и распределува единствено Владата на РМ.
фирмарина за кого оди како данок?
запознаен ли си дека во опсштина ресен оформија општинско даночно одделение, дел од данок на имот оди во општина. ај утре на кафе со науме зајдичон ке се распрашам што поточно е под нивн надлежност па ќе ти кажам.
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
СРАМОТА! Jас сум од Струмица и ова е за жалење.Ако успеала Струмица да се развие до некое ниво,тоа е успех на општината на чело со градоначалникот. Па пари треба да има за сите бе.Па и Ресен е СДСМ град на некој начин и затоа и таму има 0 денари. Како ќе се мотивира понатамошниот развој ако не се дават пари!?
Значи, треба некој да биде неуспешен,врска да нема од ништо, за да добие дел од "колачот"!!
Aјде Струмичани,пак гласајте вие за преродбата,срам да ви е!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom