- Член од
- 8 декември 2007
- Мислења
- 254
- Поени од реакции
- 9
Бугарија и Македонија.
Гледам многу се зајадени помеѓу себе овие блиски народи. Блиски мислам и територијално а и културно. Сакале бегале или не тие ни се првите комшии а и ние на нив. Треба взаемно да се почитуваме како два посебни народи. Ако сакаме соживот,не треба на секој кажан збор да се навредуваме. Пред малку прочитав една изјава овде на форумот дека има најмалку 3милијони со македонско потекло во соседна Бугарија. Мораме да признаеме голема бројка. Нашите уште од турско се разбркувани низ својата земја, па после бугарско(не ослободително)време,србско...Брат на мојот дедо кого не го познавам е пребеган во соседна Бугарија поточно имам информации дека бил во Софија. Сигурно е и починат до сега,но,од неговите 5-6деца никој не се ни вратил ни се јавил. А од нив колку деца има сега само можиме да нагаѓаме. Дај да видиме колку од форумѓиите Македонци имаат свои по далечни родбини во оваа соседна земја. Освен Пиринско изгледа имаме стварно голем број на Македонци и подлабоко на територијата во соседна Бугарија.П.С распрашајте се кај вашите постари дедовци,тие сигурно знаат за некој подалечен роднина кој заминал во Бугарија.