Креационизам наспроти еволуционизам

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако ти си атеист, како можеш да кажуваш дали некој е христијанин или не? Од една страна си атеист, а од друга стручњак за христијанство?
Религијата е ОБЈЕКТИВНА. Институционализирана е, има ритуали, догми и очекувања. Сите овие се ЈАСНО и ПРЕЦИЗНО запишани. Од нив НЕМА БЕГАЊЕ!

Ако некој се кажува јавно дека е верник и дека е активен член на некоја деноминација, тогаш од него СЕ ОЧЕКУВА да се покорува ни СИТЕ договорени и зацртани правила и процедури.

Доживувањето на религијата (religion) е субјективно и се нарекува вера (faith). Доколку е верата во согласност со религијата, тогаш имаш религиозен верник.

Све друго се викендаши!

Од една страна сум атеист, а од друга страна, да, сум поголем стручњак за христијанството од барем половина од верниците кои пишуваат тука. Да не сакаш да си ги мериме? ;)

--- надополнето ---

On topic:

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тука има МНОГУ забуни. Има луѓе кои викаат „Јас сум христијанин, ама НЕ ВЕРУВАМ дека Јахве е онаков каков што Библијата го опишува“ или „Верувам во рај/пекол (христијански) АМА не верувам дека Господ ја направил земјата за 6 дена.“

Ова е МНОГУ проблем. Ако е некој христијанин, не може да верува во еден дел, а да не верува во друг дел од учењето. Не може некој да вика христијанството е МИЛОСТ, ама и ГЕНОЦИД е ОК, пошто Јахве така побарал. Ме разбираш? Тој човек НЕ Е христијанин. Он може се фура дека е, ама, у ствари, он е еретик кој си создава своја, СУБЈЕКТИВНА религија.

Веројатноста за воскресение Е нула. Воскресението, во христијанството (не зборам за другите воскреснувања) е СОВРШЕНО ПРЕЦИЗНО опишано. Не е тоа метафора, не е клиничка смрт, не е нејасен феномен кој може вака или онака да се толкува. НЕ! Воскресението е многу пластично опишано: Исус УМРЕЛ, бил МРТОВ 3 (три) дена, станал од мртвите, се шетал по светот како човек од крв и месо, за потоа пред ОЧЕВИДЦИ да ИЗЛЕВИТИРА НА НЕБОТО КАЈ СВОЈОТ ТАТКО!!!

Ова, друже, е приказната која ја фура христијанството. За вакво нешто да се случи (еднаш, двапути или катаљон пути) веројатноста Е нула!!!
Aj toa za hristijanin dali e ok da se pretstavuva nekoj ili ne ako ne prifaka se od biblijata, ok. Togas ne mora da se narekuva hristijanin. A tuka me interesira i mislenje dali po tebe e pogresno i steti nekomu ako jas se narekuvam hristijanin a ogromen del od sfakanjata se bliski do nesto drugo?

Tuka za voskresenieto si greska malku. Voskresenie - definirano kako revitializiranje na zivotnite funkcii na edna licnost po X vreme NE E SO VEROJATNOST 0. Kje iznajdam vreme i kje ti dolovam deka ne e nevozmozen nastan toa, so prethodno definirano sto znacat zivotni funkcii, izolirani od predrasuda i subjektivizam, relativizirani vo eden deterministicki sistem vo koj postojat edinstveno uslovi za zivot i edna covecka edinka. Dobieniot resultat e sepak teorija bidejki ne moze da se izvlece zaklucokot deka ako vazi za edna edinka kje vazi za site edinki vo sistemot. No, i toa e dovolno iako kako teorija da se ostavi moznost za ponatamosni istrazuvanja.
(By the way kje se obidam da potrosam vreme i matematicki da dolovam deka postoenje na bog so odnapred defininirani covecki osobini koj bi ziveel X godini kade X e dovolno golemo da se narece besmrten e VEROJATNOST 0)

E sega toa sto SOVRSENO PRECIZNO e opisano od tebe i vo biblijata sose setanje kako da se stanalo do spienje i levitiranje, kako takvo ne mozam apsolutno da tvrdam dali e ili ne e vistina. Ednostavno ne go komentiram takviot prikaz na nastanite. Samo kje si razmisluvam glasno deka mozebi Isus nekako se nasol preku nekoj vremenski vrtlog od nekoe dalecno idno vreme vo toa dalecno minato i so mentalnata sposobnost od toa idno vreme, verojatno nemal problem da go stori toa sto go storil:salut:Isto kako i nekoj od nas so torba penicilin da se najde par vekovi unazad. Toa bi bilo ramno na bozestveno za toj period.
 
Ај да не ти го ускратам задоволството на математичкиот доказ - ќе почекам.

Секако, треба да имаш на ум дека зборуваме за ХРИСТИЈАНСКОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, нели? Мене не ме интересираат веројатности за клиничка смрт, логички ексурзии за метафизички патувања низ простор-времето или шпекулации за лингвистички аспекти на верата.

Зборуваме за Библијата, за приказната за воскресението и за ликот и делото на Исус каков што е прикажан во христијанството.

Фер?
 
Za ova prvo treba ja da potrosam vreme da vidam kako e Isus prikazan vo hristijanstvoto :helou:
Ok nema gajle, sfakam deka e izlisno da si igrame matematika i statistika tuka, bidejki nema da go razresi hristijanskoto voskresnuvanje.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Ларингијален нерв кај жирафите

Читав интересна статија вчера за ларингијалниот нерв и ме интересира што ќе кажат креационистите на форумот за ова, можеби и ќе падне интересна дискусија :)

Имено ларингијалниот нерв го поврзува мозокот со гркланот кој за пример кај луѓето иако овие два органа се во непосредна близина овој нерв оди до градите, се врзува со една од артериите и се враќа нагoре за да се поврзе со гркланот. Далеку поекстремен пример се жирафите, кај кои заобиколувањето е долго од 3 до 5 метра.

giraffelnerve.jpg sdadsa.jpg

Црвената линија го претставува тој нерв што е воедно показател дека тие постепено еволуирале како и сите други.

Доколку станува збор за дизајн тој сигурно не е интелигентен зошто ова е еднакво на дизајнирање на мост кој обиколува река наместо да оди преку неа.

Мислења?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Читав интересна статија вчера за ларингијалниот нерв и ме интересира што ќе кажат креационистите на форумот за ова, можеби и ќе падне интересна дискусија :)

Имено ларингијалниот нерв го поврзува мозокот со гркланот кој за пример кај луѓето иако овие два органа се во непосредна близина овој нерв оди до градите, се врзува со една од артериите и се враќа нагoре за да се поврзе со гркланот. Далеку поекстремен пример се жирафите, кај кои заобиколувањето е долго од 3 до 5 метра.

Прегледај го приврзокот 43383 Прегледај го приврзокот 43384

Црвената линија го претставува тој нерв што е воедно показател дека тие постепено еволуирале како и сите други.

Доколку станува збор за дизајн тој сигурно не е интелигентен зошто ова е еднакво на дизајнирање на мост кој обиколува река наместо да оди преку неа.

Мислења?
Лајк!
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.202
Поени од реакции
23.740
требаше само да ја ставиш сликата и од рибата како основа колку била кратка кај нив и како се зголемувала со текот на еволуцијата.ама и вака е добро
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Bunk, колку е смешно кога луѓето му наоѓаат ткн. „грешки“ во дизајнот на Бог, особено ако се знае дека:

- многу човечки дизајни се копија на природните (од Бог создадени) дизајни
- луѓето, иако толку паметни, се уште не можат да дизајнираат машини еквивалентни на човечки мозок, соколово око, ултра сонар на лилјак и сл.
- Општо е познато дека природното (од Бог дизајнирано) е подобро од вештачкото (дизајнирано од човек). Ова важи за речиси се: за природната храна, природните лекови, природните органи, природната околина и сл. Дури и еден најпрост орган како забот е подобар кога е природен, отколку вештачки заштрафен.
- Пред стотина години луѓето имаа листа од преку 100 бесполезни органи кај човекот (грешки во дизајнот), но како што напредуваше медицината таа листа рапидно почна да опаѓа и денес дури и крајниците и „слепото“ црево се сметаат за полезни и никој не ги вади освен при неизлечливи заболувања.

Очигледно интелектуалната гордост на човекот ја надмина и Вавилонската кула и се обидува да се издигне и над Бог и од високо да ги суди моралните постапки на Бог или пак, како во случајов, „несовршените“ дизајни на Бог.

Така што на ова прашање и на сите слични прашања би одговорил вака:
За милиони работи не знаеме зошто Бог ги дизајнирал вака или онака, но сепак функционираат. Ако мислиш дека си подобар дизајнер од Бог, бујрум дизајнирај подобар човек или подобра жирафа! :)
Поздрав!
 
Да те поправам, сеуште неможат да дизајнираат машини еквивалентни на човечки мозок иако има голем напредок во тоа поле. Соколово око одамна им успеа, има камери што можат да видат каква боја на очи имаш од километар.

П.С. Ми се свиѓа како го вметна бoг меѓу редови, лукаво лукаво :)
- Пред стотина години луѓето имаа листа од преку 100 бесполезни органи кај човекот (грешки во дизајнот), но како што напредуваше медицината таа листа рапидно почна да опаѓа и денес дури и крајниците и „слепото“ црево се сметаат за полезни и никој не ги вади освен при неизлечливи заболувања.

Очигледно интелектуалната гордост на човекот ја надмина и Вавилонската кула и се обидува да се издигне и над Бог и од високо да ги суди моралните постапки на Бог или пак, како во случајов, „несовршените“ дизајни на Бог.

Така што на ова прашање и на сите слични прашања би одговорил вака:
За милиони работи не знаеме зошто Бог ги дизајнирал вака или онака, но сепак функционираат. Ако мислиш дека си подобар дизајнер од Бог, бујрум дизајнирај подобар човек или подобра жирафа! :)
Поздрав!
Ларингијалниот нерв воопшто не е бесполезен туку е само непотребно долг и иде по непотребна полукружна патека. Ја виде сликата со жирафата која е најекстремен пример, гркланот и мозокот се во непосредна близина а нервот кружи цели 5 метра. А кај рибите овој нерв е прав па ти види. Плус како што кажав претходно: овој пример не докажува дека ние не сме дизнајнирани само докажува дека ако сме дизајнирани нашиот (сезнаен) дизајнер не бил баш... интелигентен.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Bunk, штом ти тврдиш дека му наоѓаш грешки на Бог во дизајнот на човекот, тогаш бујрум повели дизајнирај ти човек па да видиме која „машина“ подобро ќе работи :)
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Ја промаши дискусијава тотално, дискутираме еволуција овде.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ти прв го започна муабетот со наводните „грешки“ во дизајнот на човекот од страна на Интелигентниот Дизајнер. Јас само продолжив во твојата насока.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Не манипулирај, никаде не расправав за тоа кој е подобар дизајнер: човекот или богот од библијата туку едноставно потенцирав дека ова е доказ дека или сме настанале без дизајнер преку пат на еволуција или веќе ако сме дизајнирани, тој дизајнер е глупав.
 
Јас пак покажав дека ти не си компетентен, ниту имаш кредивилитет да даваш оценки за дизајнот на Дизајнерот со кој не можеш ни да се споредиш во дизајнерските способности.Ти можеш само да креваш раменици и да се чудиш зошто Бог го дизајнирал така како што го дизајнирал нервот, а да даваш оценки е малку повеќе од смешно, особено ако се земе дека ти не можеш ниту еден нерв да дизајнираш, а камо ли пак цел нервен систем и цел човек.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ау што читам очи ме печат... Како воопшто може да се прават вакви нелогични споредби. Бог е супер херојот, со натприродни моќи, способен се да среди со еден чекор. Човекот е обичен смртник, му треба време за да разбере како нештата функионират, па потоа се обидува да направи корекции или нивно подобрување. Му требаа милион години да почне да го открива универзумот и исто толку години да се одлепи од верувањето дека е неспособен сам да ги средува работите и да се клања на фиктивни ликови кои ја имаат таа способност. Како може да се очекува човекот во секое време да дизајнира се што Библијата тврди дека е дизајнирано од Бог... Човекот е реален, постои. Секој може да го опсервира и физички да го почувствува. Нема натприродни моќи и низ целиот свој еволутивен напредок УЧИ како да го подобри својот живот.

Кога сме веќе кај тоа зошто човекот не го направи тоа што го напавил Бог, зошто не претвара од вода вино, смирува бури, спасува цело животинско царство и слично, како би се објаснила појавата на ензимот најлоназа кај бактерии и тоа не во времето на креацијата (гледано од Библијата), туку пред стотина години (заедно со историскиот почеток на пластиката). Знаеме од креационистичка гледна точка живиот свет е таков од моментот на креација, па до денес. Најлоназата ја немало во тој момент, како тоа денес ја има? Како тоа бактеријата доживеала промена а Бог не знае за тоа!?

Станува збор за бактерија од родот flavobacterium, вид K172. Била откриена од јапонски генетичар Сусуму Охно во истечните води на фабрика за најлон. Поради слабиот прилив на хранливи материи, бактериите еволуирале посебен ензим кој врши дигестија на најлонот! Знаеме дека најлонот никој не може да го преработи во својот организам, но ете бактерииве ја развиле таа способност. Објаснување генетиката дава со frameshift мутација и дупликација на ген, што воедно е и поткрепа на еволуциската наука. Како креационистичката теорија одговара на ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom