No harm principle.
Прај шо сакаш да правиш, не загрозувај ја мојата слобода. Со сите мои блиски иам правено муабет за пороци и знаеме кој колку издржлив карактер е. Иаме праено муабет и за наркомани како завршувале, шо, како тема е доволно да се извлече поука и да се размислува зрело доколку се најдеш во ситуација кога треба да избереш. Моментот кога ќе ми побара пари за доза, иако најверојатно нема да каже дека му се за тоа, чао пријатно. Ако сака може и да умре, се навлекол, слаб карактер е природата го казнува. Live and let die. Моите не работат за неговите/нејзините дози, а и неговите/нејзините би се разочарале ако дознаат дека работат за дозите на син им/ќерка им.
Муабети со не се навлекува од еднаш, доаѓа или од тие шо се тешат или се заебале гадно и се навлекле тешко па сакаат да те заебат. Има и такви шо пробале и од љубопитност, секоја чест останале на тоа. Истите и да продужеле, сеедно нивна работа. Сум растел во маало со многу, некои ќе ги наречат клише случаеви, каде што од марихуана се идело на појако, па на појако, сега пљачкаат аптеки, а посебно ми беше смешно еден дрогаш коа се пофали дека највише пари имало у фризерниците:pos2::pos2:.
Најголемите џанаци викаат пиј пуши еби проститутки без кондом, ама само не се дрогирај. Истите признаваат дека почнале со марихуана, така што сите муабети за не бе шо ти е само на гане си и топ ти е, може у земја каде законите функционираат беспрекорно, каде е скоро невозможно да најдеш други видови дрога, каде државата предвидела ефективни установи за одвикнување ако претераш и на крајот земји каде што државата(зборам за Холандија мислам погодивте до сеа нали) и те како си и потребен, не за да бидеш којзнае шо, да копаш ровови бре за да не се поплавите некој ден и сите да ве снема(глупо звучи али Холандезите и на тоа мислат и на сите ни е познато дека последиците од глобалното затоплување они најмногу ќе ги осетат) .
Кај нас, ми се допаѓа овој нарко-капитализам, копилињата од дилери заработуваат грдни пари и не им чуе зашо некое детиште избрало да се дрогира,да проба за да не го заебаваат другарите, да биде хај, да му биде топ на журче... Пашкаш гане, пашнуеш еднаш уреду е, не се умира, могуче е истото друштво пак да те викне на таква собиранка, имаш попаметна работа али тоа најинтересно ти се чини, си викаш ај барем ќе биде смеење стопосто,уше сеа и нема више. Значи вторпат, третпат сам покажуваш иницијатива со муабет дај брат да искружиме едно двојче некад звони ми, ок, и така. Еве не третиот пат, секој нареден пат ти си во опасност да речеш дека сакаш нешо поинтересно од ова демек повесели да бидете и тука ти се отвара цел нов свет, кога веќе си изразил желба.
Да напоменам само познавам луѓе шо се стриктно на марихуана, ама многу ретко некој од нив да не е склон и на други видови дрога.