[zEUs]
Go England!! GO!!
- Член од
- 1 јули 2008
- Мислења
- 4.398
- Поени од реакции
- 535
Тетово повеќе од 17 часа живееше како во средниот век. Во екот на грејната сезона остана без струја, а тоа повлече поголемиот дел од градот да нема ниту вода.
Работниците од фирмите уште од утрото беа вратени дома, поголемиот дел од маркетите не работеа, а беа распродадени и последните залихи на свеќи и плински боци.
Струја дојде околу 12 часот, откако екипите на МЕПСО цела ноќ работеле на детектирање на дефектот. Портпаролот Никола Стојанов информира дека се работело за дефекти кои се појавиле на далноводите Вруток - Тетово и Скопје - Тетово. Според него, дотраените далноводи се причината за испадот на системот. МЕПСО бил спречен да го спроведе обновувањето на далноводот Вруток - Тетово.
Преоптоварувањето се случило поради стартот на грејната сезона, но и големиот број диво приклучени корисници на електрична енергија од овој регион.
Ноќта во Тетово мина без струја и вода, но мирно и без инциденти.
Исклучена е можноста да се работи за кражба на челичните столбови на далекуводите, кои кражби и онака често се случувале.
Од ЕВН информираа дека тие не добивале струја од далекуводите на МЕПСО, поради што не можеле и тие да дејствуваат во отстранувањето на дефектите.