Втора шанса

Член од
13 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
1
Заслужуваме ли сите втора шанса за што и да станува збор? Колку ваквиот начин на постапување го поитоветувате со фразата дека човечки е да се греши, па му давате секогаш втора шанса на другиот, или пак сметате дека за некои работи едноставно нема прошка? Дали можете да простите, но истовремено да не му овозможите нова шанса на оној кој ви згрешил, па макар не и намерно или целосно по сопствена вина? Колку мислите дека тоа е правилно, и воопшто дали е правилно да им се простува и на оние кои свесно не повредиле или пак поправилно е да се држиме до својот став и да не попуштаме само за да би избегнале и следниот пат да не ни се случи истото? Секако доколку има следен пат. Можно ли е кога некој ќе ја изневери вашата доверба да можете повторно да му дадете втора шанса и да верувате во него како претходно или пак ќе се подзамислите малку за следниот пат? Колку таа повратена доверба може да биде целосна? Мислите ли дека најчесто втората шанса ќе биде сфатена како што треба и прифатена со благодарност или пак е најчесто само искористена за да го потврди истиот случај по втор пат? Колку, од ваше искуство, луѓето знаат да ја ценат втората шанса? И воопшто, дали ја давате, кому и колку често? Дали тоа го правите само на луѓе кои ви се блиски или пак спротивно? Не ли мислите дека токму тие кога можеле еднаш би можеле и втор пат да ве повредат? Дали се чувствувате глупаво кога ќе ве изиграат или пак се обидувате и ги разбирате причините, доколку постојат? Дали можете слушајќи ја целата приказна да простите од се срце, а истовремено и искрено да им дадете втора шанса на оние кои сепак не биле фер кон вас? Колку тоа лошо искуство ќе влијае на вас во формирањето на мислењето за таа личност и дали воопшто ќе влијае, или пак ќе продолжите понатаму однесувајќи се како ништо да не се случило?
Лично мене, најискрено воопшто не ми е сеедно да знам дека некој, а посебно ако станува збор за блиска личност, ја изневерил мојата доверба, или едноставно на некој начин многу ме повредил. Втора шанса давам, но моето мислење за таа личност е многу променето во смисла на тоа дека не сум веќе опуштена со таа личност да и кажувам се затоа што едноставно не можам да бидам сигурна каде ќе завршат тие мои тајни или воопшто лични работи, секако мислам на некоја поблиска личност.. Се согласувам со тоа дека човечки е да се греши и дека секој човек заслужува втора шанса, но да, ја заслужува само да му биде дадена но од тоа како ќе се однесува подоцна спрема неа ќе зависи и квалитетот на истата..Почитувам луѓе кои згрешиле, намерно или случајно и повредиле некого или мене, но да знам дека се покајале или едноставно дека им е жал. Таквите луѓе, кои навистина ја заслужуваат таа втора шанса и истата знаат максимално да ја искористат во смисол да го поправат впечатокот за себе, тие заслужуваат и да си ја повратат веќе стекнатата па изгубена доверба. . .
Што мислите вие? Заслужуваат ли луѓето втора шанса па макар која и да им била грешката? Сепак, сите понекогаш грешиме...Колку вие сте барале и сте добиле втора шанса во животот? Дали тоа често ви се случува? Знаете ли и дали ги искористувате вторите шанси максимално или пак не ги сметате за нешто значајно?
Повелете:smir:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.374
Поени од реакции
25.132
Што мислите вие? Заслужуваат ли луѓето втора шанса па макар која и да им била грешката? Сепак, сите понекогаш грешиме...Колку вие сте барале и сте добиле втора шанса во животот? Дали тоа често ви се случува? Знаете ли и дали ги искористувате вторите шанси максимално или пак не ги сметате за нешто значајно?
Повелете:smir:
Грешката колку да е голема или мала е сепак многу релевантна. Мислам дека секој заслужува втора шанса. Ако не сум простил ни еднаш, тогаш и до мене е проблемот.
Јас во животов сум добивал многу втори шанси. Некои се добиени како резултат на неуспешно спроведените први.
Сепак, зависи и од личноста на која ќе му пружиш втора шанса, исто и од личноста од која бараш втора шанса.
 

Little Lady

Born To Be Wild
Член од
28 октомври 2008
Мислења
339
Поени од реакции
8
Па и јас ќе кажам зависи од грешката ама досега сум давала втори шанси на сите...само трагичното е што повеќето кога ќе добијат вотра очекуваат и трета, четврта...па си допуштаат пак грешки и тогаш зажалувам што сум дала и втора :toe:
а сум немала многу потреба од добивање на втора шанса..2 или 3 биле досега и тоа успешни :wink:
 

Eliza

EliXiR
Член од
10 ноември 2008
Мислења
129
Поени од реакции
3
Мислам дека несвесноста и погрешната информирмација се причина за човечките грешки...Втора шанса можеби....,сепак нели се зависи од големината на грешката,од последиците...,од чуствата кои само во тие моменти може човек да ги почуствува.....така да некогаш за некои грешки може да се опрости,а за некои не....Сум опростила...,ми опростиле...,неблагодарно е ако човек ги мери *нештата* по тежината на стореното ,по тежината на болката....ако веќе е опростено,тогаш е најдобро воопшто да не се спомнува(што не треба да значи да се заборави)
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Втора шанса давам ,особено ако се работи за блиски луѓе или кои мора да ги прифатам во своја средина.Од личен пример сум се уверила дека втората шанса има ефект само кај луѓе кои се свесни за стореното и искрено се покајале додека има категорија на луѓе кои никогаш "не грешат "и секогаш наоѓаат кривци за своите проблеми . Тие луѓе ќе ве повредат повторно и сигурно болката ќе биде поголема ,сум го искусила тоа но и покрај се давам трета шанса.Се обидувам да опростам ама никако да заборавам . Мене ми се дала втора шанса и мислам дека сум ја искористила позитивно,но пак ќе кажам свесна за грешката.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Хммм.Тешко давам втора шанса и тоа се случува само доколку особата искрено се покае за нешто што направила...За простување....Ќе простам...често тоа го правам,а тоа нема никаква врска со давање на втора шанса,затоа што не сакам да продолжам да имам никакви контакти со некој кој ја изневерил мојата доверба веќе еднаш...А за тоа колку човекот ја цени втората шанса...За тоа би кажала дека зависи од човек до човек,но сепак мнозинството е дека ако му дадеш еден прст на човек,тој ја сака цела рака,значи ако дадеш една шанса,нема да се поправат надевајќи се на уште една,па на уште една шанса...........
 

BlaCk FiRe

`Going NoWhere`
Член од
21 март 2008
Мислења
637
Поени од реакции
18
Што мислите вие? Заслужуваат ли луѓето втора шанса па макар која и да им била грешката? Сепак, сите понекогаш грешиме...Колку вие сте барале и сте добиле втора шанса во животот? Дали тоа често ви се случува? Знаете ли и дали ги искористувате вторите шанси максимално или пак не ги сметате за нешто значајно?
Повелете:smir:
Секогаш треба да бареме втора шанса во зависност колку ние сме погрешиле да се ставиме во негова ситуација и да видиме дали сме претерале или не ...
Исто така и простувам значи во зависност од тоа колку ми згрешиле ...

Но од друг аспек сите ние сите човечки суштества заслужуваме втора шанса бидејќи човекот секогаш греши нее машина... :)
Заради тоа ... :smir:
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Човечки е да се греши, затоа давам втора шанса, секогаш е можно да има некаков склоп на објективни причини кои довеле до таа "неверна" ситуација. Секако дека потоа будно ќе следам како човекот ја користи втората шанса, ако видам нешто сомително, отиде шансата... и крај на маубетот.
Но сепам, сметам дека втората е последна шанса, зошто третата би била правење будала од себе. Човечки е да се греши, човечки е да се простува...но се си има граници.

Искрено во последно време очекувам се од секого...веќе ништо не ви е неверојатно, после некои работи кои можеа да ми ги направат неколку блиски луѓе, нема да ме зачуди и некој близок да дојде и да ме упуца.
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
13
Поени од реакции
0
и покрај се давам трета шанса.
Она што се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи втор пат. Ама ако се случи втор пат, сигурно ќе има и трет...

Вреди да се даде втора шанса, ама зависи на кој и каква е ситуацијата. Не сите заслужуваат втора шанса.:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зависи и колку ми значи личноста и работата која ја направила. Најчесто опростувам и давам втора шанса, но сепак преку некои работи не можам да поминам и едноставно туку така да продолжам, особено ако тоа нешто премногу ме повредило. Не знам, вака на форум можам да пишам би дала/не би дала втора шанса, ама сепак треба да се најдам во некоја конкретна ситуација за да знам дали би дала втора шанса. Мислам дека најубаво е кога воопшто не би ни дошло до барање за втора шанса. Сепак, мислам некогаш се случува несвесно да повредиме некој што ни значи и во тој случај, да, мислам дека кога е ненамерно, заслужува уште една шанса. Но, стојам позади тоа дека преку некои работи не треба да се помине, особено ако се со намера направени.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
eh kamo da mozev da ja dobijam ne zgresiv nisto vo mojata vrska i ne dobiv vakva sansa ednostavno samo eden odgovor ne znam
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Давам втора шанса. Секој човек заслужува повторно да има можност да ја исправи грешката доколку искрено се покајал. Уствари не може да ја исправи, али барем ќе добие нова шанса малку да се поправи...Али сепак, ја има изгубено довербата на некој начин кај мене, така да би требало долго време да се докаже за повторно да ја стекне. Трета шанса не давам, се си има граници, не треба да се претерува.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Она што се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи втор пат. Ама ако се случи втор пат, сигурно ќе има и трет...

Вреди да се даде втора шанса, ама зависи на кој и каква е ситуацијата. Не сите заслужуваат втора шанса.:toe:
kolodes Анкица е најстариот член на овој форум, прашај ја колку години има, на нејзини години и јас би давала трета шанса, зошто нема што да се изгуби веќе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom