Доколко немаме почитување за основоположникот на македонската литература за кого ќе имаме? Многу се фатиле за неговиот живот после протерувањето од Македонија, но треба да се погледне што правел Венко пред тоа.
Во својата автобиографија чии делови за прв пат пред некоја недела беа објавени во Фокус јасно стои дека тој се смета за Македонец. Всушност во најголемиот дел од биографијата тој се труди да докаже дека секогаш бил само Макеонец. Објаснува уште додека бил во Скопје како се спротиставува на Србите и ја брани макеоднската нација. Зборува и за расправите кои ги имал со студентите михајловисти по однос на макеоднската нација. Веќе се и излезени книгите ’Народни бигори’ и ’Огинот’. Значи прва книга на макеоднски јазик е напиша од негова рака. Колку што знам на пример Вапцаров пишуваше на бугарски, па не му пречи тоа на никого. Тешко дека некој од тие што подоцна го прогонува дека ќе може да се пофали со вакво предратно делување по однос на макеоднската нација. Лазо не ни знаеше да збори макеоднски, тој долго време ’причаше’. Потоа човекот станува макеоднски партизан, значи и тука се одложил кон Македонија. Венко е и во комисија за јазик... Постојат многу манипулации, на пример дека тој сакал да го бугаризира јазикот и писмото, што е смешно. Венко се борел само за зачувување на автохтоноста и не србизирање, како што било случајот со прифаќањето на караџицата.
Потоа нема никакво бугарско делување на Венко во Македонија. Но до судир доаѓа поради неговото не согласување како раководството ја води Македонија. Не е задоволен од односот Скопје-Белград. Влегува во нивната листа на непријатели, а тоа тешко се издржува. Гледаат да го уништат Венко. Му забрануваат престави, го затварот, го малтретираат него и семејството. Значи, тој кој што крене глава против Србите, се бореше и против Бугарите, дочека да биде повторно малтретиран и од земја за која што ги истрпил сите претходни страдања. Земјата за која што се бори му забива нож.
Сега ние можеме да зборуваме дали требало повеќе да издржи. Но, тоа од една страна и малку е лицемерно. Сите имаат некоја точка на кршење, дали неговата била поставена високо или ниско на скалата нема да судам, но факт е дека тој со сето тоа што го има направено заслужува почит. Што ќе остане од макеоднскиот јазик и литература ако ги избришеме основоположниците?
Тодор веќе го ’качил’ текстот за кој пишував...