Дали титулата на човекот влијае врз вашето мислење за него?

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Дали тоа што на некои членови под никот им пишува „Модератор“ или “Администратор“ влијае врз вашето мислење за тој човек?
Дали тие членови имаат поголем авторитет врз вас отколку другите членови на форумов?
Што мислите дека би се случило,ако се направи експеримент админите да се регистрираат со други никови и да се однесуваат исто како кога се администратори,да пишуваат слични мислења?
Дали членовите би се однесувале исто спрема тие членови(не знаејќи кои се всушност) со почит или сепак би ги заругале заради нивните различни ставови?
Тоа е околу виртуелниот свет.
Што се однесува до реалноста:
Дали би се однесувале исто доколку некој човек мислите дека е (пример)обичен продавач,и доколку дознаете дека истиот тој е (пример) министер?

Значи дали титулата на човекот било во виртуалниот или во реалниот свет влијае врз вас,вашето однесување и вашето мислење за тој човек?
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
За виртуелниот свет: сум пишувал постови на потполно исто ниво, и како обичен член, и сега како модератор. Сметам дека од тие што сум ценет, сум исто ценет и така и така. Како обичен член, не ми било битно која титула ја пишува под корисничкото име, туку содржината на постот. Не дека многу сум влегувал во големи дебати со некого, меѓутоа, доколку некое мислење би ми сметало, мислам дека на ист начин би му одговорил и на обичен член, и на член на оние кои се грижат за форумот. Почитувам квалитетни мислења и од обични членови, исто колку и од модератори или администратори. Постот не зависи од титулата, туку од оној кој го пишува како личност.

За реалниот свет: Прво, на пример министер не е титула, туку функција. Е сега, доколку би зборувал со магистер/доктор на науки/академик, би се подзамислил дали ќе се однесувам исто како со некој кој е на мое ниво. Најверојатно би го оставил да си каже што тој мисли за одредена тема, би се подзамислил малку повеќе што би му одговорил, и дали би влегувал во дебата со него, или би го профатил неговото мислење, како посозреано - се разбира, доколку го оценам како такво.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
хаха... јас прво помислив на второто,ко почнав да читам си викам сосем друго било а уствари и за двете била темава...
види вака сеа...
на почеток ко ќе прочиташ, видиш, знајш дека е некој „нешто“ и има некоја „висока“ функција го гледаш со почит во секој случај и имаш некои поголеми очекувања од него
е сеа кога ќе имаш можност подобро да го запознаеш тогаш ќе можеш да го оформиш вистинското мислење за него и според тоа да се однесуваш со него (ако си во контакт ко на форумов) или пак да зборуваш со другите за него (јавни личности на пример)

значи во секој случај не дека не зависи, но тоа е повеќе кон очекувањата, а инаку сите сме исти, нели...
не треба да се тресам од некој бидејќи е нешто... јас сум барем 2 пати повеќе од него :pipi:

и така...
иначе армин е во право само шо мислам дека не е толку голем процентот сепак:smir:

п.с. се имам карано со мистичен и ејсид на темата бојкот за охрид бе :pipi: (ако некој е главен на форумов, тогаш тоа се тие...) значи...
Јее најјак сум... :pos::pos::pos:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Почитувам личност, но почитувам и функција. Почитувам, но не и стравопочитувам. Ако се погоди личност која ја почитувам ради нејзините достигнувања, размислувања, ставови, дела да е на одредена функција значи нештото треба максимално да се почитува.
Ако нема личност, а има функција тогаш имам минимална почит базирана на култура кон функцијата.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
За реалниот свет: Прво, на пример министер не е титула, туку функција. Е сега, доколку би зборувал со магистер/доктор на науки/академик, би се подзамислил дали ќе се однесувам исто како со некој кој е на мое ниво. Најверојатно би го оставил да си каже што тој мисли за одредена тема, би се подзамислил малку повеќе што би му одговорил, и дали би влегувал во дебата со него, или би го профатил неговото мислење, како посозреано - се разбира, доколку го оценам како такво.
за болдираното-не ми текнуваше како да го ословам затоа напишав титула.
како и да е, доколку не знаеш дека човекот со кого(да замислиме дека си во дебата) е магистер/доктор на науки/академик,и влезеш во некоја дебата со него,а после дознаваш кој е и што е човекот,дали пристапот кон него би ти се сменил?дали и понатака ќе се однесуваш како до тогаш(кажувајќи го своето мислење безразлика дали е сротивно на неговото) или би си помислил,тој е сепак магистер/доктор на науки/академик мора да е попаметен од мене,он е во право?
односно сега неговата функција(титула,како и да е) влијае врз тоа како се однесуваш кон него?

се надевам свати која ми е целта на муабетот:smir:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не трпам авторитети посебно ако имам различно мислење од нив.Не ме импресионираат туѓите титули и функции од било каков вид се обидувам сите да ги гледам во очи и да им дадам до знаење дека сум сериозен ако се работи за сериозна работа.Нормално ги ислушувам луѓето и го почитувам нивното мислење ама сепак ако е поразлично од моето секако си го задржувам својот став додека не ми го докажат спротивното.

за болдираното-не ми текнуваше како да го ословам затоа напишав титула.
како и да е, доколку не знаеш дека човекот со кого(да замислиме дека си во дебата) е магистер/доктор на науки/академик,и влезеш во некоја дебата со него,а после дознаваш кој е и што е човекот,дали пристапот кон него би ти се сменил?дали и понатака ќе се однесуваш како до тогаш(кажувајќи го своето мислење безразлика дали е сротивно на неговото) или би си помислил,тој е сепак магистер/доктор на науки/академик мора да е попаметен од мене,он е во право?
односно сега неговата функција(титула,како и да е) влијае врз тоа како се однесуваш кон него?

се надевам свати која ми е целта на муабетот:smir:
Не значи дека ако човек магистер доктор на науки или академик дека е попаметен од тебе туку само има повисоко звање и поголемо искуство во образовниот систем.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
На титули од типот на дипломиран инжињер,дипломиран економист,магистар доктор,политиколог им одавам исклучително почитување.
Зошто?
Па тие луѓе за да ги добиат титулите мораат да имаат завршено факултет, а да завршиш факултет мора да си исклучителна личност.
Високо образована личност колку тоа гордо звучи.
Јас немам завршено факултет и за тоа многу ми е криво бидејќи јас кога бев џак немав услови пошто бевме десет деца селанчиња од село, струјата еднофазна ни беше послаба од свеќа плус немаше пари за школување.
Мака ми е кога децата мои кога ги прашала учителката какво образование имаат вашите родители они рекле "Наставнички нашите родители се прости луѓе со средно се само".
Затоа денес на син ми му викам синко учи да завршиш факултет да станеш нешто во животот да бидеш директор со машна не обичен работник како мене.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Па да, можеме да речеме дека не ги гледаме луѓето по положбата во општеството, ама тоа би било лицемерно, бар од моја гледна точка.
Нормално ќе правам разлика меѓу луѓето, чисто со примеров меѓу продавачката и министерот, па да, прво министерот е поинтелегентен, попаметен, поснаодлив, поамбициозен, додека продавачкава едноставно не се снашла во животот, што не значи дека не е добра, фина или љубезна или дека не може да ми биде пријателка. Тоа е тоа.
 
Не мора да значи ако е министер дека е попаметен и поинтелигентен од продавачка. Има многу квалитетни луѓе кои од разно разни причини работат на пониски позиции. Исто како што има луѓе кои од разно разни причини седнуваат во министерски и слични на нив фотељи но не по сопствена заслуга, памет и образование.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Во приватен живот,без разлика што е човекот на функција,јас си имам едно мислење за него,моето однесување можда ќе биде поинакво малку,зависи што е човекот,не може да се однесувам со министер,исто како со другарка,со возрасен како со дете...но ако имам јас мислење за некого дека е ѓубре и ако ми стани тој претпоставен не можам да речам потоа дека тој е цвеќе,за мене тој е истиот..
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
за болдираното-не ми текнуваше како да го ословам затоа напишав титула.
како и да е, доколку не знаеш дека човекот со кого(да замислиме дека си во дебата) е магистер/доктор на науки/академик,и влезеш во некоја дебата со него,а после дознаваш кој е и што е човекот,дали пристапот кон него би ти се сменил?дали и понатака ќе се однесуваш како до тогаш(кажувајќи го своето мислење безразлика дали е сротивно на неговото) или би си помислил,тој е сепак магистер/доктор на науки/академик мора да е попаметен од мене,он е во право?
односно сега неговата функција(титула,како и да е) влијае врз тоа како се однесуваш кон него?

се надевам свати која ми е целта на муабетот:smir:
Доколку спротивната страна, одкога ќе ми појасни за неговата титула, ми даде пологично објаснување за неговиот став, поткрепено од факти на кои тој може да се ослони, а мене ми се непознати, тогаш ќе се повлечам и ќе се потрудам да го внесам неговиот став во мене и да го испроцесирам. Доколку истата страна е со повисока титула од мене, меѓутоа за актуелната дебата е компетентна приближно исто колку и јас, тогаш ќе продолжам да го бранам мојот став - дотолку повеќе што опонентот има повисока титула од мене - тогаш индиректно би му докажал дека моќта на неговото знаење е, на извесен начин, ограничена на неговата област, и дека за други теми, може слободно да се спушти на мое ниво.

И да, те сфатив која ти е целта на муабетов, само сакав да појаснам дека титула е нешто поразлично од функција...пред таквите функционери и министри...хипотетички...доколку би имал можност да застанам, да дебатирам и да бранам спротивен став од нивниот - тогаш ќе го ценам потполно исто колку што се ценам себеси.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
конкретно на форумов не ми менува апсолутно ништо, тоа што е некој модератор или администратор не го прави нисто повеке од другите или ништо посебно што би требало да се третира различно. Ни ке признаам дека ми влијае возраста, на пример кога ке прочитам некое мислење кое ми е смешно или глупаво и ке видам дека е напишано од некој кој има 15 години не брзам да го изругам туку сфакам дека е нормално на таа возраст така да се размислува (се надевам дека не навредив некој со ова):smir: а што се однесува до реалниот свет ги почитувам сите луге додека не ми дадат причина да не го правам тоа, но нормално дека не ги третирам сите исто како беше она if I treat everyone the same then I treat no one special. Но да сум злобна со некој бидејки е обичен продавач или екстра вниматенла со некој што е нешто повеке не ми се случило.. но нормално дека ке имам некоја восхит за оној кој е нешто многу повеке, далеку од тоа дека тој што според некоја скала е испод него ке го гледам ко да ми е испод чест но сепак нема да си кажам еј човеков.. а за некој доктор кој станал хирург и спасува животи.. кој си го посветил пола живот цела младост за да стане добар во тоа што е секако дека нема да го гледам исто како секој друг нормален човек и дека ке осекам поголема почиот и восхит спрема таа особа.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Па незнам можеби пред 20 тина години многу повеќе имало значење тоа , но денес поради фактот што лесно се купуваат дипломи и слично мислам дека не влијае толку многу.
Но сепак да го слушаш доктор на науки и некој со средно не е исто , колку толку има повисоко образование , подобар речник ,поинакви сфаќања и слично.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па незнам можеби пред 20 тина години многу повеќе имало значење тоа , но денес поради фактот што лесно се купуваат дипломи и слично мислам дека не влијае толку многу.
Но сепак да го слушаш доктор на науки и некој со средно не е исто , колку толку има повисоко образование , подобар речник ,поинакви сфаќања и слично.
Види докторот на науки си е доктор за науки за некоја одредена област не е сезнајко. Така да, да го слушаш да зборува за одредена тема за која што поим нема тоа ќе изгледа многу смешно.Додека пак човек со средно кој што има големо практично искуство на таа тема можи да направи докторот да изгледа како мало дете.А за речникот не мора да си доктор на науки за да имаш богат речник и самодоверба за да држиш говор пред други луѓе тоа се учи и се вежба.Познато ни е низ историјата дека имало многу големи поети и писатели кои што биле самоуки па ги напишале едни од најголемите класични дела.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
apsolutno ne, ima doktori na nauka ama ako ne se dobri to est korektni kon mene, dobri se samo za sebe a jas neam korist od toa, neka si se dobri za sebe, pa sekoj e dobar za sebe, stvarno voopsto ne mislam ako ima titula dr mr ili pak pratenik pretsedatel deka e nesto poumen, nema vrska, bas cesto sum videl kaj tie so tituli kako pri muabetot formata dominira nad sodrzinata i toa e stvarno bez veze, podobro da ima poenta toa sto go zbori otkolku da ima neznam kakva pretenciozna forma na izrazuvanje a poentata da mu bide nula.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom