Секоја зима се повеќе и повеќе мразам снег! Ме нервираат дури и луѓето шо паѓаат у несвест леле снег леле колку е убав!!!
Кога има снег е ладно, а јас сум премногу совесна за да не се грижам за многуте бездомници по улициве (годинава од студот починаа двајца).
Башка коа е ладно се трошат поише дрва за огрев = се сечат повеќе дрва.
Исто и топлификацијава карши моја зграда работи со полна пареа, па само беливе дробови и тие на комшииве знаат како ни е!
Да не зборувам за сметките за струја...
Кога ќе замрзне снегот по улициве е премногу лизгаво и ретки се тие среќници што никогаш не паднале и не скршиле ништо.
Планинските места се отсечени и изолирани од светот.Луѓето ако си немаат залихи на брашно тешко дека ќе јадат леб тие денови....
И после сево ова сигурни сте дека ГО ОБОЖАВАТЕ снегот?
ДА,јас барем ГО ОБОЖАВАМ СНЕГОТ!Белата боја делуват баш смирувачки и на расположение,остај то цело ѓубре шо сме го исфрлиле насекаде ние културните луѓе снегот го скри...барем на неколку дена,ама поефикасно од било која општинска/државна институција.
Мене ми е сеедно ако скршам рака/нога на снегот ,не ми е проблем.
За луѓето бездомници си во право,ама кажи дали си во состојба барем еден од нив да прибериш дома?
И ете после топењето ,ќе се наквасиме сите...ОК,ама не верувам дека сите имаме по еден пар чорапи
Оди некој пат на планина ,можда ќе смениш мислење